До кога ќе пееме пред избори - „Денес над Македонија се гаѓа...“?
Еве што известува „Шпиц“ за предизборните активности на ДПА во Арачиново:
„Потпретседателот Мендух Тачи вети дека ДПА за еден месец откако ќе дојде на власт ќе обезбеди мир и стабилност за Албанците, за разлика од ДУИ која, како што рече, не умее да се заштити себеси, бидејќи, според него, македонската полиција ги тепа дури и нивните високи функционери.“
Очигледно, и „миротворците“ од ДПА сакаат да се офајдат од предизборните „активности“ на нашите спроведувачи на редот и мирот. Но, од каде тоа ДПА тврди дека допрва ќе обезбедува мир и стабилност, и тоа само за Албанците, и само под услов ДПА да дојде на Власт?
Мора да станува збор за предизборни „шпекулации“, затоа што Владо Бучковски на својот изборен плакат убаво не потсетува: „Во Македонија ги вративме мирот и стабилноста.“
Зарем коалицијата „Guns & Roses“, поранешните „Учки“ и поранешниот министер за одбрана, го вратија мирот и стабилноста во Македонија?
Не ли ви е доста од глумењето „миротворци“! Ако навистина бевте за мирна и стабилна Македонија, воопшто немаше да се коцкате со мирот како адут во предизборната кампања.
Оти, не случајно, откако почнавте да играте на картата „го вративме мирот“ - „Калашникови станаа изборни адути“.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
off the topic, блогче ти се отвара ужасно споро.
иначе, за миротворциве, највише на свет сум се смеел со едни двајца колеги албанци, активисти на дуи и дпа, соодветно.
две гачки:
1. чекаме за испит на џастинијан, едно саат време нема никој, и овој од дуи вика: да видиш ахмети да беше тука, дали ќе чекавме. ќе им влезевме на сила.
2. после светла точка кога ахмети не се појави, тој од дпа вика: абе остај ги тие дуи, ништо не знаат, само калашњиков. и ние имаме калашњикови, ама знаеме и друго (тука не алудираше на друг вид огнено оружје, него на политички skills).
Џафери е интелектуалецот меѓу лидерите на нашите политички партии.
Додуша, и Ахмети покажа дека знае да чита книга... :)
Објави коментар