Еве што известува „Шпиц“ за предизборните активности на ВМРО-ДПМНЕ:
„Ние како партија најмногу ќе се противиме на идејата на СДСМ да се дозволат бракови меѓу хомосексуалците. Не смее едно здраво општество, со сила, да прави болно“ - изјавил Антонио Милошоски во Гостивар.
Истиот Антонио Милошоски се потпишува на своите колумни како „научен соработник на Универзитетот Дуизбург, Германија“, земја која не само што им овозможува „животни партнерства“ (Lebenspartnerschaft) на истополовите партнери, туку и можност да посвојуваат деца.
Дали Антонио Милошоски (инаку магистер по европски интеграции) ќе има политичка храброст да изјави дека германското општество општество е болно, наспроти нашето кое, демек, пука од здравје?
Таквата изјава, која логично следува од неговите хомофобични размислувања, сигурно би му обезбедила достојно место во Антологијата на политички гафови, ако не и екскомуникација во академските кругови поради дискриминаторскиот однос кој е неспоив со титулата "Master of European Integration".
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
каков скенер си за автоголови, свака част :)
Cool blog, interesting information... Keep it UP » »
Keep up the good work World of fragrance air freshener Compre nexiumprevacidomeprazole Hard drive enclosure sleep b roulette b wheel cars prices lamborghini Cadillac wheel cover ss camaro floor mats Cell phone barcode reader b roulette b wheel isabella awning picture 306 peugeot xr toronto awning Capitalone creditcard application status Bryant br240 circuit breaker European patents search Louis vuitton designer handbags fendi handbag jr. colleges in texas male percent body fat calculator La meridia hotel chicago il fitness wear
Wonderful and informative web site. I used information from that site its great. part time jobs philadelphia
Објави коментар