„- Не гледам крупни грешки, туку крупни резултати, вели Митрева запрашана за тоа зошто не се остварија првичните најави на Владата за полноправно членство во НАТО во 2006 година.“ (Митрева: Во изминатите четири години Македонија постигна извонредни резултати на надворешен план)
Да видиме во што се состојат „крупните резултати“ на Владата:
„Со почетокот на преговорите за членство во ЕУ, како што посочи во 2007 година, се очекува да почнат и разговорите за целосна либерализација на визниот режим, што според неа би требало да профункционира најдоцна до почетокот на 2008 година.“
Почитувана министерке!
Какви се тие „постигнати извонредни резултати“ во некое идно време?
Кога зборувате за постигнати „резултати“ очекуваме да упатувате на сегашноста или минатото, а не на иднината.
За какви „крупни резултати“ зборувате кога не ги отпочнавте ниту преговорите за членство во ЕУ, кога не овозможивте ниту целосна либерализација на визниот режим, ниту полноправно членство во НАТО?
„Крупни резултати“ со ситни лаги не се постигнуваат.
Под итно да си го смените диоптерот на „розевите очила“.
Ако нашата тотално партизирана и непрофесионална дипломатија не правела „крупни грешки“, барем една од крупните цели за кои зборувате ќе беше остварена.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
господ е со нас..
А бе, ај за нас не е страшно - господ е со нас, велиш...
Ами, шо да праат атеистите??! Препуштени сами на себе....и на Илинка и Бучко...
Си биле браќа близнаци, едниот непоравлив песимист, другиот непоправлив оптимист.
На родителите им прекипело едниот секогаш во се да гледа грдо, а другиот убаво, па решиле на песимистот да му ги купат најубавите можни играчки за нова година, а на другиот собата му ја наполниле со коњски измет.
Прво поминале да видат како реагира песимистот. „Зошто липаш“, го прашале. - „Е, сега, ем сите другарчиња ќе ми завидуваат, ем стално ќе ми требаат нови батерии, ем ќе ми биде многу жал кога ќе ми се скрши некоја играчка.“
Се откажале од непоправливиот песимист, и си рекле ај да видиме што станува со другото дете.
Другото дете среќно танцувало и се радувало во собата полна со лепешки. „А бе зошто си толку среќен?“ - го прашале зачудено.
- Некаде тука мора да има „пони“, задоволно рекло детето!
Наградно прашање: Што станало во животот второто дете кога пораснало?
Excellent, love it!
carival cruise lines online pda
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. Seat cover motorcycle Gmc parts dealer in va
Објави коментар