Упатство од ДИК кое може да им биде од помош на оние кои (наспроти сите партиски разубедувања) сепак сакаат да гласаат, а не се задоволни од изборот на понудените кандидати:
„Гласачкото ливче е неважечко доколку не е пополнето на начин предвиден со Изборниот законик, ако е прецртано делумно или целосно, ако се заокружени повеќе листи на кандидати, ако бројот на гласачкото ливче не е соодветен на бројот на гласачкото место каде се гласа, или ако гласачкото ливче нема печат на предната и задната страна.“
Ако сакате да направите скандал, пред да гласате ракувајте се со некој/а што претходно гласал/а.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
10 коментари:
:)
Е,ова е баш гласање против сите - па и против себе!
Со трансформација на гласачкото ливче во неважечко(со простапката која ја предлагаш)не гласаш против партиите, туку им помагаш.Го зголемуваш % на излезеност и со тоа ги правиш изборите регуларни, дури и кога партиите немаат доволно подршка за тоа. ;)
Затоа или излези и гласај за оној кој мислиш дека може да стори нешто на подобро, или апстинирај.Вторава опција не ја предлагам, оти манифестира незаинтересираност за состојбите у Македонија и апатија за државното уредување.
Ама,сепак, секој со својот избор. Но, посочениов е нож со две острици - ем си гласал, ем си се заебал самиот :-P
Дополнување...
Значи, со спроведување на предложениов метод за гласање, изборите кај нас ќе ги решат партиските членови (оти они си гласаат уредно, определено и без грешка), а незадоволните им помагаат нивните гласови да се уважат пополнувајќи ја квотата од над 51% излезеност (оти се бројат и неважечките ливчиња).
...или некој друг ќе го искористи твоето ливче
"ем си гласал, ем си се заебал самиот" ???
А што, оние што не гласале, и оние што гласале со важечко ливче не се заебале?
Зошто да апстинирам кога сакам да си го искористам правото на глас?
Како што и самата викаш, неважечките ливчиња сепак се бројат.
На крај, логично следува дека ако гласаш против сите, тогаш гласаш и против себе. :)
Така велам затоа што гласањето при кое се поништува ливчето би требало да биде израз на незадоволство од понудените кандидати, а од друга страна - со самото тоа им помагаш на истите да добијат цензус за регуларни избори! ;)
Тука пишував и ја на истава проблематика од сосем друг аспект :)
oksimoron, на парламентарните избори нема цензус од 51% за да бидат успешни. Така што сеедно е дали апстинираш или пушташ неважечко ливче :)
А, секој избор со излезеност помала од 51% нема морални ни етички права да одлучува (и расправа меѓу себе) за состав кој ќе ја претставува државата.
Законите се пишат и се бришат, уставот ни се менува како билтен за берзански состојби, но има некои востановени правила кои даваат морална тежина.
Во право е оксиморон. Или излези и гласај како што мислиш дека е најдобро, или воопшто не излегувај.
На крај на краиштата, големиот број на неважечки ливчиња може да оддаде впечаток во европската јавност дека македонците се неписмени и не ги познаваат правилата за изборниот процес и начинот на гласање.
"Или излези и гласај како што мислиш дека е најдобро, или воопшто не излегувај."
Малку сум изморен од лажни дилеми.
Додуша малку и се покајав за тоа што го објавив постов, оти не знаев дека има слична иницијатива - т.н. писмо „жолт картон“ на „интелектуалци“.
Како и да е, упатството на ДИК може да се чита и како давање насоки како да произведете неважечко гласачко ливче.
И тоа е дел од изборот.
Зошто зборот интелектуалци од претходниов пост е ставен во наводници? Имаш нешто против составот на (п)отпишаните? :)
Јас имам рецимо, само ме интересираше дали наводнициве добро сум ги сфатила...
добро си ги сфатила. (секоја чест на исклучоците)
Објави коментар