Дневен билтен

6/05/2006

- Нашиот актуелен претседател не може да донесе самостојна одлука без да се консултира со поглаварот на МПЦ. Предлагам наредните претседателски избори да се одржуваат во цркви и џамии, и секое гласачко ливче да биде благословено од верски лица. Ем сигурно изборите ќе бидат подобро организирани, ем конечно ќе тргнеме „со Господ напред“!
- „Македонската филхармонија и го отсвири своето на Владата“ - констатира А1, известувајќи за посмртниот марш отсвирен пред Владата. Филхармоничарите забораваат дека СДСМ-овските министри се фураат строго на џез, и дека предизборно ја слушаат само „Wonderful Life“ во изведба на Сачмо.
- Бучко предлага заедно да го славиме Илинден со Бугарија. Ние ќе го славиме „Илинденското востание“, а тие
„Илинденско-преображенското востание“. Нашата делегација може да положи венец на 2 август, а бугарската делегација може да се придружи на прославата на 19 август, на „Преображение“. Кога задоцниле со востанието, можат да задоцнат и на прославата.
- Во Тетово хара „манијакот“ „Џек Мевосек“, а во Скопје се наплаќа данок во крв согласно „канонот на Лек Дукаѓини“. МВР не презема никакви акции затоа што е „Македонија и понатаму мирна, стабилна и безбедна држава“. Џанго не работи со новинарски „шпекулации“. Тој работи само со проверени факти од предизборната „програма“ на СДСМ.

- По повод денот на екологијата, МТВ вечер ќе го прикажува филмот „Строго контролирани радиоактивни возови“. Како и за сите други програми на МРТ, препорачливо е носење на очила за заштита од штетно зрачење.

4 коментари:

Фројд. рече...

Анти-приспивна приказна :(

Анонимен рече...

Според линкот што си го дал кон Википедија, нема ништо понормално Илинден да го славиме заедно со бугарите.
Тоа би му дошло не исто, ама сепак слично, ко албанците (албанската држава) да слават некој косоварски празник заедно со косоварите во идната држава Косово.

Unknown рече...

Денот на победата против фашизмот, први мај, Велигден, Нова година, итн. ги славиме заедно со многу земји, па никому ништо.
Зошто не би го славеле заедно со Грците, на пример, денот кога македонските и другите армии го освоиле Вавилон на чело со Александар?
Зошто не би го славеле Крали-Марковден заедно со Србите?
Зошто не би го славеле денот на раѓањето на мајка Тереза (или Скендербег) заедно со Албанците?
Или, историјата е наша и само наша? Многу себично размислување.

Анонимен рече...

Одлични предлози, па дури мислам и дека со малку добра волја би можеле да се реализираат (за Крали-Марковден дури и бугарите би можеле да се вклучат:). Освен оној за Алехандер, пошто грците нема шанса да се согласат, of course.
А серковци против секогаш ќе има...

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week