„Растројствата“ на проф. д-р Чадловски

1/31/2007


Од учебникот „Медицинска психологија“ (Просветно дело, 2004), студентите по медицина учат дека хомосексуалноста е „растројство на сексуалниот нагон“ кое се јавува како симптом на одредени душевни растројства (ментална ретардираност, шизофренија, деменции) или кај психопатски личности.

Автор на учебникот е промоторот на „електрошокот“ проф. д-р Георги Чадловски, веќе спомнат во постот Кому му треба „електрошок“?.

Истиот професор го потпишува и учебникот „Психијатрија“ (заедно со соработниците - Просветно дело, 2004), во кој хомосексуалноста се јавува во „Симптоми и синдроми кои поттекнуваат од растројствата во нагонската сфера“, во иста група со копрофагијата, канибализмот, некрофагијата, педофилијата, геронтофилијата, зоофилијата...

Во истиот учебник се групирани растројствата според МКБ-10 на Светската здравствена организација, но таму не може да се пронајде хомосексуалноста во групата „растројства на сексуалната преференција“ - каде што се сместени „фетишизам, фетишистички трансвестизам, егзибиционизам, воајеризам, педофилија, садомазохизам...“

Значи, Георги Чадловски, кој е потпишан како „директор на клиниката за психијатрија при ЈЗО Клинички центар - Скопје и шеф на Катедрата за психијатрија при Медицинскиот факултет во Скопје“, самоволно ја прогласува хомосексуалноста за растројство, иако таа не е специфицирана во листата на ментални растројства на СЗО. Во оваа листа (во одделот F66) кристално јасно е укажано дека „Сексуалната ориентација самата по себе не треба да се смета како растројство“ ("Sexual orientation by itself is not to be regarded as a disorder").

И во книгата The ICD-10 Classification of Mental and Behavioural Disorders - издадена од СЗО, јасно е укажано дека „Растројствата на сексуалната преференција се јасно разграничени од растројствата на родовиот идентитет, а самата хомосексуалност не е веќе вклучена како категорија.“ („Disorders of sexual preference are clearly differentiated from disorders of gender identity, and homosexuality in itself is no longer included as a category.“ - стр. 11).

Имајќи предвид дека „насоките на Светското здружение на лекарите и Светската здравствена организација, се задолжителни за сите лекари на Македонија, и дека лекарите се должни „да ги познаваат начелата и да ги применуваат при вршењето на секојдневните работни и општо-човечки обврски“(член 112 од КОДЕКС НА МЕДИЦИНСКАТА ДЕОНТОЛОГИЈА), Медицинскиот факултет е должен да преземе соодветни мерки против проф. д-р Георги Чадловски заради прекршување на одредбите од кодексот.

Исто така, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ треба под итно да ги повлече споменатите учебници од употреба, за да спречи натамошни повреди на личното достоинство на хомосексуалците, како и нивното право на слободен избор на сексуална ориентација, која проф. д-р Георги Чадловски ја прогласи за душевно „растројство“.

Во „нормални“ земји, на ваквите професори и лекари кои поучуваат и лекуваат спротивно на принципите на СЗО, веднаш им даваат отказ или ги праќаат во предвремена пензија.

Да видиме дали сме нормална земја. На потег се надлежните институции.

Аферата со волна


Нема играње играчки со волна.

Во Македонија, волната отсекогаш била на цена (за разлика од персиските килими). Ако си фабрикант на персиски килими - ќе спасиш жива глава со 20 години „тешка присилна работа“.

Но, ако си чиновник „утаивач“ на волна - смрт со „обесуење“, а ако си директор на банка или претпријатие - смрт со стрелање.

Класните разлики немаат никаква врска - и „пљачкашите и разбојниците“ се осудени на „смрт со застрелуење“.

Бугарската гордост

1/30/2007

Што вели бугарскиот амбасадор во Македонија:

„...секој треба да се гордее со својата земја и со своите државници, но јас би кажал три важни работи кои се поврзани и со физиката и со тоа дека човекот е дете на природата и живее во овие региони. Бугарија е нуклеарна земја, односно таа произведува и користи нуклеарна централа и ќе изгради втора таква за да ги задоволува своите потреби од енергија и не само своите, туку и на регионот кога ќе има потреба. Бугарија е приморска земја, тоа не е малку, бидејќи освен сувоземните граници, таа има и морска граница која ја поврзува со светот, тогаш кога станува збор за големи товари, тогаш кога станува збор за Коридорот 8, за кој ние говориме. Освен што таа е и воздухопловна земја, таа е космичка земја и таа има контакти по линија на истражувањето на вселенскиот простор и би било ненормално ако ние не се гордееме со тоа и не го предлагаме како експеримент, како морална поддршка на сите наши соседи, во тие рамки и на Република Македонија.“ (Интервју на амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија Михо Михов за Македонското радио - Радио Скопје)

Ги прашувам нашите соседи:

Дали сте горди на вашиот умен и научно елоквентен амбасадор?

Дали сте горди на својата земја и своите државници?

Еве уште еден прилог, како неговата екселенција го замислува разрешувањето на идните конфликти (во контекст на „инцидентот со Мара Бунева“):

„...тие што сакаат да празнуваат нека празнуваат, а тие што се против нека стојат малку подалеку или понастрана или воопшто да не учествуваат како посматрачи или провокатори, ако не можат да ги совладаат своите внатрешни чувства.

Република Македонија не е ниту нуклеарна, ниту приморска, ниту космичка земја.

На што да се гордееме, прашање е сега?

На солунските атентатори и Мара Бунева?

Името не го менуваме?


Досега името на нашата држава сме го менувале неколку пати:

1. Од „Демократска Федерална Македонија“ во „Народна Република Македонија“ - 1946.

2. Од „Народна Република Македонија“ во „Социјалистичка Република Македонија“ - 1963.

3. Од „Социјалистичка Република Македонија“ во „Република Македонија“ - 1991.

4. Наместо „Republic of Macedonia“ нашите политичари дозволија да бидеме примени во ООН како "the former Yugoslav Republic of Macedonia" - 1993.

