Некои мислат дека нашиот транзициски филм наликува на политичко-полициски трилер во мафијашки стил, а некои мислат дека сеуште не сме ја надминале матрицата на вестернот. Еве што констатира Мухамед Халили во текстот „ЧОВЕКОВИТЕ ПРАВА ПОД КИЛИМ - „Каубоите“ на 21 век!“:"Имајќи ги предвид последните настани со кршењето на човековите права во нашата земја, (...) се добива впечаток дека тука владеат законите на каубојите од веќе заборавените филмови на Џон Вејн."
Халили како да е убеден дека филмот Internal Affairs (1990) уште не сме го гледале:
"Во ресорот за внатрешни работи секогаш тече мед и млеко без оглед кој е на чело на таа институција." (...)
Толку години од осамостојувањето поминаа а никако да почнеме да го гледаме ниту L.A. Confidential (1997):
"Некој мора да одговара за убиството на недолжни луѓе, кое доаѓа како резултат на лошо планирана акција. Во такви случаи сосема е неоспорна и оставката на луѓето што се на чело на такви институции."
Стварно, после толку ограбени „поштенски кочии“, после толку пукотници по маалските „корали“, со толку неприкосновени локални шерифи и разгневени луѓе кои се обидуваат да ја земат правдата во сопствени раце, мошне тешко е да се излезе од впечатокот дека го преживуваме „вестернот“ како политички жанр.
Со таа разлика што „каубоите“ неочекувано почнаа да ја губат популарноста откако овчарите мрсно се офајдија!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
Некој мора да одговара за убиството на недолжни луѓе, кое доаѓа како резултат на добро планирана акција. Во такви случаи сосема е неоспорна и оставката на луѓето што на чело на институциите дошле на таков начин.
Ми се допаѓа многу твојата поента.
Ама за да дојде до такви оставки, најнапред е неопходно да се утврди вината за „здружените злосторнички потфати“.
А тоа не е можно во оние земји каде што владеат законите на „дивиот Запад“ :)
Ниту вестерн, ниту мафија...
Ние живееме тинејџерски хорор филм, со исклиширани ликови и дијалози; да се надеваме дека ќе се појави "the good guy" и ќе не’ спаси ;)
Тинејџерски хорор филм кој на моменти се претвора во "I scream, you scream, we all scream for ice cream"? :)
Без навреди и тенденциозни провоцирања,...вицовите ќе ги има, а овој морам да го споделам ..ептен го сакам..иако не е за каубојки,
..еве, иде вака:
„оди албанец терорист во америка..наоружан е до заби...налетува на не некој лик...
алб-тер: кој си бе ти?
чоекот: ал капоне.
*алб-тер. Го насочува едно од оружјата кон чоекот и лом го прави ...рраа та та та ррррааааааа та та тататататта
оди понатаму и сретнува друг лик
алб-тер: кој си бе ти?
чоекот: Ббббббили д кид
*алб-тер. го насочува едно од оружјата кон чоекот и лом го прави ...рраа та та та ррррааааааа та та тататататата
оди понатаму и сретнува трет лик
алб-тер: кој си бе ти?
Чоекот: Шериф
алб-тер: Кује бе Шерифи? (тука следува и тапшање по рамо)
:)))))
Тапшање по рамо и бацување едно два три пати... :)
Објави коментар