Ретко можат денес да се сретнат луѓе на чии што дела можеш да им се радуваш и восхитуваш.
Ја имам таа чест да ви ги претставам методите на борба на еден од најголемите борци за правна држава и човекови права, г-нот Стамен Филипов, човек кој има поднесено и добиено најмногу иницијативи за укинување/поништување на закони пред Уставниот суд на Република Македонија.
Во своето денешно писмо Кој го штити Уставот?, објавено во „Дневник“, Стамен Филипов аргументирано го критикува Уставниот суд заради отфрлањето на неговата иницијатива за оценување на уставноста и законитоста на едно Упатство.
Во една книга објавена од Министерството за правда, Стамен Филипов пронашол стручно излагање на лице од МВР во кое се споменува контроверзното Упатство, со кое се пропишува „да се врши тајна контрола на телефон и други средства за комуникација, тајно фото, видео и аудиоснимање; таен претрес; тајна контрола на писма и други пратки и соработка со лица.“
МВР тврди дека „во текот на 2000 година во Министерството за внатрешни работи не било донесено такво упатство и со таков назив“, а Уставниот суд му верува на МВР.
Мислам дека во случајов итно би требало да се вклучи Народниот правобранител, кој има овластување да повика било кое лице од МВР и да изврши увид во МВР за да утврди дали е издадено такво или слично Упатство.
Пронајденото Упатство би било клучен доказ за тврдењето дека човековото право на приватност систематски се прекршувало и се прекршува од страна на МВР.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Стамен Филипов е лик невиден! Макар да пре би рекла дека е борец за правна држава во смисла на почитување на законите, пред се.
Знам дека во МО правниците имаа уплав од него, затоа што мислам дека на нив и на МВР им е нај
с`снат. А она што најмногу ме иритираше беше дека го перцепираа како пензионер кој нема што да прави во животот па само пишува безвредни претставки, залуден од промашајот дека не станал повелик правник од оние на кои им се обраќа.
Мразам кога правничкиот сенс,и уште повеќе сенсот за правда,се поистоветуваат со кожните фотелји на хиерархијата.Каква деградација на една благородна професија!
Abe mnogu interesno e sto web adresata na ustaven e www.usud.gov.mk .... nezavisen i nepristrasen sud a? abe daaj ti se molam!
Стамен е легенда!
Да беше нашиот правен систем функционален, Стамен досега ќе беше претседател на Уставен суд.
А вака може само лекции да им држи на законодавците и судиите по уставност и законитост и да покажува колку немаат појма.
Enjoyed a lot! academy management learning education t mobile cell phone plans for family http://www.buy-acyclovir-8.info/Venta-airwasher_air_purifier_humidifier.html Healthy skin care is allegra safe Butalbital buy buy fioricet us what is fioricet http://www.car-insurance-price-4.info/andoverdentalinsurance.html Effexor generic xr
Објави коментар