Сонцето е веќе елементарна непогода.
Ако надвор е пеколно жешко - а е ѓаволски пеколно; ако изложувањето на високи температури е опасно по живот - а е ептен опасно по живот; ако ултравиолетовите зраци се штетни - а се многу штетни; тогаш навистина не ми е јасно зошто луѓево воопшто излегуваат дење надвор во лето.
„Мора да се оди на работа. Мора да се заработуваат пари.“
Знам, знам. Ама зошто работното време во летен период не скрати и помести, да речеме, од 18.00 до 00.00 часот, кога температурите се подносливи за движење на отворено? Се кладам дека продуктивноста нема да се намали, туку дека ќе се зголеми.
Зошто продавниците, фабриките, пазарите и јавните установи да не бидат отворени ноќе, а затворени дење?
Толку ли сме станале робови на сопствените „дневни“ навики што не сфаќаме дека летниот сончев ден е веќе неподнослив за живот?
Во лето, ноќта не е време за спиење. Ноќта е време за живот.
Да имаше разумни политичари, ќе го прогласеа летното сонце за елементарна непогода и ќе воведеа ноќно работно време од јуни до октомври.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Кога почетокот на работното време во јавната администрација беше поместено од 7:00 на 7:30, а подоцна на 8:00, коментарот на вработените (а особено на „загрижените домаќинки“) беше, леле, го изгубивме денот.
А кога спомнаа дека веројатно ќе се оди на работа од 9:00, реакцијата беше, леле, ќе го изгубиме денот.
Пробав да им објаснувам дека денот во секој случај трае 24 часа, ама залудно.
И имаш целосна поддршка за предлогот да се работи през ноќта, мене ми одговара. А и колегите ќе бидат задоволни, претпоставувам. Ќе работат цела ноќ и ете им го денот, нека прават манџи и чистат по дома!
Г-ине Сивил Сервантес, браво за името.
Но, ако денот трае 24 часа, колку трае ноќта? :)
Ми доаѓа носталгично да се пожалам: „И времето веќе не е такво како што беше на времето.“
Моја грешка, не денот-деноноќието трае-прае 24 часа.
Инаку, ноќта трае. Уште некоја минута. И би потрајала, ама утре морам да сум во 8 на работа („обавезно“:))))
Затоа гласам за предлогот „од 18.00 до 00.00 часот“, такви сме ние зомбите===
Еве го 5 часот наутро, јас уште не сум легнал. Што друго да кажам?
Објави коментар