По признавањето на уставното име на Република Македонија од страна на огромен број држави, не е лошо Владата да подразмисли на тема - менување на уставното име на државава (уште подобро - во пакет со нов Устав кој ќе ги одразува европските вредности и нашите стремежи за побрза интеграција во ЕУ).

Мојот поранешен предлог беше - „Република Нова Македонија“ (Macedonia Name Issue: Something Completely New!), но не би имал ништо против да бидеме именувани во ОН и ЕУ како „Република Вардарска Македонија“ или како „Демократска Република Македонија“.

Се ми е поарно отколку некрофилското "the former Yugoslav Republic of Macedonia".

Едно те исто

По метафоричките „хебли“, Коља почна да гаѓа и со „лајнени стапови“:

Еве го, значи, мојот денешен пример за нашата мафијашка држава-партија: во таа годишна програма за култура името на претседателот на Собранието, Љубиша Георгиевски, го наоѓате речиси зад секоја трета грмушка! (Да, на тоа личи Македонија во 21 век: на некаква предцивилизациска прерија во која илјадници ѕверчиња осамено го крцкаат својот плен, секој зад својата грмушка.) Даночните обврзници, значи, на вториот човек во политичката хиерархија, годинава ќе му платат да го сработи својот игран филм (заедно со Дарко Митревски), да ги објави своите високоумни политички мисли во десет тома (!!!) и да направи најмалку една театарска претстава!“ (Лајнени стапови за глинените војници).

Но, во што е проблемот?

Зошто издавачите правно не го оспоруваа конкурсот уште кога беше објавен?

Зошто, наместо да лаат во ветер, не почнат да водат правна битка за поништување на конкурсот или за ревидирање на резултатите?

Зошто не поднесат претставка до анти-корупциската комисија?

Вака, секоја година - „едно те исто, едно те исто...“ - а карванот си врви.

Со „хебли“ и со „лајнени стапови“ културна политика не бидуе.

DONT Do It with YOUR SELF?

1/29/2007

Во отсуство на сексуално образование, токму порнографијата сексуално ги воспитува младите:

„Воведувањето порнографија во училиштата заслужува внимание, барем исто толку колку што заслужи предлогот за воведување веронаука.“ (Порнообразование)

А наместо порнографија и веронаука, конечно да почневме да размислуваме на тема - сексуално образование!

Учениците, а богами и родителите, имаат реална потреба од сексуално образование - образование за сопствените сексуални права и одговорности, за факторите на сексуалното здравје, за тоа како да се заштитат од несакана бременост и од сексуално преносливи болести.

Погледнете ја само анти-кампањата за сексуална различност објавена на страниците на битолското списание „Култ“.

За некои битолчани постојат само три типа на сексуалност.

Очигледно, некои сеуште знаат да бројат само до три.

Предлагам, во учебникот за сексуално образование да има посебно поглавје - сексуална математика.

Инвестирајте во стабилност

Неколку интересни изјави од интервјуто со „читателот“:
„Имав конкретна понуда да формираме влада без ВМРО-ДПМНЕ. Во неа ќе беа СДСМ, ДУИ, НСДП, ВМРО-НП, двајца независни и ќе имаше 66 пратеници. Не ја прифатив понудата бидејќи ја почитувам волјата на македонските гласачи.“
„...јас бев на чело на ОНА, бидејќи не сакав да дозволам Македонија да стане Либан или Палестина.“
„Сакаат да ја поделат Македонија, да слушнеме како ќе ја поделат.“
„...ДУИ даде доволно аргументи дека е против федерализација и поделби.“
(
Не и' мислиме лошо на нашата земја).
Можеби е крајно време Груевски да ја посети Шипковица и како
Премиер на сите граѓани да ги расчисти сомнежите дали неговата партија навистина учествувала на средби со Џафери, Џинџиќ и претставник од Косово за евентуална поделба на регионот – како што тврди Ахмети.
Не сум сигурен дека некој би инвестирал во Македонија ако не е убеден дека земјата ќе остане стабилна и безбедна.

Откријте го натрапникот

1/27/2007

Изгледа и мојот ментално-имунолошки систем не е толку јак, штом дозволив да ме зафати вирусот „штафета“. Еве пет нешта и за мене:

1. Не сум го гледал најгледаниот филм на сите времиња, легендарниот „Титаник“.

2. Не сум го читал „Кодот на да Винчи“.

3. Сум победил на најидиотскиот квиз на сите времиња во Македонија.

4. Како мало дете, си го имам сомелено показалецот во машина за мелење месо.

5. Не сум имал секс прилично долго време.

Само еден од горенаведените искази е невистинит.

Откријте го!

Малку да го измутираме вирусот.

Расистичка контаминација на јавниот простор

На некои новинари треба со време да им се каже дека е редно да заминат во пензија. Особено кога ќе почнат да го контаминираат јавниот простор со навредливи термини како „македонски гниди“ и „бугарски вошки“:

Можам да ги разберам комплексот и фрустрациите на одредени хански потомци што не се и не можат да бидат Македонци, па таа хендикепираност се обидуваат да ја надоместат со безочно крадење на македонската историја, култура, литература и со присвојување македонски дејци, дури и на такви кои биле пламени борци против великобугарската идеја. Но, не ми е премногу јасно зошто одредени македонски гниди, на кои, сигурен сум, не им се непознати вредностите на оваа митска земја, толку упорно се обидуваат да се трансформираат во бугарски вошки.“ (Пропагандата го архивира Мисирков).

За греота сме со вакво ниво на критичко мислење, каде што наместо аргументи, фрчат расистички забелешки кои имплицитно сугерираат „требење“ на штетниците.

Ваков говор не враќа во 1945, кога „во името на народот“ теледиригираните толпи бараа линч на изродите и чистење на предавниците на македонската национална чест. Тогаш беа „истребени“ и оние кои не се согласуваа со догмата дека „Без слободна и јака Југославија, не може да постои слободна и јака Македониа“.

Да потсетиме, нашиот стремеж кон ЕУ подразбира и извесни одговорности - промоција и почитување на човековите права и достоинството на секој човек, особено промоција на интеркултурниот дијалог и почитување и промоција на културната разноликост.

Ширење на расизам и ксенофобија кон граѓаните на една соседна земја членка на ЕУ не е придонес ниту кон интеркултурниот дијалог, ниту начин да ја оствариме нашата цел - да станеме членка на ЕУ.

