Треба да дојде светското фудбалско првенство за да сфатиме дека играта е еден од основните феномени на човековото постоење.
Бездруго, човекот е и Homo Ludens - човек како „играч“.
Во чест на играта, а како протест на медиумската доминација на фудбалот, започнувам со нов серијал на постови за моите омилени игри.
Првиот пост го посветувам на најкомплексната и најсофистицирана игра со карти - Бриџот, која претставува надоградување на вистот, и која нема никаква врска со играта која кај нас се нарекува „бриџ“, а која е всушност варијанта на реми.
Бриџ клубот Скопје не потсетува на Сомерсет Мом кој бриџот го нарекол "најсериозна забава на светот" и "љубовница за цел живот" што ќе ни остане единствена радост и утеха, откако со стареењето ќе престанат да не интересираат спротивниот пол, пијалокот и добрата храна. Не му верувајте, бриџерите никогаш не престануваат да се интересираат секс, пиење и добра храна.
Денес Бриџот се игра главно како турнирска игра, за која што мора да имате добар партнер, и развиен систем на лицитација/комуникација и одигрување.
Правилата за бриџ можете да ги научите ако преземете неколку текстови за почетници од тука. Ако потрошите едно лето за учење на основните правила на играта и за посебниот јазик за лицитирање и комуницирање, ќе си обезбедите неверојатна интелектуална забава во остатокот од вашиот живот.
За разлика од шахистите, бриџерите немаат страв од компјутери. Дури и „титанот на компјутерската револуција“, бриџ-зависникот Бил Гејтс потврди дека машините сеуште не можат да ги победат луѓето во оваа стратегиска игра.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
-"љубовница за цел живот" што ќе ни остане единствена радост и утеха, откако со стареењето ќе престанат да не интересираат спротивниот пол, пијалокот и добрата храна-
Зошто само спротивниот пол? Хомосексуалците да не не играат бриџ? Кои тоа нас? Вас мажите?
:)
Апсолутно си во право.
Цитатот што го избрале во клубот е хетеросексистички.
Дотолку повеќе што бриџот во одредени кругови се смета за „женска“ игра.
Демек, додека неинтелигентните мажи одат на неделна партија „покер“, интелигентните жени одат на партија бриџ.
ја играм и покер и бриџ. у кои спаѓам?
:)
а уствари канаста нај поштуем. :)
Навистина играш "contract bridge"?
Или хипотетички прашуваш?
Досега не сум сретнал некој/а бриџер/ка да се фали како добро игра покер :)
Но, ништо не е невозможно...
Објави коментар