Еве што изјавува нашиот „државник“, во одговорот на писмото од Српскиот Патријарх Павле:
1) „Во врска со покажаниот интерес од Ваша страна за лицето Зоран Вранишкоски ... против ова лице се водеше судска постапка пред Основниот суд во Велес поради основано сомнение дека сторил кривично дело затајување за што му беше изречена казна затвор во траење од една година.“
Пресудата на Основниот суд во Велес во врска со кривичното дело затајување е против лицето Јован Вранишковски.
Значи, судска постапка воопшто не се водела против „Зоран“, туку против „Јован“, а Претседателот намерно не го почитува личното име на осудениот кое е јасно наведено во пресудата.
Како можеме да очекуваме дека другите земји ќе го почитуваат нашето уставно име, ако нашиот Претседател искажува такво непочитување кон личните имиња на граѓаните од својата држава?
2) Понатаму, во одговорот нашиот Претседател укажува дека „според изведените докази во текот на судската постапка беше неспорно утврдено дека Вранишкоски го сторил кривичното дело, при што, проневерил поголема сума пари предходно донирани на локалната епархија на Македонската православна црква.“
Меѓутоа, претходно беше укажано дека Вранишковски е осуден за затајување, а не за „Проневера во службата“ (чл. 354 од КЗ) - дело за кое се предвидени повисоки казни.
Со ваквата непромислена изјава, нашиот Претседател му дава можност на Јован Вранишковски да покрене тужба за клевета, односно за лажно изнесување или пронесување за друг дека сторил кривично дело за кое се гони по службена должност.
Во таков случај, во отсуство на постоење на правосилна пресуда за „проневера“, Претседателот ќе биде доведен во мошне непријатна ситуација да докажува дека имал основана причина да поверува во вистинитоста на она што го изнесувал или го пронесувал.
Навистина не ми е јасно, дали Претседателот има толку лоши правни советници, или некој намерно го мести да се „лизне“?
3) Како капак на се, Претседателот заклучува дека „се работи за недозволени криминални активности и коруптивно однесување што се појави на кои треба да им се спротивставиме во интерес на демократскиот развој и европската перспектива на нашите држави.“
Не ми се верува! Божемниот борец против „Октоподот“ констатира „коруптивно однесување“ кај лице кое воопшто не е државен службеник!
Или за нашиот „државник“ црквата отсекогаш била дел од државата?
Со ваква промашена „борба“ против корупцијата, можеме да се развиеме само во „банана демократија“.
Со вакви „државници“, имаме перспектива да станеме само зоолошка градина на Европа.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
ти си цар.
без ни грам иронија.
Неверојатно, ама Бане во контекст на „борбата против корупцијата“ ја цитираше библиската заповед „не кради“!
Со тоа јавно го жигоса „измислениот Зоран“ како крадец - иако против Јован воопшто не е водена судска постапка за кражба.
Поарно „мудро“ да си молчи нашиот Претседател, оти македонските граѓани не го гласаа за да ги резили пред светот со тенденциозни дезинформации.
Секоја чест за постот!!!
Треба да пробаш да го објавиш во некој од весниците...
Samo sakav da napomenam deka drzavnikot Zelenkovski na slicen nacin “dobronamerno” se dopisuvase so Patrijarhot Pavle minatata godina voochi praznikot Ilinden so baranje za poseta na manastirot Sv.Prohor Pcinski koga nekolku vetuvanja ne ispocituva.A na stana sto tolku ocigledno e deka vo dogovor sinodalcita sakaat da ostanat vo svoeto geto,a nivniot stitenik,a nas (zamislete) pretsedatel veli Vraniskovski bil izmislen!?Kako koga toj bese del od MPC?
Објави коментар