Венко се надминува себеси како „геокултурен семиотички набљудувач“ во колумната „Клоаката на светот“:
„...станува збор за монтажа во која врз еден гол задник (веројатно машки) е проектирана класична географска карта на светот, при што левата половина од задникот ја претставува - западната, а десната половина - источната хемисфера.“
Не треба човек да има големи познавања од географија за да утврди дека „геокултурната семиотичка опсервација“ на Венко е погрешна (линијата на географско „раздвојување“ исток-запад не е Гринич).
И зарем Венко е толкав познавач на феноменологијата на машкиот г'з (пардон, „задник“), што од оваа перспектива може да заклучи дека полот на „задникот“ е „веројатно машки“?
Верувале или не, етноцентристот Венко, промоторот на метафората за Македонија како „папок на светот“ (и „како лулка на писменоста, како мистично место на светци и чудотворци од типот на Климент и Наум, како источник на мистериите“) го оценува ваквото претставување како колонизаторско и понижувачко:
„И не знам зошто, ама во тој задник на балканското понижување, сепак, откривам – колонизаторски модел на претставување на нештата. Убеден сум дека тоа е еден вид империјалистичка семиотика на понижување на другиот...“
На Венко сигурно му е познато дека империјализмот се темели токму на етноцентризмот (евроцентризмот беше претпоставка за културното колонизирање на „Другите“). Меѓутоа, „семиотичката опсервација“ на Венко страда од сериозен недостаток на авторефлексија. Нашиот „геокултурен семиотички набљудувач“ нема способност да увиди дека неговиот начин на величање на нашите културни дострели - „уште од 11 и 12 век (кога светот уште не бил откриен во целина)“ - е исто така „еден вид империјалистичка семиотика на понижување на другиот“.
Имено, што сака да каже „мажот“ Венко со тоа дека светот „уште не бил откриен во целина“ во 11 и 12 век? Како тоа одеднаш ги избриша од „светот“ древните култури на Инките, Маите, Индусите, Јапонците, Абориџините, „500-те нации“ од Северна Америка...?
До кога ваквите културни империјалисти ќе ги трујат децата со колонизаторски претстави дека „Колумбо ја открил Америка“?
До кога ќе се правиме наудрени дека немало други цивилизации таму?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
најсмешно што во чмарот се наоѓа блискиот исток..
шо значи дека ако се изземе заблудата на момците од весникот, и на венко, дека картата е за македонија (која патем се гледа на мапата дека е дел од газот, не и од крекот), може да се каже дека во чмарот е сместена навистина една лулка - ама лулка на цивилизацијата, баш истиот оној гилгамеш шо го бамбори андоновски во уводникот.
После папокот, на ред дојде и гзот.
Кога сме веќе кај Венкота, еве еден видео клип со него:
http://on.net.mk/default-MK.asp?ItemID=B546C33E0B36874B93C5D279AE7735FF
Какво клипче!! :)))
А што бара авторот на кич митологии во Дом и дизајн? Или кога е тиражот во прашање, и кич дом и дизајн автоматски станува книжевен салон?
Насловот на клипчето ептен го погодиле: „Наша фолк естрада“
Very nice site! kansas city breast surgery Elmiron and pain relief Lasik eye surgery canton http://www.liposuction2.info/Breastenlargementadvice.html spyware software Used area rugs state farm insurance in nebraska Fax cover letter creator Poster from digital print Used parts for nissan Free advertising online directories yolah.com reno tattoo removal
Објави коментар