Ударниот текст на денешно „Неделно време“ – „Кучки“ или совест на јавноста – е прекрасен пример за тоа дека сексизмите не се својствени само за машката популација.
Еве што укажува авторката Мери Јордановска за петте професорки, хероини во нејзиниот текст - „машки чекорат низ светот на јавниот ангажман“; „овие жени без влакна на јазик, машки се држат во сите дискусии што се држат во јавноста“; „машки се држи на политичката сцена и во јавноста“ (за Каракамишева); „машки се бори со судските лавиринти“ (за Најчевска).
Погледнете го само овој бисер: „Николовска е вистински доказ дека русокосите жени знаат да бидат и вистински интелектуалки.“ И веднаш потоа, наместо примери кои ќе посведочат за нејзината интелектуална супериорност, читаме „Секогаш е дотерана и нашминкана, оддава грациозност, острина, достоинственост и самоувереност.“
И која е поуката: можете да успеете на политички план само ако се „држите машки“ и ако се „борите машки“ (како што велеа нашите коментатори за ракометарките на „Кометал“)?
Се надевам дека во следниот број на „Неделно време“ ќе читаме и текст за неколкумина познати професори кои „женски“ се држат и борат во јавноста, и кои се секогаш дотерани, нашминкани и грациозни.
Предлагам наслов - „Свињи“ или совест на јавноста!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
:)))))))))))))))))
Кога пишев јас за ова, ти кусур ми фаќаше :-P
Ме иритира изразот „машки“ кога се мисли на „силни“ или „цврсти“. Самите жени кои го користат овој „синоним“ за карактерна особеносот , се ставаат себе си во подредена положба.
Јас пак, ги ценам „женските“ жени ;)
Дефинитивно Неделно време го допре дното, што е тешко со оглед на конкуренцијата.
Имам потсугестија. Во следиот број прво да исчепркаат машки Свињи, кои женски се држат и женски се борат во јавноста, ама „машки“ идат усмрдени, неизмиени и трапави - ко можна контра на овие што им успеало ем машки да се држат, ем женски да се изложат (дотерано, нашминкано и грациозно).
Тоа би биле мажи кои никогаш немале ниедна сочна изјава, секогаш се шетале со влакна меѓу забите, нередовни биле на предавања, колку што не знаеле – толку ни не барале од своите студент(к)и, им затреперувал гласот, а треперело и се друго што иде во регистарот на „женските“ трепети.
Но, најважно, отсекогаш им требало многу за размислување, зошто се гледа дека ништо не размислиле за ниедна тема (за разлика од багериве, што додека се шминкаат во некое студио за мода и убавина, победнички читаат шорт кат литература).
Е, пред овие херои ќе замолкнеме како и Мери Јордановска, која заслужено ја понесува титулата чмар на неделата!
Како што и очекував, текстот на Мери ги инспирираше фрустрираните машки „експерти“ по сексизам и мизогинија слободно да си кажат што им тежи на душичката:
„Od ovie ovdeka naculenive gospogji, samo taa crnata, nakontenata so cvikerite na ocite i maramicite za brisenje na belkovinskite sekreti od megjunoznata praznina e EXPERT, ama za ADULT PORNOGRAPHY! Site drugite se teski karikaturi izvadeni od dolinata na GIZA.“ (ова е само крајот на првиот „сочен“ коментар).
Гледаш дека не е допрено дното? :)
Колку што им сече во „Време“, не би се изненадил и да го испечатат коментарот во наредниот број. (Верувале или не, во овој број испечатија коментар потпишан со „Никола Груевски“.)
Објави коментар