Кој тоа тврди дека полицијата станала „сервис на граѓаните“? Џабе ја толку се мачам да докажувам дека живееме во Полициска држава кога самиот Џанго признава дека нашата полиција има репресивна улога: „Улогата на МВР не е да едуцира политичари. МВР врши превентивна и репресивна улога.“
На кутриот министер, толку му сече, па не разбира дека со ваквата предизборна изјава сугестивно најавува репресивна полициска диктатура?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
13 коментари:
Улогата на полицијата по дефиниција е да користи и мерки(средства) на принуда т.е репресија. Изјавата не е толку лоша колку што е лошо конципирана, ама тука лежи умешноста на раководните лица. Треба да знаат да ги артикулираат ставовите и позициите а не да ја утињаат поентата.
Каде тоа пишува дека „Улогата на полицијата по дефиниција е да користи и мерки (средства) на принуда т.е репресија“?
Еве што е според новиот предлог Закон за полиција глвна цел на полицијата:
„Главна цел на Полицијата е одржување на јавниот ред и мир и поредок во општеството, заштита и почитување на основните права и слободи на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија и ратификуваните меѓународни договори, спречување, откривање и борба против криминалот.“
Никаде не се спомнува ниту зборот принуда ниту зборот репресија. :)
Разумната употреба на сила би требало да биде строго регулирана.
Мал извадок од: Basic Principles on the Use of Force and Firearms by Law Enforcement Officials:
„4. Law enforcement officials, in carrying out their duty, shall, as far as possible, apply non-violent means before resorting to the use of force and firearms. They may use force and firearms only if other means remain ineffective or without any promise of achieving the intended result.
Special provisions
9. Law enforcement officials shall not use firearms against persons except in self-defence or defence of others against the imminent threat of death or serious injury, to prevent the perpetration of a particularly serious crime involving grave threat to life, to arrest a person presenting such a danger and resisting their authority, or to prevent his or her escape, and only when less extreme means are insufficient to achieve these objectives. In any event, intentional lethal use of firearms may only be made when strictly unavoidable in order to protect life.“
Според член 34 од Законот за внатрешни работи, строго е прецизирано во кои случаи може да се употреби „присилба“: „Овластеното службено лице може да употреби средства на присилба пропишани со акт на Владата на Република Македонија заради воспоставување на нарушен јавен ред и мир во поголем обем, совладување отпор на лице кое го нарушува јавниот ред и мир или лице кое треба да се приведе, задржи или лиши од слобода, заради одбивање напад од себе, од друго лице или објект што се обезбедува, заради присилно отстранување на лица од определено место, како и лице кое не постапува по наредба на овластеното службено лице.“
Според новиот предлог Закон за полиција, полицијата може да „употреби разумна сила како крајно средство“. „Разумната сила“ се употребува „само во случај кога полициските работи на друг начин не можат да бидат извршени“.
Еве уште неколку цитати од предлог Законот за полиција:
„Средствата за присилба може да се употребат заради заштита на животот на луѓето, совладување на отпор при вршење на полициските работи, спречување бегство или одбивање на напад со предупредување и наредување од страна на полицискиот службеник, ако целта не може да биде остварена на друг начин.
„Полицискиот службеник секогаш ќе употреби средство на присилба со кое со најмалку штетни последици ќе ја оствари целта.“
„Полицискиот службеник е должен да престане со употреба на средството за присилба, веднаш штом ќе престанат причините поради кои дошло до негова употреба.“ :)
„ПОЛИЦИСКИ ЕВРОГОЛ“ можеби повеќе ќе одговара. Не заради тоа „евро“, туку заради атрактивноста и ефиканоста на изјавата на Џанго. Зашто јас колку што ги сфатив СДСМ до сега, нивно главно оружје за одржување на власт е токму тоа, секогаш да се потенцира дека спроведуваат репресивна полициска диктатура. Народот да биде цело време во страв, под штрек, да внимава што и каде зборува, а де не ни помислува сериозно да делува.
А ако веќе запне да прави некакви промени, тогаш тука стапува нивниот коалиционен партнер (ко што ги вика Тачи, милитантното крило на СДСМ) со коминикеата.
http://blog.com.mk/node/32423
Одржување на јавен ред и мир.
Спречување на криминалот, борба со него и слични активности.....
Сигурно не очекуваш дека тоа се работи кои полицијата треба да ги решава со разговор и со тапшање по рамо. Полицијата во цел свет користи мерки на сила и тука нема ништо спорно. А тоа што се јавува прекумерна употреба на сила, или она полошто злоупотреба на рпавото да користи сила тоа е веќе друг момент.
"Полицијата во цел свет користи мерки на сила и тука нема ништо спорно".
Да, ама каде употребата на сила се споменува во дефиницијата на улогата на полицијата?
Сега на крај ќе испадне дека полициите користат пендреци и оружје безправно што не е така.
Џабе се инаетиш :)
По правило, полицијата не користи „репресивни“ мерки (пендреци и оружје).
Само во исклучителни, и строго дефинирани случаи, полицијата користи „разумна сила“.
Best regards from NY!
»
best regards, nice info Thigh cuff blood pressure monitor buy buspar online dream pharmaceutical dash board covers to resore your vehicle Effexor 0.5 pink car seat cover car insurance Chambersburg fitness Buy cialis viagra Girls for matures dvd Accounting tutorials bookkeeping
Best regards from NY!
That's a great story. Waiting for more. »
Објави коментар