Машките бастиони паѓаат!

6/04/2006

Ќерка ми почна да тренира шах пред неколку месеци и деновиве играше на својот прв турнир.
Иако мнозинството учесници беа машки, на шаховското отворено првенство на клубот „Гамбит“, што се одржа викендов, во категоријата до 10 години убедливо победи едно девојче од Белград!
Ај да ги чујам сега оние што тврдат дека машките се поинтелигентни од девојчињата?
Исто така, да потсетам и дека наградата за предвидување на фудбалски натпревари за минатата година (бесплатно патување на финалето на лигата на европски шампиони) ја освои една колешка од Истражувачкиот центар за родови студии.
Како е можно тоа, па нели машките се најдобри познавачи на фудбалот?

12 коментари:

Фројд. рече...

Јас не бев свесен за тоа колку сексизмот и gender-шовинизмот имаат навлезено у нашево општество... Не бев свесен се’ додека на предавање кај еден професор не се разви дебатата околу тоа кој е подобар возач: машките или женските.

Прво и најважно, професорот предаваше странски јазик и целта не беше измислување на топла вода, туку едноставна вежба за развивање на нашите вербални способности
Што се случи? Професорот (ја срами својата титула) отпрвин ме слушаше и го користеше неговото најголемо оружје - иронијата. Кога виде дека тоа не оди, се потруди на секаков начин да ме разубеди. Кога јас отворено кажав дека не треба да се користат сексистички генерализации за академски цели, ми ја покажа вратата.

Она што мене ме навреди беше што поголемиот број колешки се согласија со него. А јас само се трудев да кажам дека доколку некој е совесен возач и ги почитува сообраќајните правила и прописи - тој/таа за мене може да се нарече подобар возач, а не оној кој може да испцуе некого, да претекне и да помине на црвено без да го казнат...

Анонимен рече...

„Она што мене ме навреди беше што поголемиот број колешки се согласија со него“
Па најголеми сексисти се жените, плашејќи се да излезат од лушпата на заштитеност што им носи и помала одговорност: „па женско сум...“

Анонимен рече...

гледам хрватски и македонски милионер. во хрватскиот џендер односот секогаш е 50:50/ кај нас една до махимум 2 женски натпреварувачи по емисија. зошто???

Фројд. рече...

И јас истото го забележав. А забележав и друго.

Тарик има ист однос спрема женските и машките кандидати. Додека, овој нашиов, одма почнува да се лигави пред жените, па се’ некои двосмислени досетки кажува, па мисли дека е интересен...

Бла!

Off the topic
А која му е форава со тоа што ги тера да ги искористат сите џокери, па и кога се прилично сигурни?

Анонимен рече...

Во принцип, женско има релативно поголема физичка издржливост од машко, но помала статичка сила, што значи дека жеско има можност да победи машко во тенис без проблем, во атлетика и кајак исто така без проблем, но во бутање раце скоро и да нема шанси.
Тие прикаски дека женско е физички послабо, не држат вода, барем не на физиолошки план. Друга е прикаската што женските го користат воспоставениот мит за својата слабост за манипулација во општеството...

Клавната слабост кај жените е нивната хормонална промена во текот на секои 21 ден, и тоа 3 пати за тој период. Самите промени влијаат на концентрација, расположение и само-контрола, со што го прават женскиот организам, зависно од осетливоста на тие промени, доста нестабилен во моменти кога се бараат горните квалитети.

Машки и женски во ист работен одел во принцип не даваат позитивни резултати. Спрема моето искуство, проблемот не е во тоа кој е попаметен или самата тежина-тип на работа. Едноставно машките и женските се од два различни света со различни однесувања и потреби, и секогаш ќе го има непотребното само-докажување без бирање средства во сферата на маж вс жена.

Unknown рече...

Интересно размислување.
Само не ми е јасно, од каде извлече ваков заклучок:
"Машки и женски во ист работен оддел во принцип не даваат позитивни резултати."
Значи ли тоа дека предлагаш сегрегација во име на поголема продуктивност?
Кога сме кај митовите за слабоста на жените, како го објаснуваш фактот дека најголемиот број од жртвите на сексуално насилство се жени?

Анонимен рече...

"Значи ли тоа дека предлагаш сегрегација во име на поголема продуктивност?"

Да. Ова се однесува на работите кои се task-customer-ориентирани, без разлика дали е некоја компанија или државна администрација. Но во научно-истражувачка дејност, каде успехот на проектот зависи од сите во тимот и каде скоро и да нема појава на феноменот "полов натпревар", самиот пол е ирелевантен.
На ова последното сакам да додадам, зошто бројот на женските научници, спрема мене, е многу помал од машките. Проблемот лежи во концентрација, која кај женските има хормонална зависност. Што помала осетливост на женскиот организам на овие промени, тоа подалеку таа личност може да оди со своето образование! Интелектот нема полова зависност и тоа дека женското е "поглупо" e чист машки шовинизам!!

Кога сме кај митовите за слабоста на жените, како го објаснуваш фактот дека најголемиот број од жртвите на сексуално насилство се жени?