Нашите културни спорови со Грција и Бугарија можеме да ги надминеме со повикување на „европски“ аргументи и вредности, а не со нетолерантен говор кој е симптом на културен примитивизам.

Блогирањето како нова (ре)креативна културна индустрија?

1/26/2007

Мошне тешко е да се илустрира на кој начин македонската блогосфера ја промовира разноликоста на културните изразувања. Претенциозно е да се класификуваат блоговите и блогерите, имајќи го особено предвид плурализмот на блогерски идентитети и нивната нестабилност.

И покрај сите ризици, ќе се осмелам да разликувам неколку блогерски „ориентации“:

1) Литературна ориентација - Етна, Букарски, Јуракот, Дуле Варваринот, мечето УШКО, talent-free, Зглобникот, Таа, Емил Ниами, Вргудинка, Летаргичан, Венера, Зоки Спијач, Антипункт, Вуна, Лукчето, Сивило, НМП ЧИТАНКА...

2) Култур-критичка ориентација - Bi, Мakondo, Schizochronia, Robot Vampir, tv-set on blue, Рибаро, IACOVIBUS, Блогот на ВББ, Moby... Тука, не без скепса, ги вклучувам и критичарите на медиумите: Развигор ;-), Goodbytes, Комуникации... - а би ги вметнал и фотографските блогови - photographic DIARY, photo-soulz, Етна...

3) политичко-новинарска ориентација - .аНТИ, Вуна, Вуна2, Оксиморон, Скопски времиња, Трибун, Канализација, КНСИС, Јади Бурек, Баждарџијата, Волан, Македонска левица, Македонска десница, Филип Петровски...

Специјално би ги споменал, заради нивниот културен придонес:

- Шепард, за својот оригинален придонес во промовирањето на постот како нов реторички жанр, за дизајнерски способности, како и за промовирањето на дијалог помеѓу културите преку неговото учество на меѓународниот блог Topics192.

- Aрхеолошки дневник ©/Археолошки дневник vol.1, Македонска историја и Macedonian Folk Songs - како промотери на македонската култура и наследство.

- РТВ-ВББ - како посебен блогерски феномен кој со организирањето на тематски журки го претвoри својот блог во Радио-Телевизија, со гледаност/слушаност барем колку МРТВ.

- Гершанина - за својот оригинален дневнички стил, како и несебичниот придонес во сексуалното образување на нашиот емотивно неписмен народ.

- Летаргичан - за шприцањето нов дух и духовното облагодорување на македонскиот литературен јазик.

Македонци

1/25/2007

Македонец како регионален идентитет:

Караманлис тврди дека е Македонец („како и два и пол милиони Грци“) - и зошто толку џева?

И Комитата тврди дека е Македонец: „В България под думата "македонец" се разбира българин, който е от региона Македония или гражданин на република Македония. Ето например аз и още 3 милиона българи се смятаме за македонци, но в никакъв случай не се смятаме за част от някакъв друг народ, различен от българския, нито пък смятаме македонските си корени за различни от българските.“

Сите кои се родени, потекнуваат, или живеат во било кој регион на Македонија можат да си се нарекуваат Македонци, и нема ништо спорно во тоа.

Македонец како припадник на македонската династија:

Кој може да спори дека непријателот на Самоил, Василиј II бил Македонец - припадник на македонската династија?

Македонец како поданик на древна Македонија:

Неспорно е дека Александар Велики бил Македонец, исто како што е неспорно постоењето на античка Македонија.

Македонец како жител на многубројните населени места ширум светот наречени „Македонија“:

Можете ли да порекнете дека не се Македонци жителите на овие места? „Градови Македонија има во сојузните држави Алабама, Арканзас, Конектикат, Џорџија, Илиноис, Индијана, Ајова, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Њу Џерси, Северна Каролина, Охајо, Пенсилванија, Тенеси, Тексас, Вирџинија и две во Њујорк. (...) Името Македонија го носи и гратче во австралиската сојузна држава Викторија, под планината Македон (...) Името Македонија го носат и гратче со 3.661 жител во бразилската сојузна држава Сао Паоло, вештачко островче на Соломонските Острови, гратчиња во Шкотска, Романија, Куба и Колумбија.“ (Платиш за Македонија, одиш во Авганистан).

Македонец како граѓанин на Република Македонија

Ниедна друга држава во светот освен нашата не го содржи во своето уставно име зборот „Македонија“. Може ли некој да им оспори на граѓаните на оваа држава да се нарекуваат „Македонци“?

(Наспроти официјалните резултати од пописот, во коментарот на постот Тиранија на етничкиот идентитет?, Оксиморон тврди дека: „Во Македонија живеат МАКЕДОНЦИ со македонско, словенско потекло, МАКЕДОНЦИ со албанско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со турско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со српско национално потекло, МАКЕДОНЦИ со влашко потекло, МАКЕДОНЦИ со ромско потекло, МАКЕДОНЦИ со бошњачко потекло .... значи сите се МАКЕДОНЦИ. Сите кое се родени и живеат во Македонија, на кои во изводот и уверението за државјанство им пишува дека имаат македонско државјанство - се МАКЕДОНЦИ. Сите кои имаат македонски лични карти и пасоши се МАКЕДОНЦИ. По националност и вероисповед можат да се декларираат како сакаат, но по државјанство се МАКЕДОНЦИ.“)

Македонец во етничка смисла, како припадник на македонскиот народ:

Кој може да го оспори фактот дека извесен дел од Земјаните се идентификуваат како Македонци, во етничка смисла?

Кој може да го оспори фактот дека на пописот во Република Македонија од 2002 год. 1.297.981 лица се имаат изјаснето како Македонци?

Кој може да го оспори фактот дека одреден број лица и во други земји - Бугарија, Грција, Албанија, Србија, Хрватска, Австралија, Канада, САД, Нов Зеланд... - исто така се идентификуваат како Македонци во етничка смисла?

Нема ништо побесмислено од националистичките слогани „Има само една Македонија!“, „Ние сме вистинските Македонци!“.

Има повеќе различни идентитети - Македонци, и бесмислено е да се оспорува било кој од нив.

