Сомнително лице

1/07/2007

Тоталитарниот менталитет сеуште царува кај нас:

„Штом те прашуваат имаат причина“ - претпоставува еден анонимен коментатор на постот „Полициско самоволие: „Алфите“ ме легитимираа и понижуваа без да ми кажат причина“.

Навистина, во Законот за внатрешни работи кој е во сила, стои само генерална одредба дека „Овластените службени лица имаат право да ги легитимираат граѓаните заради утврдување на нивниот идентитет.“ (чл. 27).

Индикативно е тоа што стои „имаат право“, наместо „имаат овластување“. Токму затоа, во мојата претставка можев да се повикам само на Правилникот за вршење на работите на МВР кој прецизира во кои услови и како може да се изврши службеното дејствие - легитимирање.

Меѓутоа, во новиот Закон за полиција (кој е стапен во сила, но уште не се применува) јасно се прецизирани случаите во кои се врши проверка и утврдување на идентитет на лица, како и тоа дека „Полицискиот службеник е должен да го запознае лицето за причините за проверката на неговиот идентитет“ (чл. 38).

И во српскиот Закон за полиција (чл. 42) постои одредба дека „Овластеното службено лице е должно да го запознае лицето со причината за проверката на неговиот идентитет“, а иста таква одредба постои и во хрватскиот закон (чл. 25): „Полицискиот службеник е должен да ја запознае личноста со причината за проверка на нејзиниот идентитет“.

Значи, откако ќе почне да се применува Законот за полиција (во ноември 2007), полицијата ќе е законски должна да ви ги каже причините за проверка на идентитетот. До ноември 2007, причините за легитимирањето ќе можете да ги дознаете само ако побарате од Народниот правобранител да ви обезбеди копија од извештајот за легитимирање (дури и ако отидете во полиција, ќе ви кажат дека не се должни да ви дадат копија од извештајот).

Значи, до ноември, полицијата ќе „има право“ да сопира и легитимира „сомнителни“ лица, без притоа да дава образложение зошто е извршено сопирањето и легитимирањето.

Како беше тоа - „Штом те легитимираат и прашуваат, сигурно имаат причина“.

Кој ми е крив што не можам да се помирам со фактот дека сум сомнително лице - со самото тоа што носам брада, капа, и шетам сам по улица околу полноќ.

3 коментари:

Unknown рече...

Проверка и утврдување на идентитет на лица и предмети
Член 38

Проверката на идентитетот на лице ќе се примени кон лицето:

1. кое треба да се лиши од слобода, приведе, задржи, упати или предаде на надлежен државен орган или установа;

2. од кое се заканува опасност за чие спречување е неопходно полициско постапување;

3. над кое се извршува преглед или претрес или се превземаат други со закон утврдени мерки и активности;

4. кое е затечено во туѓ дом, објект и други простории или во превозни средства над кои се извршува преглед или претрес, ако проверката на идентитетот е потребна;

5. кое е затечено на простор или објект на кој е привремено ограничена слободата на движење и задржување, ако проверката е неопходно потребна;

6. кое пријавува извршено кривично дело или прекршок или сторителите на тие дела, односно соопштува информации од интерес на работата на Полицијата, освен ако лицето кое го пријавува кривичното дело или прекршокот не сака да се идентификува;

7. кое со своето однесување предизвикува сомневање дека е сторител на кривично дело или прекршок или дека има намера да стори такви дела или кое одговара на описот на лице по кое се трага;

8. кое ќе се затекне на местото на извршено кривично дело или прекршок;

9. кое се наоѓа на место на кое заради безбедносни причини е потребно да се утврди идентитетот на сите лица или на поголемиот број лица;

10. на оправдано барање на службено лице од државен орган, правно или физичко лице и

11. во други случаи утврдени со закон.

Анонимен рече...

Е ова е шокантно. Кога веќе и членот 48 го прочитав - сфатив дека _ретко_ кога, ако воопшто некогаш, некој полицаец во моето лично искуство и искуството на моите блиски пријатели не ги прекршил овие норми.

НТШ на пример, ја имаат легитимирано и претресено сестра ми и нејзината пријателка во сред бел ден во парк, а претходно без да им се претстават ги уплашиле зборејќи им што ли се сеа може да им направат вака сами во празниот парк. (болно)

патем - го копи-пејстирам членов на вики страната.

Unknown рече...

Да не настане забуна, цитираниот член од Законот за полиција ќе почне да се применува дури во ноември 2007.

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week