Доколку најмногу гласови на изборите од партиите на етничките Албанци освои ДУИ, а победи ВМРО-ДПМНЕ, можна ли е Владина коалиција помеѓу овие две партии?
Рафиз Алити од ДУИ смета дека е можна: „Во сите земји каде што живеат етнички заедници, како што се Албанците во Македонија, треба да се почитува тој принцип кој ќе земе еден глас повеќе да ги претставува интересите на својот народ.“ („Градиме иднина во Македонија“)
Дали ќе се воведе уште едно непишано правило мандаторот на новата влада да ја кани во Владината коалиција партијата која освоила најмногу гласови кај етничките Албанци?
Рафиз Алити дава аргументи во прилог на такво решение:
„Мислим дека не е интерес ниту на таа владина коалиција за свој коалициски партнер да земе партија со помалку гласови и пратеници, зашто така се губи легитимитетот од избирачите. Не би било добро ни кај партиите од албанскиот блок да не го почитуваат гласот на народот кај Македонците. Таа партија која ќе освои едно пратеничко место повеќе, нормално ќе добие мандат да формира влада и ние тоа треба да го почитуваме.“
Ракавицата е фрлена. Останува да видиме како ќе реагираат другите партии. Дали наместо коалиции засновани на заеднички политички платформи кај нас ќе победи спортската идеја за формирање на коалиција на „етнички победници“? Како што не потсетува Рафиз Алити, партиите се мошне промискуитетни кога станува збор за коалицирање: „...изминативе 15 години покажаа дека секој со секого може да коалицира."
Секој со секого - Македонија за никаде?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
12 коментари:
Јас сметам дека најферски кај нас би било кога би се направиле предизборни коалиции ВМРО-ДПА и СДСМ-ДУИ. Така ем ќе знаеме за кого гласаме (што е најважно), ем ќе се избегне гласањето по етничка линија.
А ако во Владата треба да влезат најуспешната македонска и најуспешната албанска етничка партија, тогаш најреално е Македонија да се организира како федерална држава.
Типично размислување на претставник од таа заедница. Не слушнал ни за малцинско владеење во кое групации со помалку гласови доаѓаат на власт ни за правила на демократија во кои е најбитно да се собере мнозински пакет гласови.
Од дргуа страна баш ме интересира дали ако СДСМ биде второпласирана а го добие мандатот ДУИ ќе ја одбие држајќи се до убедувањето дека партијата со најголем број гласови е таа која е претставник на народот. нема врска. Типична приказна од 6та изборна единица.
"Јас сметам дека најферски кај нас би било кога би се направиле предизборни коалиции ВМРО-ДПА и СДСМ-ДУИ. Така ем ќе знаеме за кого гласаме (што е најважно), ем ќе се избегне гласањето по етничка линија."
А што ако отидеме уште еден чекор понатаму за да ги надминеме етничките партии. Што ако поставиме услов партиите да имаат барем 20% припадници од заедниците (кои не се мнозинство во партијата) во членството и на кандидатските листи?
„...Што ако поставиме услов партиите да имаат барем 20% припадници од заедниците (кои не се мнозинство во партијата) во членството и на кандидатските листи?....“
:)
Ај да идеме чекор над чекорите - да постаиме услов сите партии да бидат застапени пропорционално на сал една листа за гласање на целата територија на РМ ! :)))))))))))) Кохезија на ниво ;)
Дај, не зафркавајте, де! Самите си праиме проблеми и уживаме во мултиплицирањето на истите. Као, зош да биде едноставно коа може комплицирано?!
Ако мора победничката партија од македонските избирачи со македонска етничка припадност да коалицира со победничката партија од МАКЕДОНЦИТЕ со албанска етничка припадност за да се задоволат стандардите на етнички поделеното општество...тогаш ние не сме унитарна држава туку федерација од етнитети!!!
Партијата која ќе освои најголем број пратенички места (без оглед на етнитетот) добива мандат за формирање влада. И толку! Нејзина проценка е со кои други партии ќе коалицира при формирањето влада. Ја добила довербата од најголем број избирачи на терироријата на РМ.
Или уште подобро, „соодветна застапеност“. Јас сум прв ЗА. И тоа со правила во редоследот на листите што ќе овозможат навистина соодветна и реална застапеност. Зашто она 20% може да подложи на манипулација. Договор меѓу партиите во смисла „кај вас нашите на дно на листата, кај вас нашите на дно...“
...а и задолжителен однос мажи:жени-50:50
„Партијата која ќе освои најголем број пратенички места (без оглед на етнитетот) добива мандат за формирање влада. И толку! Нејзина проценка е со кои други партии ќе коалицира при формирањето влада.“
Кога би било така, супер. Ама изгледа не е. Се’ погласни се шушкањата дека ВМРО-ДПМНЕ ќе прави коалиција со ДУИ како „албанска“ партија со најголем број на гласови. И токму тоа и го велам, значи неофицијална федерализација. Е ако веќе е така, а не се согласуваме за надминување на етничките партии, тогаш би било најполезно за сите Македонија и официјално да стане бинационална федерација. Што и не мора да биде толку лошо, ене ја Белгија за пример.
„Партијата која ќе освои најголем број пратенички места (без оглед на етнитетот) добива мандат за формирање влада. И толку! Нејзина проценка е со кои други партии ќе коалицира при формирањето влада.“
Ова би било кај нас практично остварливо само во случај да ги надминеме етничките партии (а квотата од 20% е еден од можните начини да се постигне тоа).
Уште од првата Влада, кај нас почна да функционира неформален power-sharing, а по 2001 добивме и систем со многу елементи на формален power-sharing.
За да ја надминеме сегашнава етнократија, мора прво да ја напуштиме илузијата дека во етно-партиски контекст, победувањето на изборите е доволен услов за формирање на легитимна и демократска влада.
И, секако, да се обидеме да го промениме политичкиот контекст во кој се мобилизираат само етнички идентитети, на штета на мирот и стабилноста ма државата.
рамковност во партиите е супер идеја.
Аман бе што само македонци прават вакви дискусии? Кога браќата албанези ќе се з’гнат да форсираат малку не-етничка демократија. До кога они само нивното г’зе ќе гледаат да си го стават на топло и да ги боле куро за сите останати?
Се додека секој овде го "боле куро за сите останати", со право има да не третираат како резерват, оти таквиот ѕверски менталитет е подривачки за секоја развиена демократска заедница.
"БиБиСи: Ако го добиете мандатот за состав на Влада со кого ќе коалицирате од албанска страна?
Груевски: „Наш традиционален партнер во минатото беше ДПА. Со нив имавме релативно добра соработка. Во овој период со нив одржуваме добри контакти. Но, што ќе се случи по изборите, сепак зависи од резултатите."
Бучковски:„Во овој момент ние имаме цврст договор со Ахмети. Ние дури се обидувавме пред изборите да направиме проценка што би значело коалицијата „ За Македонија заедно “ да настапи заедно со ДУИ. И проценивме дека за овие избори, сепак тоа е прерано. Очекувам дека по изборите ќе остане коалицијата меѓу СДСМ и ДУИ, неависно од изборните резултати. “ (BBC)
Објави коментар