Сами си се „Фиром-изираме“

1/24/2007

Каква ноторна лага:

Дејвис: Македонија во Советот на Европа е примена како ПЈРМ (А1-МИА).

Ете ти го влијанието на Фрчкоски (Профилот на ФИРОМ-џијата). Сега и новинарите не прават разлика помеѓу акронимот ПЈРМ и дескрипцијата „Поранешна Југословенска Република Македонија“ - под која сме примени во Советот на Европа - како "the former Yugoslav Republic of Macedonia" (во наводници!).

А во исто време, во изјавата на грчкиот премиер објавена на сајтот на COE не стои „FYROM“ туку „the Former Yugoslav Republic of Macedonia“:

„The prime minister expressed support for European Union candidate status to the Former Yugoslav Republic of Macedonia, but under certain conditions – including ''the name issue''.“

Но, во написот на МИА стои следново: „Ја подржуваме ПЈРМ за нејзините евроатлантски аспирации и ЕУ, но сето ова оди под услов да најдеме заеднички прифатливо решение ...“.

Кој е крив сега - Советот на Европа што ја именува државава со дескрипцијата под која е примена, или пак МИА која употребува акроним кој е чисто грчка измислица?

Берете памет луѓе, оти како што тргнала работава, сами ќе си се прекрстиме во FYROM.

Смртната казна во Македонија




Три исечока кои сведочат за тоа колку лесно летале глави во „Федерална Македонија“.

Во првиот случај (јануари 1945) осуден на смрт е командир на чета на НОВ заради лажно претставување како брат на генерал-лајтнант Апостолски и измама со која заработил 3,500 лева (со оглед на тоа што во тоа време весникот чинел 10 лева, користа од измамата била околу 4.000-5.000 сегашни денари, според цената на најскапите дневни весници.)

Во вториот случај (јануари 1946) осудени се на смрт четворица „разбојници-пљачкаши“ за серија „кражби-пљачкања“.

Во третиот случај (јануари 1946) осудени се на смрт петмина „шпекуланти“ - „шверцери на злато и тугја валута“.

За тоа колку казните биле драконски - сведочи и пресудата од 8 години принудна работа на еден фурнаџија кој продавал леб кој „тежи помалку 100-150 гр. од определената тежина (1600 гр.) дека содржи повеке влага и има 15-20% повеке царевично брашно од определениот процент (60%).“ (Нова Македонија, 13 јануари, 1946, стр. 2).

Што мислите, дали наследниците на жртвите на овие драконски казни имаат право на обештетување од страна на државата?

„Македонскиот вопрос“

1/23/2007

Еден илустративен исечок од „Нова Македонија“ од „11 октоври“ 1945 год. - статија напишана со цел да ги демантира критиките на скопските интелектуалци на Манифестот на главниот штаб на НОВ и ПОМ од октомври 1943 год. кои тврделе дека „македонскиот вопрос“ не може целосно да се реши во „југословенска комбинација“.
И уште еден цитат од фамозниот „Манифест“:
„...ние ќе направиме братски сојуз со сите југословенски народи, на базата на полна национална рамноправност со српскиот, хрватскиот, словенечкиот и другите народи во Југославија за да го создадеме братскиот сојуз на јужнословенските народи, зимајќи го во нашите пазуви и братскиот бугарски народ.“
Изгубени илузии...

„Божјата волја“ е над сите закони и правила

Еве како, во името на „божјата волја“, МПЦ промовира прекршување на правилата и законите:

Дебарско-кичевскиот владика Тимотеј вчера изјави дека тој, сепак, го признава победникот на манифестацијата.
- Јас се согласувам со тоа дека имаше нерегуларности и некоректности при фаќањето на крстот и дека победникот скокна од многу поблиска позиција. Но, сигурен сум дека тука немаше нечиј заговор. Спортски кажано, натпреварот не беше по правилата, но црквата не е таа што го организирала. Затоа, јас морав и да му ја дадам наградата на тој што прв го фатил крстот. Невозможно е сега повторно да ја организираме манифестацијата. Такви нерегуларности имало и порано, кога некои пливаа со перки, користеа маски за нуркање, но Божјата волја била тие да не го фатат крстот - рече владиката Тимотеј.“ (Охриѓани не го признаваат фаќачот на крстот)

Ако ја следиме логиката на владиката Тимотеј, сите транзициски злодела можат да се прогласат за „божја волја“. Сите убијци и крадци, сите корумпирани политичари и фалсификатори на избори ќе бидат благословени - оти „Божјата волја била тие да го сторат тоа“.

Честитки за Владата (не е шега)

1/22/2007

Искрени честитки до Владата со надеж дека успешно ќе ги заврши следниве проекти:

Владата ги промовираше петте проекти за вработување социјално загрозени лица ...

Регулаторна реформа

Програмата за борба против корупцијата меѓу полицијата

Македонија – земја на информатичари

Проектот „Црвено сонце“.

Да има што повеќе вести за вакви успешни проекти, наместо кој добил на православната игра на среќа - Влатко Петровски од Илинден го фати крстот во Скопје ... - вест објавена на прво место.

Ај, да видиме дали премиерот ќе им подари нешто и на најагилните борци за правата на социјално загрозените лица, за борба против корупцијата, за борба против дискриминацијата...

Православно прекројување на границите?

„Сè додека не ја исцртаме границата, како круг со креда, од овде до тука и до таму, и тоа во буквална смисла на зборот, со жица, сè дотогаш, во нашата сопствена куќа сите ќе имаат повеќе права од нас самите.“ (Уредникот на „Премин“, во едиторијалот објавен кај Јанко).

Ќе ми објасни ли некој за какво решение на проблемите во врска со „човековите права“ се залага „Премин“? За прекројување на границите? Можно ли е такво нешто да се изведе по мирен пат во денешни услови? Ќе седнеме и мирно ќе се договориме, до тука е „наше“, од тука е „ваше“?

Оградувањето со жици и ѕидови никогаш не било синоним за „човекови права“, туку напротив, потсетува на најмасовните прекршувања на човековите права.

Алфите интервенираат заради „сомнително движење“?

1/21/2007


Стигна одговор од МВР по повод случајот за кој пишував во постовите Полициско самоволие: „Алфите“ ме легитимираа и понижуваа без да ми кажат причина“ и Сомнително лице.

