Еве што вели Антонио Милошоски, во текстот „Америка, Европа, Иран и ние“:
"Америка можеби може да биде набедена за изигрување светски полицаец или суперсила која пречесто ги покажува мускулите, но не може да биде обвинета за недемократија."
Може ли некоја држава да се нарече „демократска“ ако систематски ги прекршува човековите права? (види САД и човековите права)
Што има заедничко „извезувањето“ на демократија со „ослободувањето“ на нафтените полиња во Ирак?
Дали и „крстоносната“ војна против „џихадистичките терористи“ и „оските на злото“ е дел од новиот бран на „демократизација“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
9 коментари:
Демократијата не е математичка теорема, па да се каже дали е точна или не, on или off, да или не. Многу е тешко да се класифицира една држава како демократска или не. Точно е дека САД имаат безброј примери на кршење на човековите права, god-like однесување на меѓународна сцена, ама пак тоа е повеќе или помалку нормално однесување на светски лидер на кој малку која друга држава може да му се замери. Историјата го има ова забележано во сите периоди на човековото постоење, и е интристички вклучено во нашиот начин на размислување.
„Демократијата не е математичка теорема“ - ок, се согласувам, во принцип.
Ама некогаш е многу полесно да дојдеш до заклучок дека некоја не е демократска, особено ако гази по некои од основните демократски принципи.
А тоа за „повеќе или помалку нормално однесување на светски лидер“, тоа се прикаски за мали деца - кога ќе го ставиш мозокот на пасење, веќе не ти требаат аргументи. :)
За демократијата на Америка, само еден збор: Гвантанамо.
А во кој систем на вредности одлучуваме што е демократско што не е Жарко? Со други зборови, во однос на кого и што ги мериме постапките на америка? По теоретските записи за човекови права или по практичните постапки на нејзините ривали/потчинети? Од одговорот на ова многу што зависи.
Што има заедничко „извезувањето“ на демократија со „ослободувањето“ на нафтените полиња во Ирак?
Не се замарај со УСАшите и нивната пропаганда. Види го овај 301 МБ документарец и нема да има потреба да ја преиспитуваш нивната "демократија": http://video.google.com/videoplay?docid=-8260059923762628848&q=Loose+Change
Само продолжи како до сега со покривање на домашните теми ;)
Данко - САД во својот, тоа е многу очигледно и лесно да се разбере. Прашањето е што е за нас демократија и како ние ја разбираме. Јас имам впечаток дека не сме баш сигурни што е тоа што го очекуваме и како го интерпретираме тој термин, па се губиме самите во своите дупли стандарди - бетер од американците.
Процедурално - ако за нешто кажеш дека е теорема, тогаш треба да ја докажеш. Без доказ, теоремата не вреди ништо.
best regards, nice info » »
Enjoyed a lot! Normal size of penis
Објави коментар