Алфите интервенираат заради „сомнително движење“?

1/21/2007


Стигна одговор од МВР по повод случајот за кој пишував во постовите Полициско самоволие: „Алфите“ ме легитимираа и понижуваа без да ми кажат причина“ и Сомнително лице.

Во одговорот пишуе дека „...поради Вашето сомнително движење пристапиле кон легитимирање со цел да го утврдат Вашиот идентитет. Кога ве пресретнале сте почнале забрзано да одите за што ви била издадена усна наредба „Застани полиција“.“ (?!?)

Какво е тоа „сомнително движење“, ви се молам?

Какво е тоа „полициско“ пресретнување кога цивилен автомобил ќе ви дојде од зад грб, ненадејно закочувајќи на метар-два зад вас?

Кога се свртев да видам што се случува, дури тогаш забележав како едно лице во цивил, на среде улица ми вика „Застани полиција“. Најмногу што „признавам“ е претходно инстинктивно да сум се сецнал, поради ненадејното кочење на автомобилот зад мене, што е сосем нормална реакција. Објаснувањето дека прво сум почнал забрзано да одам, поради што ми била издадена усна наредба „Застани полиција“ - е апсолутно неточно.

Но, дури и да претпоставиме, чисто хипотетички, дека полициското објаснување е точно - дури ни во таков случај полициската акција не би имала законско оправдување. Ако некој непознат цивилен автомобил ненадејно закочи зад вас околу полноќ во празна уличка, и од него излезат тројца набилдани цивили, сосема нормално и логично би било да почнете „забрзано да одите“, ако не и да се обидете да фатите џенем.

Дали тоа МВР препоставува дека граѓаните имаат „шесто сетило“ според кое треба да знаат дека си имаат работа со полиција уште пред полицајците во цивил да се легитимираат или пред да издадат усна наредба „Застани полиција“? Дури и да имало некакво „забрзано одење“ (а категорично тврдам дека немаше), како може тоа да биде основ за полициска интервенција, кога во тој момент само „Алфите“ знаат дека се полицајци, а не и лицето кое (божемски) почнало „забрзано“ да оди?

Што ќе се случеше, на пример, ако наместо да застанам кога закочи автомобилот, се уплашев и почнев да бегам, пред да ми биде издадена усна наредба „Застани полиција“? Ќе бев ли уште посомнителен поради тоа што сум избегал од тројца настрвени цивили кои одеднаш изрипале од автомобил кој ненадејно закочил зад мене?

Во документот на МВР јасно стои дека „едно овластено службено лице ми се легитимирало“. И покрај тоа што другите две лица постапуваа спротивно на Законот за внатрешни работи („Кога овластеното службено лице ги врши службените работи во цивилна облека, должно е претходно да се легитимира“), Секторот за внатрешна контрола утврдува дека лицата „постапиле согласно уставните и законските овластувања и согласно правилата и прописите кои се применуваат во Министерството за внатрешни работи“.

Притоа, во одговорот на мојата поплака воопшто не се земени предвид, а камоли разгледани моите аргументи за: ненаведување на причините за легитимирањето (спротивно на чл. 7 ст. 1 од Правилникот за вршење на работите на МВР); непочитување на моето лично достоинство, како и предизвикување на нечовечко и понижувачко постапување; низок степен на професионализам на неуниформираните припадници кои ме сопреа и легитимираа, без да кажат добровечер, без да се претстават, однесувајќи се напати без никаква почит и крајно непристојно и неслужбено (спротивно на чл. 6 од Правилникот за вршење на работите на МВР); необезбедување помош и услуга во однос на тоа каде точно можам да поднесам поплака за нивниот непрофесионален однос.

Според нашиот и европскиот кодекс, „Припадниците на полицијата секогаш мора да ја верификуваат законитоста на своите планирани акции.“

Во овој случај, во документот од МВР не се споменува ниту еден член од закон според кој е изведена полициската акција врз мене.

На крај излегува дека сум бил запрен, легитимиран, понижуван (а за малку ќе бев и претресен без судска наредба - ако се согласев) заради „сомнително движење“?

Јавно ја повикувам министерката за внатрешни работи да им објасни на граѓаните кое движење е „сомнително“, а кое не е (и врз основа на кој закон/правилник), за граѓаните да можат да превенираат понижувачки контакти со „Алфите“, што секако ќе им заштеди не само време, туку и многу нерви и залудно потрошена енергија.

Со оглед на тоа што немам никаква сатисфакција за повредата на моето лично достоинство и понижувачкото постапување, ниту пак разумно објаснување за причините на полициската акција, следниот мој чекор ќе биде поднесување претставка до Народниот правобранител.

Ако и таа постапка не исходува со некаква сатисфакција, тогаш не ми преостанува ништо друго освен да си испечатам визит-карта со професија „сомнително лице“, или пак да основам невладина организација за заштита на лицата со „сомнително движење“.

6 коментари:

Shepard рече...

мизерија..

Анонимен рече...

министерство за смешно одење

GoodBytes рече...

Што ќе се случеше, на пример, ако наместо да застанам кога закочи автомобилот, се уплашев и почнев да бегам, пред да ми биде издадена усна наредба „Застани полиција“?

Најверојатно ќе те упуцаа во нозе, ако имаш среќа да нишанат добро.

Најлошо е што „полициската солидарност“ е најголема кочница за промената на менталитетот и манирите.

Unknown рече...

„министерство за смешно одење“ - и мене ми текна на истото :)
„Најлошо е што „полициската солидарност“ е најголема кочница за промената на менталитетот и манирите.“
Ако, човек не може да има доверба ниту во полицијата, ниту во Внатрешната контрола, ниту во Народниот правобранител - тогаш човек губи комплетна доверба во системот.
Парадоксот е во тоа што професионално, како промотор на концептот на заштита на човековите права, треба да ги убедувам луѓето да имаат доверба во институциите од системот за заштита на човековите права, вклучително и во полицијата.
Објаснете ми само како...

Комитата рече...

тотално съмнителен си, не се оправдавай ;-)

Анонимен рече...

Имам 22 години и бев со братучед ми кој има 17 години во диско. Но околу 01 по полноќ си појдовме и само да фатевме такси ете ти ги алфите едно 10 души кои беа тргнати накај диско, од кои двајца појдоа накај нас. Кажаа добровечер најкултурно и ни побараа лични карти. Јас за среќа носев пасош и рекоа за мене не е проблем, и му се нафрлија на братучед ми, кој е малолетен, т.е. го прашаа за л.к. и кога кажа дека не носи и дека има 17 години, едниот од алфите му се развика, и 2-3 пати му се закани дека ќе му мавне неколку боксови. Потоа му земаа податоци, кажаа дека ќе му стигнала некаква пријава што ти знам и дека треба да плати казна.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week