Ги прочитав 50-те „најважни ветувања“ на СДСМ и прво што забележав е дека владејачката партија воопшто не ветува дека ќе се бори против корупцијата.
Толку ли се искрени од СДСМ - не ветуваат намалување на корупцијата затоа што немаат намера ни да исполнат такво ветување?
Ќе ми каже ли некој како без искоренување на корупцијата ќе успеат да ги исполнат болдираните ветувања „Започнување и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ“ и „Македонија членка на НАТО“?
И врапчињата на покривите знаат дека после толку скандали („Ел-Масри“, „Бачило“, шверцот со цигари...) Македонија има само теоретски шанси да ги започне, но нема никакви шанси и успешно да ги заврши преговорите за членство во ЕУ до 2010 година.
Наместо да вети борба против корупцијата, наместо да вети демократизација, владеење на правото и почитување на човековите права, владејачката партија излегува со популистички ветувања кон неколку целни групи гласачи: „Раст на пензиите 10%“, „Зголемување на платите во администрацијата и безбедносните сили за 12 %“, „Бесплатни учебници и здравствена заштита за децата од семејствата кои примаат социјална помош“, „Интегрирање на 60.000 земјоделски семејства во пензискиот систем...
Каков заклучок ви се наметнува кога во 50-те најважни ветувања на СДСМ нема да прочитате ни Д од демократизација, ни Ч од човекови права; кога ќе сфатите дека воопшто нема никакво споменување на трите наши најголеми проблеми - сиромаштијата, невработеноста и корупцијата?
Политичките аутисти од СДСМ очигледно не живеат во истата земја во која живееме и ние. Тие си живеат во нивното потемкиново „Водно“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
8 коментари:
Тажно. 50 најтажни ветувања. За нас, нив кур им чуе
мене не ми се веруваше..
уште, на ова додај ги и 50-те достигнувања..
Мене знаеш што ми е најиндикативно со СДСМ?
-Секогаш манипулирале со пензионерите.
Откако знам за нивните владеења, ветувања и одржувања на власт, тие 10 или понекогаш 8% зголемување на пензии им sе онака првi на дневен ред.
Да не се свесни случајно дека кај нас само лесно заблуделните пензионери гласаат, а младината си чепка нос и се фура: као демек не е ин да се гласа?
Чаре?
„...Ќе ми каже ли некој како без искоренување на корупцијата ќе успеат да ги исполнат болдираните ветувања „Започнување и успешно завршување на преговорите за членство во ЕУ“ и „Македонија членка на НАТО“?...“
А кој вели дека ако нешто се вети треба и да се исполни?! Тоа е особина на чесните и достоинствени луѓе, а овие, верувај, не се од таа сорта. Затоа што се растеретени од прашањето за исполнителност, си ветуваат се и сешто! ;)
У секој случај, одговорноста е во проценувачките способности на изборниот електорат. И неговата подложност на заведување и манипулирање.
Дорис Пак, ако не се лажам, пред некој ден порачуваше дека и граѓаните треба повеќе да ги притискаат своите политички претставници, за побргу да ги исполнат критериумите за членство во ЕУ.
Ако направиме истражување колку граѓаните ги знаат критериумите на ЕУ, можеме да дојдеме до заклучок дека денешните политичари профитираат од незнаењето на граѓаните кои не знаат да се снајдат во демократски амбиент.
Една од работите што ни недостигаат се силни граѓански групи на притисок кои ќе се обединуваат врз лични и непартиски интереси.
Накусо, граѓанскиот сектор ни е карикатура.
Ако СДСМ донесе демократизација на државата, ако создаде услови за реализирање на човековите права, ако ги искорени трите наши најголеми проблеми - сиромаштијата, невработеноста и корупцијата и што е најважно, ако ги реализира предизборните ветувања, тоа ќе биде политичка смрт за сегашната СДСовска гарнитура којашто владее исклучиво врз онсова на сеење на страв и заплашувања.
А за граѓанскиот, (не?)владиниот сектор, новинарите, артистите, комедијантите, пејач(к)ите се знае, тие се општествено-политички работници одговрни за „освестување“ на широките народни маси:)
Cool guestbook, interesting information... Keep it UP
adult+seborrhoeic+eczema Living with eczema Jennifer convertible sofas baltimore md Cortisone injection eczema side effects Antique huntsinger spring rocking chairs Chamomile tea bath eczema colorado land rover dealer zyrtec side effect work from home outsourcing inbound call center Brown bunny oral sex Hotel le pre saint-michel
Објави коментар