Понекогаш имам чувство дека главна пречка за промоција на човековите права и слободи е тоталитарниот менталитет на новинарите. Погледнете само за што се залага уредничката на „Утрински“, во текстот Алармот ѕвони, има ли некој да го слушне?:
„Германската полиција (...) пред секој фудбалски натпревар ги полни затворите со збеснати навивачи за кои има процена дека ќе направат тепачка на стадионот за да го заштити угледот на земјата-домаќин на Мундијалот. Угледот, иднината и капацитетите на нашата земја се можеби на најголемиот тест досега. Затоа, треба да се има храброст да се повлечат и некои непопуларни чекори, само за да се заштити државата и нејзините граѓани во остварувањето на нивното право за слободно гласање.“
Просто не ми се верува - правото на слободно гласање ќе го заштитуваме со прекршување на правото на слобода и сигурност на личноста?
Кога најпосле ќе научат новинарите дека одлука за лишување од слобода донесува судот, а не полицијата (која без одлука на суд може да апси само во случај на вршење кривично дело).
Во нашиов случај („тепачки, пукотници, повредени, демолирани штабови...“) контроверзниот предлог за „превентивно апсење“ е тотално промашен. А сугестијата за „превентивна“ полициска акција (a la "Minority Report") е смешна кога кривичните дела се веќе извршени.
Сега е на испит нашиот систем за пронаоѓање на сторителите на кривичните дела. Ако полицијата и обвинителството итно не ги пронајдат осомничените и не ги изнесат пред надлежен суд, тогаш странските набљудувачи ќе изведат заклучок дека Македонија нема капацитет да се справи со предизборно насилство.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
Сакаш да кажеш дека судиите ќе треба да формираат мобилни екипи и да одат каде што и полицајците одат за да издаваат налози на лице место?
Не, бре. Ако некој сторил кривично дело, да видиме прво дали полицијата поднела кривична пријава против непознат(и) сторител(и); потоа, да видиме дали истрагата ќе ги открие сторителите, и дали тие ќе бидат изведени пред суд.
Полицијата треба да побара судски налог за лишување од слобода ако има основи за сомневање дека некој извршил кривично дело, а ако го фати при вршење, тогаш треба да го уапси и изведе пред судија кој треба да провери дали полициското лишување од слобода било законито, и да одлучи дали уапсениот ќе биде задржан во притвор.
Ете, така.
А замисли колкава штета имаат направено филмовите за Џемс Бонд, во кој еден вработен во државна служба добива дозвола за убивање со цел да ја заврши задачата поставена од надредените.
А тек колкава штета има направено балканска варијанта на Џемс Бонд -Жељко Ражњатовиќ - „Аркан“?
ех, убаво ме потсети и на ова (апропо драконските казни за изборни нерегуларности), а баш очекував дека тебе ќе ти падне во очи :
„Парламентот мора да свика итна седница на која ќе ја коригира оваа очигледна грешка затоа што она што е усвоено е правен куриозитет. Како не може да се разбере дека проблемот не е во висината на казните, кои и досега не беа мали, туку во откривањето и гонењето на сторителите на изборните нерегуларности", револтирано реагира Камбовски.Тој нагласува дека во законот можете да предвидите и смртна казна, но се е попусто и безвредно ако затаи другиот сегмент - откривањето и гонењето. Професорот е убеден дека е илузија да се верува дека висината на казните ќе го реши проблемот со изборното законодавство. „Треба да постои гаранција дека секој што ќе се осмели да направи изборна нерегуларност ќе биде откриен и осуден", подвлекува Камбовски, кој токму во тоа ја гледа правната сигурност на граѓаните...
Цел текст во викенд бројот на Утрински- ха, не знам да ставам линкови :)
Новинарите во државава ни се патолошки неписмени и неедуцирани. Не знам што да се очекува друго од нив?
А за органите на прогон, еве им идеа како да се справат со насилството и нерегуларностите - нека стават бесилки пред секое избирачко место, и доколку видат дека нешто се случува, voillah - ете ја бесилката. Е, сега за криминалките нека постават и клада; не за друго, женски се, па треба како вештерки да горат малку...
Еве, и претседателот конечно ни се огласи: „Претседателот на Република Македонија, Бранко Црвенковски смета, дека сега е најважно институциите на државата да бидат ефикасни и да обезбедат спроведување на законите на Република Македонија.
Во таа смисла, неодложно е потребно виновниците за сите досегашни инциденти веднаш да бидат идентификувани и изведени пред лицето на правдата со што дополнително, превентивно ќе се делува на можните идни случувања од овој тип.“
Објави коментар