Прочитајте ја прекрасната сторија на Сенад Расимов: ЛИЦА БЕЗ ДРЖАВЈАНСТВО - Илјадници луѓе се невидливи за државата: „Околу 1.500 Роми во Македонија не постојат за државата. Не само што не добиле македонско државјанство туку немаат никакви документи па за надлежните се - невидливи. Ги има во сите градови, но најмногу во Скопје.“
Треба ли да потсетуваме дека лицата без документи не се во состојба да ги остварат ниту основните човекови права? Посебно, кога ќе се земе предвид тенденцијата кај нас човековите права да се редуцираат на „човекови права на граѓаните“.
Теоретски гледано, бројот на лицата без државјанство кои биле населени во Република Македонија во 2002 год. би можел да се добие кога од бројот на вкупно попишани лица би се извадил бројот на лица кои се државјани на Република Македонија (евиденција за ова води МВР).
Меѓутоа, мене не ми е познато оваа евиденција на МВР да била досега јавно достапна. Во што е поентата?
Демек, правевме попис за да можат да отпочнат процесите на децентрализација и воведување правична застапеност. Меѓутоа, воопшто не ни требаше никаков попис за да отпочнат овие процеси, потребни ни беа само резултатите од евиденциите на МВР за тоа колку граѓани во која општина живеат, и како се изјасниле во обрасците за државјанство.
Оти, носители на уставните права (по Амандманите од 2001 год.) се граѓаните на Република Македонија, а не „населението“ (како што пишува во „Рамковниот договор“)!
Зошто имам чувство дека податоците од МВР за вкупниот број граѓаните/државјани и за нивната „национална припадност“ намерно се кријат и дека со нив политички се манипулира?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Оти, носители на уставните права (по Амандманите од 2001 год.) се граѓаните на Република Македонија, а не „населението“ (како што пишува во „Рамковниот договор“)!
Тоа со "население" е главната финта со Рамковниот договор, кој секогаш намерно се користи наместо Уставот.
Зошто? Погледни ги членовите 6 и 39 од "Законот за попис на населението,..." http://www.mlrc.org.mk/ZAKONI/Z2001061.htm , и ќе ти стане јасно дека имање на МК државјанство не е пресудно за крајната бројка, која беше основа за "правичната застапеност".
А што се однесува до МВР, проблемот го гледам во нивната неозбилност за таа материја, и немање на централен систем за евиденција (барем не во 2002 за време на пописот)
Фала за линкот, одамна ми е јасно тоа, имам повеќе пати и пишувано:
„Рамковниот договор не е во согласност со Уставот не само затоа што воопшто не е правен акт, туку и затоа што "20 отсто од населението" не е исто што и "20 отсто од граѓаните" (државјаните)!“ (види колумна: Македонија како "рамковна етнократија"?)
Инаку, заобиколувањето на Уставот за сметка на „Рамковниот“ го интерпретирам како симптом за длабока Уставна и политичка криза.
Од друга страна, многу е битно да се утврди зошто дел од населението што со години живее тука нема македонско државјанство.
Исто така, битно е да се види дали постојат уставни и законски претпоставки тие што немаат државјанство да можат да си ги заштитат човековите права.
jas sum soglasen so tebe deka treba da gi proterame od drzhavata..ali kade?
Looking for information and found it at this great site...
» » »
Објави коментар