Во одговорот пишуе дека „...поради Вашето сомнително движење пристапиле кон легитимирање со цел да го утврдат Вашиот идентитет. Кога ве пресретнале сте почнале забрзано да одите за што ви била издадена усна наредба „Застани полиција“.“ (?!?)

Какво е тоа „сомнително движење“, ви се молам?

Какво е тоа „полициско“ пресретнување кога цивилен автомобил ќе ви дојде од зад грб, ненадејно закочувајќи на метар-два зад вас?

Кога се свртев да видам што се случува, дури тогаш забележав како едно лице во цивил, на среде улица ми вика „Застани полиција“. Најмногу што „признавам“ е претходно инстинктивно да сум се сецнал, поради ненадејното кочење на автомобилот зад мене, што е сосем нормална реакција. Објаснувањето дека прво сум почнал забрзано да одам, поради што ми била издадена усна наредба „Застани полиција“ - е апсолутно неточно.

Но, дури и да претпоставиме, чисто хипотетички, дека полициското објаснување е точно - дури ни во таков случај полициската акција не би имала законско оправдување. Ако некој непознат цивилен автомобил ненадејно закочи зад вас околу полноќ во празна уличка, и од него излезат тројца набилдани цивили, сосема нормално и логично би било да почнете „забрзано да одите“, ако не и да се обидете да фатите џенем.

Дали тоа МВР препоставува дека граѓаните имаат „шесто сетило“ според кое треба да знаат дека си имаат работа со полиција уште пред полицајците во цивил да се легитимираат или пред да издадат усна наредба „Застани полиција“? Дури и да имало некакво „забрзано одење“ (а категорично тврдам дека немаше), како може тоа да биде основ за полициска интервенција, кога во тој момент само „Алфите“ знаат дека се полицајци, а не и лицето кое (божемски) почнало „забрзано“ да оди?

Што ќе се случеше, на пример, ако наместо да застанам кога закочи автомобилот, се уплашев и почнев да бегам, пред да ми биде издадена усна наредба „Застани полиција“? Ќе бев ли уште посомнителен поради тоа што сум избегал од тројца настрвени цивили кои одеднаш изрипале од автомобил кој ненадејно закочил зад мене?

Во документот на МВР јасно стои дека „едно овластено службено лице ми се легитимирало“. И покрај тоа што другите две лица постапуваа спротивно на Законот за внатрешни работи („Кога овластеното службено лице ги врши службените работи во цивилна облека, должно е претходно да се легитимира“), Секторот за внатрешна контрола утврдува дека лицата „постапиле согласно уставните и законските овластувања и согласно правилата и прописите кои се применуваат во Министерството за внатрешни работи“.

Притоа, во одговорот на мојата поплака воопшто не се земени предвид, а камоли разгледани моите аргументи за: ненаведување на причините за легитимирањето (спротивно на чл. 7 ст. 1 од Правилникот за вршење на работите на МВР); непочитување на моето лично достоинство, како и предизвикување на нечовечко и понижувачко постапување; низок степен на професионализам на неуниформираните припадници кои ме сопреа и легитимираа, без да кажат добровечер, без да се претстават, однесувајќи се напати без никаква почит и крајно непристојно и неслужбено (спротивно на чл. 6 од Правилникот за вршење на работите на МВР); необезбедување помош и услуга во однос на тоа каде точно можам да поднесам поплака за нивниот непрофесионален однос.

Според нашиот и европскиот кодекс, „Припадниците на полицијата секогаш мора да ја верификуваат законитоста на своите планирани акции.“

Во овој случај, во документот од МВР не се споменува ниту еден член од закон според кој е изведена полициската акција врз мене.

На крај излегува дека сум бил запрен, легитимиран, понижуван (а за малку ќе бев и претресен без судска наредба - ако се согласев) заради „сомнително движење“?

Јавно ја повикувам министерката за внатрешни работи да им објасни на граѓаните кое движење е „сомнително“, а кое не е (и врз основа на кој закон/правилник), за граѓаните да можат да превенираат понижувачки контакти со „Алфите“, што секако ќе им заштеди не само време, туку и многу нерви и залудно потрошена енергија.

Со оглед на тоа што немам никаква сатисфакција за повредата на моето лично достоинство и понижувачкото постапување, ниту пак разумно објаснување за причините на полициската акција, следниот мој чекор ќе биде поднесување претставка до Народниот правобранител.

Ако и таа постапка не исходува со некаква сатисфакција, тогаш не ми преостанува ништо друго освен да си испечатам визит-карта со професија „сомнително лице“, или пак да основам невладина организација за заштита на лицата со „сомнително движење“.

Јавниот обвинител - некогаш и денес

1/20/2007

Еве како се бирал првиот јавен обвинител во федерална Македонија:

„За Јавен обвинител на федерална Македонија се предложуе да биде именуван другарот Лазар Мојсов.

Претседателот [Ченто] прави забелешка дали може за Јавен обвинител на федерална Македонија да биде именувано лице које нема диплома за завршени правни науки.

Секретарот образложуе дека јавниот обвинител е преди се политички исправно, борбено и доверено лице, верно на народната борба и независимо от неговата правна дипломна квалификација, но које би могло политички да контролира и спречува противзаконити дејствија.“ (Записник бр. 14 од Заседанието на Президиумот на Народното Собрание на Македонија, одржано на 19 мај, 1945 год.)

Зошто имам чувство дека многу малку нешта се промениле во меѓувреме?

(Покрај толку академици без факултетска диплома...)

Не дај боже да имаш магистрирано на Оксфорд или Кембриџ - тоа е голем хендикеп за вработување.

Најбитно е да си „преди се политички исправно, борбено и доверено лице“ на некоја од партиите на власт.

Водици во Скопје

1/19/2007

„Стариот обичај да се фрла крстот - во Вардар, беше оваа година прославен много тржествено. Пред илјаден народ, и во присаствието на Председателот на Президиумот Методи Андонов - Ченто, генерал мајор Павле Илич и други служебни лица беше спроведен богојавленскиот церемонијал во слободно Скопје.“ (Нова Македонија, бр 34, стр. 4, 1945 )

Кој тоа не лажеше дека комунистите биле неверници?

