Полицијата и „репресијата“

6/28/2006

За да нема никакви забуни.
Превенцијата и борбата против криминалот“ е една од основните цели на полицијата во едно демократско општество.
Во секоја држава постојат овластени лица да применуваат сила. Но, „Полицијата може да употребува сила само кога е стриктно нужно и само во мерката што е потребна за да се постигне некоја легитимна цел.“
Затоа, не се согласувам со
Вуна кога се обидува да ја критикува изјавата на министерот за внатрешни работи за „превентивната улога“. Но, речиси сосем се согласувам со неговата критика за „репресивната улога“ на полицијата.
Тоа значи дека воопшто не се согласувам со
коментарот на Анти:
"Полицијата е таков орган што многу често нема други инструменти за своето делување освен РЕПРЕСИЈАТА. Нема поинаков начин да се справиш со некој што се спротивставува на спроведувањето на судска одлука на пример - или друг пример - нема друг начин да се соочи чоек со некој Верушевски. Финтата е што ваков репресивен орган е нужен за вакво општество."
Не се согласувам ниту со коментарот на
Јаков на мојот пост Полициски автогол:
„Улогата на полицијата по дефиниција е да користи и мерки (средства) на принуда т.е. репресија.“
Како што истакнав: По правило, полицијата не користи „репресивни“ мерки (пендреци, оружје). За безбол палки ич да не праиме муабет.Само во исклучителни, и строго дефинирани случаи, полицијата може да користи „разумна сила“ и тоа само за да се постигне некоја легитимна цел:
- одржување на јавниот ред и мир и поредок во општеството,
- заштита и почитување на основните права и слободи на човекот и граѓанинот гарантирани со Уставот на Република Македонија и ратификуваните меѓународни договори,
- спречување, откривање и борба против криминалот“. (според предлог Законот)
Признанието на Џанго дека нашата полиција има „репресивна“ улога му штети на угледот на нашата полиција затоа што отстапува од улогата на полицијата како што е дефинирана во Европскиот кодекс на полициска етика.

7 коментари:

Shepard рече...

превентивна улога.. ај да појаснам..

криминал може да спречат само ако се најдат затекнати на место каде што се врши некое недело.. или да бидат добро информирани.. или да сеат страв за никој да не помисли да „крши закон“..

е сеа, ако превентивната улога полицијата ја изразува со превентивното тресење на невини граѓани од страна на алфите, кое некогаш кулминира и во ќотек, или недозволено прислушкување телефони, тогаш и подобро нека си останат на том круз..

не може најголемите криминалци да бидат „превенција против криминалот“..

превентивната улога јас ја гледам полицијата да ме направи да се осеќам безбеден, а не да ме заплашува. денес, особено по 9/11, благодарејќи на светскиот џанго - буш, таа граница е апла поместена..

сосема сликовит пример, од соседството, утакмицата меѓу партизан и звезда, и ќотекот..

Shepard рече...

мислам, сум идел у 3 саат да ја вадам малолетната ми братучедка од станица од автокоманда, собрана при рација во градски парк (!!!), 15-20 минути пред полноќ, за седење после 12..

и тоа е превенција, санкција, репресија, што?

Unknown рече...

За тоа како во практика МВР работи на превенција, иронизирав во постот „Има ли превенција од глупости?“
Меѓутоа, во принцип, не може да се одрекува дека полицијата има улога да превенира криминал (секако - не во смисла на „Малцински извештај“).
Сепак, ми се свиѓа како размишљаш: „не може најголемите криминалци да бидат „превенција против криминалот“...“
Ова е добро како предизборна парола, ама не знам како би го докажале на суд.

Shepard рече...

.. ама не знам како би го докажале на суд..
----
евентуално скриена камера? со ризлите, да идат и мини камерчиња.. најубаво.

.аНТИ рече...

Абе забегавте малце, и ја сум против прекумерна и сила повеќе отколку што треба, ама факт е дека полицијата мора да биде понекогаш насилна. Сеа треба да се васпита тоа да го прави само кога е тоа неопходно и во ниеден друг случај - тука е проблемот, а не во репресивноста/насилноста.
Што се тиче превенцијата, и самото присуство на полицаец на некое место е превенција да не се случи нешто несакано.
Исто така не би требало да се нарекува целата полиција топтан криминалци, зашто сигурно има таму луѓе кои работат добро. Се ставам во нивна кожа, многу ми пречи ко ме ставаат во кош со некои корумпирани новинари со свирчиња, по фабрики и шо ти ја знам. Мислам дека треба да се биде внимателен и со критиките, за да не преминува во критизерство.

Анонимен рече...

That's a great story. Waiting for more. Seen tv driveway alarm Anchorage drive data recovery Men exposing huge cocks automatic digital blood pressure monitors Arizona alpine walnut bookcase fine points Global international lottery incorporate Supra svelte slimming pills Seroquel leg cramps Affiliate free guestbooks program antispam programme http://www.side-effects-of-seroquel.info/Seroquel3.html

Анонимен рече...

Very cool design! Useful information. Go on! Funny vw tv commercials

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week