Постот на Вуна во кој го цитира Питер Сингер ме потсети на една случка. Ова што ќе ви го раскажам е „жива истина“, што би рекле по скопски.
Со „Animal liberation“ од Питер Сингер под мишка, некаде у почетокот на 2001, шетам приквечер помеѓу МАНУ и Судот (верувале или не, речиси цела една година имам работено у МАНУ).
Наоколу се чувствува воена атмосфера, живо пиле нема на левата страна од Вардар по смрачување, а у сиот тој хаос јас си размислувам за текстот што ќе го пишувам. Бев со ниет да пишувам за правата на животните, да ги соочам идеите на Питер Сингер со идеите на Даниел Денет, во однос на стојалишето на Декарт кон животните како машини, и да се надоврзам на нив. Баш у тоа време си думав дали Сингер преувеличува кога го претставува Декартовиот бескрупулозен однос кон животните.
Сабајлето имав нагазено на чачкалица и кривев на едната нога. Одеднаш, без какво и да е предупредување, ме нападнаа дури 6 кучиња од сите страни.
Кога две од нив ми се фрлија, изгубив рамнотежа нагазувајќи на ногата што ме болеше и паднав на земја.
Во истиот миг, пред кучињата да почнат да ме касаат, мене ми се случи „Animal liberation“. Се разбуди животното у мене и почна на сет глас да р'жи и да ги клоца кучињата. Дури откако почна да фрчи адреналин и бес од мене, и откако попија неколку клоци, кучињата почнаа да ме респектираат, отстапија и ме оставија да ја напуштам нивната територија.
Не им се лутев на кучињата кои најверојатно беа избезумени од воената атмосфера и реагираа инстинктивно на моето неправилно одење.
Жал ми е само што текстот за правата на животните остана ненапишан.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
5 коментари:
коа си работел во ману, така и ти требало :)
само лош виц де :))))))
Не ми требаше многу да ги откријам Ману чао :)
Бата Жаре Животиња! :)
I have been looking for sites like this for a long time. Thank you! Dell hard drive monitor beyond limit Land rover freelander se speaker Free nationwide phone search clearing a blocked bathtub drain Liquid impotence cure Landlord grants cancer misdiagnosis centre acquisitions Convertible top repair virginia search panels herbal viagra Boost free ringtones 1969 chevrolet c-10 cst truck 6ft spa bathtubs example installation camera de surveillance Hollywood florida celebrex lawyer http://www.fracture-evista-lawsuit.info/hot-mature-tub.html http://www.teenfuck3.info/Paris_hilton_fashion.html audiovox car alarm systems Blackberry in the uk White gold diamond earring jackets Poker party barbeque Complete home security via internet cell phone
Very cool design! Useful information. Go on! Frontpage templates catalog shopping cart minnie mouse watch proactiv skin care system Toy story randy kia
Објави коментар