Колку Македонци има во Бугарија?

1/18/2007


Еден анонимен коментатор ми поставува серија прашања на кои ќе се обидам да дадам некаков одговор во наредните постови:

„Жарко, ако те разбирам добре, ти смяташ че има македонци който не се чуствуват българи. Нали така? Следователно има и македонци който се чуствуват българи. Айде сега да ни обясниш защо е така. Тия македонци, който не се чуствуват бългри имат ли нещо общо с тия македонци дето се чуствуват българи?
И кои са се появили по-рано и кои по-късно?“

Да почнеме со првото прашање. Не сум единствениот кој мисли дека има Македонци кои не се чувствуваат како Бугари, иако се државјани на Република Бугарија.

Еве, на пример, што пишува во книгата One Europe, Many Nations: A Historical Dictionary of European National Groups by Minahan, James. Westport, Conn Greenwood Publishing Group, 2000, p. 437:

Македонци:

Популација:

„2,250,000 Македонци во Европа, 1,461.000 во Македонија, 182,000 во Бугарија, 100,000 во Грција, и други 150,000 во соседните области на Југославија и Албанија. Македонските националисти присвојуваат над 1 милион македонска популација во Грција и 500.000 во Бугарија.“

Еве и други податоци за бројноста од еден извештај за „Македонците во Бугарија“ од 1999:

„Population 10,803 (1992 Bulgarian census). 200,000 (Macedonian sources) (Popov, et al., 1989:17). 15,000-25,000 (Kanev, 1998a).“

Еве како Бугарија ги објаснува 200.000 Македонци по Втората Светска Војна во првиот извештај за „Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства“:

„ In the 1940s and 1950s, the Communist Party, imitating the policy of the Communist International, actively encouraged the Macedonian identity. It decreed that the 1946 and 1956 censuses should include Macedonians, even if it was necessary to use violence. In carrying out the decisions of the closed Tenth Plenum of the Central Committee of the Bulgarian Workers Party (Communists), a policy was pursued of making forced entries in the statistical data for some 200 000 persons, residing mainly in South-western Bulgaria.“.

Официјално, тогаш Бугарија го „призна“ следново:

„In 1999 Bulgarian presented its observations in respect of the Second report on Bulgaria by the European Commission against Racism and Intolerance; it indicated that during the 1992 census, 10 803 persons identified themselves Macedonians, and 3109 of them declared Macedonian as their mother tongue.“

Интересно ми е прашањето колку други жители на Бугарија би се пишале како Македонци-Бугари или како Бугари-Македонци, доколку се овозможи изразувањето на таков идентитет? Колку жители на Македонија би се определиле како Македонци-Бугари или како Бугари-Македонци, особено по давањето на голем број бугарски пасоши на македонски граѓани?

Да не го должам многу, и Бугарија и Македонија имаат слични проблеми во однос на признавањето на некои идентитети, и многу работи допрва ќе се случуваат на тој план.

За Македонците во Бугарија

1/17/2007

Јубилејниот 500-ти пост го посветувам на Македонците во Бугарија.

„Ако имаш информация за репресии над македонци от независим източник - някоя европейска институция или медия например, съм готов да го публикувам на блога си.“ - коментира Комитата.

Еве неколку интересни линка:

1) цитат од извештајот на ECRI (Совет на Европа) за Bulgaria:

„ECRI draws the authorities’ attention to the need to respect freedom of religion, on the one hand, and the freedom of association of Macedonians, on the other (...)

ECRI encourages the Bulgarian authorities to continue their efforts to improve the situation of other minority groups, including Turks, Macedonians and Pomaks (...)

Еве ги и препораките:

55. ECRI encourages the Bulgarian authorities to continue their efforts to improve the situation with regard to the right of peaceful assembly of all minority groups, including Macedonians.

56. ECRI also recommends that the Bulgarian authorities closely monitor allegations of discrimination and acts of intolerance against Macedonians and, if necessary, take steps to punish such acts.

57 Lastly, ECRI strongly recommends that the Bulgarian authorities establish a dialogue with the representatives of the Macedonians to find a solution to the tension that exists between this group and the authorities, but also between this group and the majority population, so as to enable them to live together and respect one another in the interests of all concerned.“

2) Human Rights in Bulgaria in 2005, според Бугарскиот Хелсиншки комитет:

„Freedom of association and peaceful assembly in Bulgaria were subject of three decisions handed down by the European Court of Human Rights in Strasbourg in 2005. All three concerned Macedonians in Bulgaria, and in all three cases the Court found violations of Article 11 of the European Convention on Human Rights.“

3) Helsinki Committees denounce anti-minority rhetoric and discrimination in Bulgaria: „The minority policies of the Bulgarian government also remain of serious concern. Although several thousands of ethnic Macedonians reside in Bulgaria, the government denies the existence of a Macedonian minority in the country and insists that it does not have any obligation to protect this group. Representatives of all political parties represented in parliament recently backed this policy.“

4) Amnesty International Report 2002 - Europe - BULGARIA:„In March, the Blagoevgrad Public Prosecutor initiated a criminal investigation for incitement to racial or national hatred in connection with leaflets distributed by the United Macedonian Organization ''Ilinden'' (OMO ''Ilinden''), calling on the residents of the region to declare themselves in the census as Macedonians. However, no one had been charged by the end of the year.
In July, police prevented OMO ''Ilinden'' activists from holding a peaceful assembly to commemorate a national anniversary.“

5) Council of Europe and Olli Rehn declare that Bulgaria should register OMO “Ilinden” Pirin: “Why peaceful organisations are called dangerous and racist while the newspapers are full of racist declarations from existing parties and state representatives without any official reply or complaint. Not acting on this by the government will in the end result in compliance with political party murder.”

6) „The Greek Helsinki Monitor reports that the "Bulgarian state and public opinion alike deny their right to self-identification", and that "any actions pertaining to public demonstration of the Macedonian identity in Bulgaria are subjected to a more or less direct suppression and denial"“ (Human rights in Bulgaria - Wikipedia, the free encyclopedia)

7) Еве линк и до отвореното писмо на „Омо Илинден Пирин“ - OMO Ilinden PIRIN Open Letter to the President of Bulgaria.

