Многу ми боде в очи слоганот на ДОМ „Да се остане човек“.
Слоганот сугерира идеи што не се во согласност со концептот на човекови права, иако ДОМ вели дека се бори за човековите права на маргиналните групи.
Не можеш да престанеш да бидеш човек, според принципите на човековите права, се додека си жив. Слоганот „Да се остане човек“ може да биде компатибилен со концептот на човековите права само во смисла „Да се остане жив“! Но, со слоганот на ДОМ се сугерира сосем поинаква порака.
Ако постои можност да не се остане човек, тоа значи дека човек може да ја загуби човечноста, дека може да престане да биде човек. Тоа значи дека оној што не останал човек можеме и да не го третираме како човек. Според концептот на човековите права, станува збор за неотуѓиви права кои не можат да му се одземат никому, без разлика што сторил/а, и без разлика дали ние го/ја сметаме за човек или не.
Независно од тоа дали ваквата идеја црпи инспирација од приказната за Диоген Циникот (кој сред бел ден со запалена лампа барал „човек“ по улиците на Атина), таа е неспоива со современите поимања на тоа што значи да се биде, и да се остане човек. И крволочниот сериски убиец е човек, без оглед на тоа колку поборниците на смртната казна сакаат да го претворат во не-човек.
Што би рекол еден наш поранешен пријател, „Ништо човечко не ми е туѓо“!
Ниту настојувањето некои луѓе да ги третираат другите како не-луѓе, врз основа на некои сомнителни хуманистички идеи кои мирисаат на свирепост.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
(политичките партии на страна) сосем е точно дека човекот неможе да престане да биде човек (па под тој изговор да биде третиран поинаку), но исто така факт е дека човек може да постапува нечовечно, па дури и полошо, да прави работи што ниту ѕверовите не ги прават, а за жал, тоа во некои општествени уредувања да биде третирано како нормалност.
значи нечовечноста или човечноста може да се однесува само на постапките, а не и на природата на човекот.
некои луѓе се повредни за да живеат од другите..без размислување би убил 10 просечни, за да спасам некој гениј
Cool blog, interesting information... Keep it UP » »
Looking for information and found it at this great site... Family scholarships Szoloft and wellbutrin alford florida aston martin cars for sale Pay go wireless cell phones acheter xenical paris hilton 3gp Florida seals hockey Computer lexus gs300 cheap auto insurance Atlantic lotteries
Објави коментар