Брука невидена!

1/09/2007

Навистина е смешна игноранцијата со која нашиот премиер се обидува да им се потпикне на „Американците“. Погледнете само како политички неукиот Груевски го цитира Томас Џеферсон, инаку општо познат како творец на прочуената фраза „ѕид на поделба помеѓу црквата и државата“:

„Томас Џеферсон, еден од основачите на американската држава рекол: „Ниту една нација досега не постоела, ниту пак била управувана, без постоење на религијата. Ниту пак некогаш ќе биде.“ (Обраќање на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, на традиционалната новогодишна средба на верските заедници во Македонија.)

Ова е невидена злоупотреба на ликот на Томас Џеферсон, кој мора да се превртува во гроб после изјавата на „црни Грујо“. Доволно е само да кликнете на тетка Вики, да ѕирнете во посебното поглавје „црква и држава“, и да го прочитате следниот познат цитат каде што Џеферсон го демантира Груевски:

„Државните цркви кои ја користат моќта на власта за да се поткрепат себеси и да ги наложат сопствените гледишта на лицата од други вери ги подриваат сите наши граѓански права. Уште повеќе, државната поддршка на црквата го прави свештенството неодговорно во однос на народот и доведува до корупција внатре религијата. Затоа, подигнувањето „ѕид на поделба помеѓу црквата и државата“ е апсолутно суштествено за едно слободно општество.“

Еве уште еден цитат од Томас Џеферсон, борецот против „свештеничката игноранција и суеверие“: „Во секоја земја и во секој период, свештеникот бил мразител на слободата. Тој секогаш бил во сојуз со деспотот, ублажувајќи ги неговите злоупотреби за да добие заштита за возврат.“

Брука невидена!

Симптоматичната фотографија е преземена од Владина страница.

2 коментари:

Анонимен рече...

Џеферсон неможе да го демантира Груевски, Вики може... нејсе, добро е што не го цитирал Бенџамин Франклин :)

Секој кој прочитал само една лекција од американската историја ќе знае дека Америка е подигната како оглас против религиозните уредувања на стариот континент. Најголемите анти-религиозни лидери од тој период се на тлото на америка, почнувајќи од Џеферсон, па еден ЛИнколн па Френклин. Ама кога може еден Буш денес да гази по тие основи кои САД го направиле она што е денес (несомнено најнапредно општество кое некогаш го имало), зошто да не може Гвујо. Неписмен со неписмен се дружи Жаре...

Анонимен рече...

of lele mrak, mrak neviden, se vozbudiv epten so postov, svaka chast.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week