А еве како бугарската судијка во Стразбур објаснува зошто единствена гласала против пресудата против Бугарија:

„Снежана Ботушарова, която за първи път от три години гласува против осъдително за България решение, каза, че омовци са можели да предизвикат сблъсъци, защото са искали да правят сбирки по време на други официални прояви, където техните позиции са можели да бъдат сметнати за "провокационни".“ (ОМО "Илинден" осъди България)

Многу лошо образложение, од гледна точка на човекови права.

Вистинска срамота за капацитетите на бугарското судство.

Насилство, расизам и ксенофобија!

Кликам на страницата актуелно на очајниот сајт на МВР - ништо за случајот „Бунева“!

Во печатените медиуми беше вистински „кармакараш“!

Во фокусот на „Дневник“ прво е полициската истрага, а не насилството проследено со расистички и ксенофобични изјави (Почитувачите на Бунева не ги препознале напаѓачите) за потоа одговорноста да се префрли на „србофилите“ (Србофилите шират антибугарство во Македонија).

Во „Утрински“, првата вест беше во маргинализирана во рубриката „хроника“: Нападнати две лица зашто и' оддавале почит на Мара Бунева. Во фокусот на вчерашен „Утрински весник“ не е масовната тепачка, туку реакциите во Бугарија на „инцидентот“ - Мара Бунева ја разгоре антимакедонската кампања во Бугарија. Дури и кога накусо се осврнува на тепачката од страна на „маскирани момчиња“, новинарот се обидува да направи необична поента:

„Не посегнаа на нас кои бевме дојдени од Бугарија“, вели Дрангова, инаку ќерка на еден од терористите на Иван Михајлов“ (?!).

Како може да дојдат 20 или 30 луѓе, а полицијата тоа да не го знае?“ - пренесува „Шпиц“ изјава на учесник на собирот (Пак ќотек на панихидата на Мара Бунева). За „Време“ најбитно е дека се Ослободени приведените за тепачката.

На телевизиите слична прикаска:

На пребарувачот на МТВ нема резултати за зборот „Бунева“.

Во фокусот на А1 не се насилството, расизмот и ксенофобијата туку „Контрадикторни(те) информации за инцидентот пред спомен плочата на Бунева“ за потоа да се дефокусира на реакциите на Софија (Софија со протестна нота до Алити за инцидентот во Скопје; Бугарија бара објаснување за инцидентот пред споменикот на Бунева). Сепак, изјавата на еден од учесниците кажува нешто сосем друго: „Да се чувствуваш Бугарин денес во Македонија, покажува и овој случај, дека единствено можеш да бидеш или убиен или претепан, а за избркан од работа, навредуван и понижуван, тоа е веќе секојдневие“.

За Сител е поважно тоа што се вршел црковен обред врз лице што се самоубило, и дека „Бунева била љубовница на многумина меѓу кои и на човекот кој го убила“ отколку она што е содржано во насловот на веста: Нападнати граѓани на панихида на Мара Бунева.

За Канал 5 поинтересни се „комитите“ отколку настраданите. Новинарот објаснува дека се Приведени 10 комити осомничени за инцидентот при одбележувањето на годишнината од Мара БуневаПо притисокот на бугарските власти и медиумите“. Наводно, според адвокатот на „Комитите“, „нападот не бил организиран од навивачката група на фудбалскиот тим Вардар, а неколкумина нивни припадници самоиницијативно биле меѓу тепачите испровоцирани од групата која ја чествувала Мара Бунева“.

Во коментарите кај „бурекчијата“ Јанко еден гледач на неговата емисија тврди дека Јанко прочитал порака на „Скајнет“ која повикувала да се сопре чествувањето на Бунева, а Јанко коментира: „зошто дозволивме бугарите да ја слават како своја? нејзиниот чин не е самоубиство туку херојско дело. (...) Не сум за насилство, но не сум и за навредување на цел народ преку присвојување на неговата историја. Бугарите немаат ништо со Мара Бунева, затоа и толку иритира. (...) Јас мислам дека на Мара Бунева треба да и се дигне споменик на плоштад.

За жал, никој не ги коментираше настаните ниту од аспект на повреда на правото на мирно собирање, ниту од аспект на ширење на расизам и ксенофобија, ниту од аспект на отсуството на полицијата на собир на граѓани со висок ризик.

Инаку, да потестиме и на дел од провокативната песна која може да се најде на youtube (заедно со фотографии од собирот и линкот Incident at Memorial Plaque of Mara Buneva in Skopje - ударна вест на Бугарската телевизија.):

Право стрељала-точно случила
баш тиранина, србин Прелича.
И се убила Мара Бунева,
зарад скопјани, зарад блгарско.

На крајот на овој почетен пост, го поставувам само прашањето: до кога ќе славиме терористи и атентатори независно од нивната етничка или национална припадност?

П.С. Ги молам бугарските читатели да ми наведат некои постови од бугарската блогосфера и прилози или написи од Бугарските медиуми кои на сличен начин ги третираат проблемите и насилството со кои се соочуваат Македонците од Бугарија.

Македонија - „дупка во центарот на Европа“

Кутрите ние, јас и мојот пријател Марко - истражувавме дупки по улиците на Скопје, несвесни за тоа дека цела Македонија ти била дупка:

„Според зборовите на пратеникот во Европскиот парламент Дорис Пак, без Македонија постои дупка во центарот на Европа, а ние треба да ги интензивираме активностите за да се затвори таа дупка.“ - Изјава на Улрих Клепман, Директор на Фондацијата Конрад Аденауер, објавена на страницата на нашата влада.

По влегувањето на нашата братска Бугарија во ЕУ, им се отвора историска шанса за политичка промоција на братската Република Македонија со слоганот: „ТЗИ ДУПКА НЕ Е ДУПКА“!

За полициската присилба

1/16/2007

„Јас се согласувам дека нема потреба за спектакуларни апсења. Кога ја видов снимката реагирав, прашав во МВР зошто е тоа така. Тие ми одговорија дека тоа е стандардна процедура во ЕУ за апсење на лице во бегство“, изјави Никола Груевски, премиер. (А1)

Употребата на средства за присилба не е стандардна процедура во случај на апсење на лице во бегство, почитуван премиеру, особено кога истото доброволно се предава!

