Еве како практично функционира фамозната Е-Влада:
Владината страница не се ажурира редовно. Англиската верзија на основните факти за Република Македонија (каде што како глава Х од Уставот е сместен Рамковниот Договор???) со години е under construction.
Ако кликнете на линкот „Агенција за информации“, тој ќе ве одведе на страницата на Комисијата за заштита на правото за слободен пристап до информациите од јавен карактер, каде што последната информација е „СТРАНИЦАТА Е ВО ИЗРАБОТКА“.
Толку фалената страница http://www.uslugi.gov.mk/ не се ажурира (На пр., иако служењето воен рок не е задолжително, сеуште стојат документите Барање за одлагање на служење воен рок по друг основ, Барање за одложување на служењето на воен рок за студенти).
Отидов на линкови, ама линковите на МНР и Министерството за земјоделство не функционираат. Страницата на Министерството за правда е речиси празна и неажурирана. Жива срамота е податокот дека е спонзорирана од ФИОМ - Метаморфозис.
Последните вести на страницата на МТСП се од 28.04.2006 а на страницата на Министерството за економија од март 2006.
Само на страниците на Министерство за транспорт и врски и Министерството за економија забележав опција за албански јазик.
Само на страниците на Министерството за локална самоуправа, на Министерството за внатрешни работи и на Министерството за здравство забележав некаква веб-статистика. Министерството за економија има ставено сајтмитер, кој покажува просек од 125 посети дневно, а сајтмитерот на Министерството за финансии покажува просек од 171 посета дневно. Јадно и бедно. Многу блогови се попосетени од официјалните страници на владините министерства.
Министерството за образование и наука и Министерството за внатрешни работи под итно треба да го сменат дизајнот за да не се брукаат со своите веб-страници.
Убедливо најсупериорна е страницата на Министерството за одбрана, која има и богата фото галерија и видео продукција.
Општо земено, од тоа како е исполнето ветувањето за едното Е (Е-Влада) можеме да насетиме како ќе бидат исполнети и ветувањата за трите Е (Економија, Едукација, Европа) - доколку СДСМ остане на власт.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
3 коментари:
„...од тоа како е исполнето ветувањето за едното Е (Е-Влада) можеме да насетиме како ќе бидат исполнети и ветувањата за трите Е (Економија, Едукација, Европа) - доколку СДСМ остане на власт....“
Ииииииииии!!!
Ветувањата треба да се исполнуваат?! Немој, бре, Жаре вака ... им кршиш филм на луѓето. Како се залетани, заветувани... ЕхЕхЕ...
Е-владата е е-маскенбал :)
Велиш, "Е-влада си имаме, е-народ си немаме..."
Понекогаш помислувам дека олку е... народ заслужува толку е.... влада.
Можам да разберам што овие се заветувани, не можам да разберам како луѓево се уште заверувани... :)
Кога велам, „Жива срамота е податокот дека е спонзорирана од ФИОМ - Метаморфозис“, секако дека е жива срамота за Министерството за правда, а не за Метаморфозис кои добиле прилика да се промовираат на Владина страница.
Објави коментар