Секоја чест за изборот на ударната тема во денешен „ШПИЦ“ - Борбите со кучиња станаа пиратски хит - каде што вака се објаснува отсуството на полициска реакција:
„Од Министерството за внатрешни работи велат дека реагираат во случаи кога е прекршен некој закон. Македонија нема Закон за заштита на животните.“
Меѓутоа, Македонија има Кривичен законик во кој има дело „Мачење животни“ (Член 233):
„(1) Тој којшто грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.
(2) Тој којшто со нехранење, непоење или на друг начин изложува животно подолго време на тегобна состојба, ќе се казни со парична казна или со затвор до три месеци.“
Ако борбите со кучиња не се облик на мачење, тогаш навистина не знам што е! Особено ако е точно тоа дека „понекогаш сопствениците ги убиваат своите кучиња, разочарани бидејќи ја изгубиле битката“.
И како сега да се објасни полициската не-реакција?
Не ги познаваат кутрите законите, се праат наудрено, покажуваат симпатии кон мачителите или пак Кривичниот законик не важи во некои делови на Чаир Сарај, и Тетово?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
Жар,
У Тетово најомилено хоби на младата популација е мачење на животни: секој ден гледам по најмалку две-три бандички од мали (машки) деца како врзуваат (најчесто) кучиња, ги малтретираат, ги „тренираат“, се натпреваруваат со други кучиња... да не говорам дека преку зима ги мијат со ладна вода и ги оставаат надвор, на температури од -15 целз.
ОК, со самото тоа што Тетово има околу 10,000 кучиња-скитници, лесно е да се увиди дека има погодна почва за измачување (додади го на тоа тоталната граѓанска и морална дезориентираност на тетовчани...)
Ужас, ужас.
Немам зборови.
10,000 кучиња-скитници?!? Па, тоа е цел град.
Заспаноста на разумот создала од нас - монструми.
ajde da upagjame!! jas kje go zemam moeto kuche da go davam so seirdjiite!!!jas kje se davam so niv!!!
A sto ke kazete na toa deka najgolemite ljubiteli na kucinja imaat poinakvo mislenje:
"Луѓето кои се дел од оваа традиција (од организаторите, преку одгледувачите, до редовните и повремени посетители), не се ниту криминалци, ниту некаква мафија! Самите одгледувачи се познати како „спортисти“, и како такви внатре овој круг, општо се прифатени. Тестирање карактер има свои правила и далеку е од она што неинформиран човек, длабоко потресен од благородното чувство на љубовта кон животните, го замислува! Песот борец недвосмислено живее далеку послободен и подобар живот од илјадници кучиња малтретирани секојдневно, запоставени, нехранети, врзани на половина метар синџир, или оставани по цел ден сами дома.
Кога се бори, ниту се дозволува да биде сериозно повреден, ниту некогаш сум слушнал дека некој пес смртно страдал во некој од ваквите тестирања карактер!" (Време, број 655, 09.03.2006)
Без коментар!
Објави коментар