 Понекогаш, за да смениш некои работи, наместо инает ти треба само малку кликер (Петокраката тешко ќе го загуби сјајот!).
Понекогаш, за да смениш некои работи, наместо инает ти треба само малку кликер (Петокраката тешко ќе го загуби сјајот!).  
Зошто да се менува ѕвездата петокрака од грбот, кога петокраката е симбол и на ЕУ, а ние сме земја кандидат за ЕУ?
За почеток, додека не се постигне консензус за ново идејно решение (во кое дефинитивно треба да има и ѕвезда-петокрака како симбол за нашиот влез во ЕУ), најлесно е досегашната петокрака да се пребојадиса во жолто, и тоа на сина позадина (како што е кај Грбот на страницата на Претседателот и слично како на знамето на СДСМ - ама без ружа).
Ем СДСМ сит, ем ВМРО-вците на број, ем црвената петокрака ќе замине во историјата.
 
 
 
 
 
 
8 коментари:
Се сложувам.
На Бивша Југословенска Република и` прилега и Бившо-Југословенски грб, секако.
луцидна забелешка, нема што :)
Od sabajle site gi mrazis, a od porucek sam se mrazis! Neka ti e nazdravje!
А што се фатиле сите толку за таа петокрака?
Ако целта е „отстранувањето на идеолошкиот симбол“, тогаш треба да ја променат цела композиција на грбот којшто е направен по урнекот на советскот грб. По истиот урнек се и грбовите на сите советски републики, како и грбот на СФРЈ и братските југословенски републики.
Според член 8 од Уставниот закон за спроведување на Уставот на Република Македонија, законот за грбот, знамето и химната на Република Македонија требаше да се донесе во рок од шест месеци од денот на прогласувањето на Уставот.
Не е спорно дека таков закон е донесен (објавен во Сл. Весник на РМ од 09.07.1997), со над пет години задоцнување.
Интересно решение... Мада мислам дека имаше и некои други предлози уште од порано за тоталка нов грб различен од сегашниот...
Објави коментар