Како што напишав погоре, женското тело има помала статичка сила во однос на машкото тело. Тоа значи дека, при силување машкото е посилно оти применетата статика сила (држање) е поголема.
Проблемот со женските е и во нивното незаинтересираност за спортска активност (трчање и теретана) мислејќи дека тоа е машка активност. Тогаш секое машко кое еднаш-двапати во месецот игра фудбал-баскет е по издржливо од било кое не тренирано женско, и тоа само поради фактот дека женските не го искористауваат својот вроден АЕРОБЕН потенцијал.

PS. авторот на постот е машко!

Unknown рече...

И машките ги лупаат хормони, и тоа барем неколку пати на дневно.
Кога сме кај издржливоста, што мислиш - кој е сексуално поиздржлив, мажите или жените?
Кој е поиздржлив на болка - мажите или жените?
За тоа кој е поиздржлив воопшто, имаме релевантна статистика - жените живеат во просек барем неколку години повеќе од мажите.
И не е ли количеството мускулна маса обратнопропорционално од коефициентот на интелигенција? :)

Анонимен рече...

Ух!
Ама дискусија се развила тука. И тоа се од машки дискутанти.
Напредуваме, еј! Затоа ги сакам блогериве - еманципиран народ,бре! :))
Колку да запазам процентуална застапеност на жените во дискусијава :-P ... да кажам и ја нешто ;)
Пред некоја година читав една студија за изведени експерименти од НАСА. Правени се анализи на машкото и женското тело и на физичка и на психичка база. Сето тоа поради потребите за тренирање на космонаути.
Резултатите се зачудувачки- сугестија на тимот кој го спровел истражувањето е да се примаат повеќе жени на обуките за космонаути!
Образложението е следното - жените се и физички и психички многу поиздржливи. При исти услови со мажите, тие поднесуваат поголем степен на болка и подолг физички напор, а притоа остануваат сконцентрирани на работата, со вештина за брзо реагирање на провокациите и наоѓање соодветно решение за непредвиден проблем у најкраток можен рок. Плус, кај жените истовремено функционираат и двете половини на мозокот(значи можат да работат повеќе работи истовремено со иста концентрација), за разлика од мажите кои кога ја користат едната, другата им е блокирана и потребно им е повеќе време за прилагодување кога треба да се префрлат од една во друга активност. Физички послабата конституција е земена како предност кај жените(за потребите за кои е правено истражувањето).
Единствениот недостаток(ако може да се нарече така) е посочен во менструалниот циклус и емотивната слабост во тој период.

Инаку, според податоците на МЕНСА, личноста со најголем коефициент за интелигенција (од сите досегашни проверки)у свет е жена :)

Сепак, ја не би ги потценила мажите - паметни се и тие коа сакаат :-P :))

Анонимен рече...

И машките ги лупаат хормони, и тоа барем неколку пати на дневно.

Тоа на што мислиш, се решава лесно со рачно исфрлање на "товарот". Тоа лупање како и другите машки работи, воглавно се контролирани само под влијание на еден хормон, кој кординира скоро се во машкиот организам... тестостеронот.

Ако го немаш (покажано e дека се намалува при конзумирање на алкохол и при влегување во брак(??? постојат теории зошто е тоа така, али да не упадаме во детаљи)) тогаш се однесуваш како папучар и имаш ниско либидо... ако ти е на нормало-високо, тогаш "го живееш машкиот живот". За екстремно високо ниво, некој друг пат...

Другите прашања не би ги коментирал оти одат во митско подрачје на субјективизам :)

Анонимен рече...

Единствениот недостаток(ако може да се нарече така) е посочен во менструалниот циклус и емотивната слабост во тој период.

За ова и зборував погоре. Постојат одредени комбинации на лекарства (пре би кажал хемиски супстанци) кои го стопираат менструалниот циклус предизвикувајќи вештачка состојба на контролирана менопауза. Контролирана, оти нормална менопауза носи уште по нестабилна емотивна состојба.

Фројд. рече...

Тоа на што мислиш, се решава лесно со рачно исфрлање на "товарот"

И кај девојките лесно се исфрла товарот; и они сами си го исфрлаат - веруј ми! Нејсе, мастурбацијата не е поентата тука.

Она што најчесто ми смета при дискусија околу половата (не)еднаквост, е тоа што трнуваме од биолошката еднаквост; видете, апсурдно е да се тврди дека женските и машките се биолошки еднакви. ОК, да не измислувам топла вода.

Она што ми пречи е парадигмата околу тоа кој е подобар. Не постои такво нешто. Кој е посилен, чиј праг на трпеливост е поголем, итн. Се’ само чисти генерализации. Културата најчесто е клучниот фактор у gender roles-ите кој ги обликува преостанатите психо-физички карактеристики на поединците. На пример, Амазонки и Спартанци. Кој е посилен?

Најважно е да се отсрани било која основа за полово дискриминирање. Понатаму ако сакаат, жените нека одат на лов, а мажите нека плетат дома и нека ги воспитуваат децата. Et vice versa, секако.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week