Во постот „Жртва на полициска бруталност?!“, Вуна изрази оправдан сомнеж дека случајот „Беќиров“ најверојатно ќе биде предизборно заташкан.
Како што знаете, на малолетникот Трајан Беќиров прво мистериозно му се загуби трагата по блискиот контакт од трет вид со нашите „Алфи“, а по неколку седмици неговото тело беше пронајдено на брегот на Вардар близу Трубарево.
Еве што коментирав тогаш на постот на Вуна, непосредно по откривањето на телото: „Да ги почекаме резултатите од обдукцијата, и да видиме кое ќе биде официјалното полициско образложение, кој бил основ за полициското постапување (биле или не биле фатени in flagranti при кражба) и зошто акцијата исходувала со смрт на осомничениот. Значи, фино би било отворено да поставуваме прашања и да бараме официјални одговори кои би ни помогнале да го реконструираме случајот. Дури потоа ќе можеме да донесуваме заклучоци дали „Алфите“ ги пречекориле овластувањата или не. Инаку, има индиции за неправилности, ама да се стрпиме и да видиме дали МВР има капацитет да го истражи и расветли овој контроверзен случај. Многу прашина се крена околу „Алфите“ ама не би прејудицирал зашто има многу нерасветлени околности.“
Во меѓувреме, се случија дури две обдукции кои, да се надеваме, ќе расветлат барем дел од околностите. По независната обдукција на телото на момчето што со крајни напори ја обезбеди Хелсиншкиот комитет (извршена од експерт од Бугарија), „Дневник“ известува дека според првичните наоди, експертот утврдил „контрадикторна ситуација со телото на Беќиров“: „Експертот пронашол ларви стари 10 дена, со што ја побива тезата дека телото на Трајан било во вода цели 18 дена.“
Алексеј Дума - директор на Институтот за судска медицина, тврди дека според неофицијални наоди „немало елементи на употреба на сила“ и дека „телото се наоѓало во вода“ 18 дена. Тој го обвинува Хелсиншкиот комитет дека од позиција на меѓународна институција (иако станува збор за домашна невладина организација) се обидува да го наруши угледот на неговата државна институција. (Пладневен дневник на Радио Скопје). Алексеј Дума (чија институција побара 10.000 евра за користење на просториите за независна обдукција) јавно изрази сомнеж во стручноста и независноста на експертот кој ја извршил втората обдукција.
„Ако не го знае човекот, тогаш врз основа на што го оспорува?“ - му реплицира Сашко Тодоровски, член на бордот на Хелсиншкиот комитет (во изјавата за А1). Тој укажува дека нивниот форенсичар ќе се потпише и ќе застане зад резултатите на обдукцијата.
И Мирјана Најчевска, претседателка на Хелсиншкиот комитет, изразува сомнеж во стручноста на нашите експерти: „Нашето сомневање е дека експертите или немаат доволни знаења или не ги употребуваат знаењата“ кога станува збор за случаи на употреба на тортура. (Пладневен дневник на Радио Скопје).
Со нетрпение ги чекаме официјалните резултати од двете обдукции, и со уште поголемо нетрпение ги чекаме идните потези на МВР и обвинителството.
Дали МВР има капацитет да го расветли овој случај и да ги преземе сите неопходни чекори за утврдување на кривичната одговорност на сите службени лица инволвирани во случајот „Беќиров“ (како на лицата кои учествувале во полициската акција, така и на лицата кои ја попречувале истрагата)?
Случајот „Беќиров“ се заканува сериозно да ја разниша и онака кревката доверба во полицијата од страна на граѓаните на Република Македонија.
Фактот дека МВР не прави никакви конкретни чекори за расчистување на шпекулациите во врска со овој случај, и за враќање на довербата кон полицијата, остава простор за дополнителен сомнеж дека МВР всушност „се брани со молчење“.
А станува збор за навистина сериозни обвинувања - смрт на осомничен малолетник како резултат на полициска тортура!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
молчењето значи одобрување.
мене не ми се веруваше она што го гледав на канал 5. анти го забележав на пресот, може он чул нешто шо не ни е пренесено нам.
катастрофа..
"Бугарскиот форензичар, кој завчера на Институтот за патологија ја изврши втората обдукција со цел да се дознае вистината за смртта на младиот Ром, утврдил траги на физички повреди на телото на момчето, кои му биле нанесени додека бил жив. Дали тие повреди се причина за смртта дополнително ќе се дознае, велат во Хелсиншкиот комитет, кои најавуваат дека резултатите од обдукцијата ќе се обелоденат во текот на идната недела." (Утрински весник)
Ако ова е точно, тогаш ќе испадне дека нашите патолози кои тврдеа дека немало траги на насилство се патолошки лажговци.
Вест: „"Граѓаните имаат демократско право за вакви случаи да добијат и второ мислење. Еднаш треба да се прекине папочната врвца меѓу МВР и Судска медицина, која секогаш ги потврдува полициските верзии за настаните", вели Најчевска. Според неа, во тие триипол часа додека траела обдукцијата што ја вршел бугарскиот експерт, со кого Хелсиншки соработувал од 1996 година на случаи на тортура, тој утврдил крварење кај починатиот пред да настапи смртта, но и два удара на главата. Тоа било причина независниот форензичар да земе материјал и да го однесе во Бугарија на продолжено испитување.“
Новинарската од Утрински, пак, како да го читала мојот пост. Насловот на нејзиниот текст е „Бранењето со молчење не е најдобра тактика“ :)
Бугарскиот форензичар не е форензичар туку лекар по општа пракса !!!
Објави коментар