Според одредбата од Европскиот кодекс за полициска етика, преземена и во нашиот кодекс, „Полицијата може да употреби средства на присилба само кога е тоа неопходно и само во обем што е потребен за постигнување на одредена легитимна цел.“

Исто така, според обата кодекса, „Припадниците на полицијата секогаш мора да ја верификуваат законитоста на своите планирани акции.“

Затоа, логично е да си ги поставиме следниве прашања:

1) Зошто полицијата употребила средство за присилба - физичка сила (боречки зафат врз телото на приведениот) и дали целта на постапувањето на Полицијата не можела да биде остварена на друг начин? Што била целта на употреба на сила во случајот на приведувањето на лицето: одбивање на напад, спречување бегство на лице или совладување на отпорот од тоа лице?

2) Зошто полицијата употребила средство за присилба - средство за врзување на лицето? Дали за да спречи отпор или одбие напад, дали за да спречи бегство на лицето, или пак да оневозможи самоповредување или повреда на други лица?

3) Зошто овластените службени лица го изложиле приведеното лице на јавна љубопитност, спротивно на чл. 29 од Законот за Внатрешни работи?

Значи, не е доволно да се каже „лицето беше во бегство“ за со тоа да се оправда употребата на присилба, особено во случај кога целта на постапувањето на Полицијата можела да биде остварена на друг начин - со апсење без употреба на средства за присилба и без изложување на приведеното лице на јавна љубопитност.

Оттаму, поддршка за премиерот во неговите напори за почитување на процедурите. Очекуваме или јасно образложена верификација на законитоста на полициската акција или казна за лицата кои употребиле средства на присилба спротивно на процедурите изложувајќи го приведеното лице на јавна љубопитност.

Последното танго?

1/15/2007

„Што се однесува до името, ќе речам - за танго се потребни двајца.“ (Бакојани не верува дека наскоро ќе се најде компромис за името).

Никола Милошоски под итно да се запише на курс за танцување!

Чудна коинциденција. Еве што имам напишано во еден необјавен есеј за „спорот околу името“:

There is no sexual relationship!

There is no love relationship between the Republic of Macedonia (Република Македонија) and the Hellenic Republic (Ελλάδα). Neither a sexual one. After the so called “Macedonian dispute”, it is almost impossible to imagine a “Last tango in Paris” situation between two government officials. However, let’s pretend for a while that Jeanne (Maria Schneider) is an official of the Hellenic Republic and Paul (Marlon Brando) an official of the Republic of Macedonia:

Jeanne: “I don't know what to call you.

Paul: I don't have a name.

Jeanne: Do you want to know mine?

Paul: No, no! I don't. I don't want to know your name. You don't have a name and I don't have a name either. Not one name. (…) Because we don't need names here.”

Unfortunately, we do need names here and elsewhere. “We don't need names here” is a common idiom of an incommunicable language from an impossible world.

[A warning to a Hollywood fan: Try to forget the patients with amnesia, please!]

On a daily basis, it is almost impossible to find a proper context in order to meaningfully say: “You don't have a name and I don't have a name either”.

Except in Bertolucci’s Earth in “Last tango in Paris”, of course.

The sad fact that we don’t need names only in “Last tango in Paris” situations is kind of a tragedy for the sensitive citizens of the “no name” republic (the Republic of Macedonia) as well as for the not less sensitive citizens of the Hellenic Republic (usually called “Greece”). (...)

„Минатото раздвојува, иднината обединува“, рече Дора Бакојани.

На Дора можам само да и го препорачам филмот „Магнолија, особено ударниот слоган:

"We may be through with the past, but the past ain't through with us."

Закон за лустрација или закон за амнестија?

Дел од Анализата на предлогот за донесување за определување на дополнителен услов за вршење јавна функција, од страна на Хелсиншкиот комитет:

„Во законот за лустрација не се предвидува поведување постапка против лицата кои ги извршиле повредите на човековите права и слободи, било да станува збор за директните актери (оние што осудувале, што прогонувале, што убивале, тепале, малтретирале, односно, постапувале спротивно на националните и меѓународни закони) било да станува збор за оние кои биле на власт (заземале функции на кои се донесувале одлуки, кои можеле или требале да знаат што се случува и кои можеле да го спречат тоа со своето лично делување), туку на оние кои постапувале според законот или пак биле искористувани, употребувани и злоупотребувани од страна на директните и индиректни сторители на повредите на човековите права, или кои биле присилени од спомнатите. Со тоа се амнестираат институциите и носителите на власт на претходниот (и на сегашниот систем), а се казнуваат граѓаните кои биле жртви на тој систем.“

За жал, анализата не завршува со конкретни препораки како да се воспостави транзициска правда во Република Македонија - „како процес во кој жртвата го зазема најзначајното место и е активен субјект на воспоставувањето на правдата“.

Ако овој предлог-закон не го бива, дај да предложиме закон што ќе овозможи воспоставување на правда за жртвите на повредите на човековите права во минатиот систем, а не за амнестирање на сторителите и јавно жигосување (и други повреди на правата) на нивните помагачи.

Внимателно, претпазливо, на штрек!




Откако еднаш за малку ќе настрадав поминувајќи на зелено преку пешачкиот премин кај „Путник“, ми текна да соберам докази кои, се надевам, ќе придонесат за враќањето на безбедноста на овој мошне опасен премин.

На неколкуте фотографии (во период од 15-20 минути) се снимени автомобили кои безгрижно поминуваат додека е отворено зелено светло за пешаци. Она што е најинтересно, во близина на пешачкиот премин си стои сообраќаен полицаец, ама не гледа во вистинската насока.

Полицаецот беше навистина љубезен кога ми пријде од љубопитност за да види зошто му ја фотографирам раскрсницата. Откако му укажав на проблемот дека човек може да загине, оти шибаат коли и откако ќе се запали зелено за пешаци, рече дека е поради тоа што нема пауза меѓу палењето на црвено кај автомобилите и палењето зелено.

Ме копкаше, па го прашав полицаецот дали може да се употребат фотографиите како доказ за да се казнат возачите кои, според мојата логика, сигурно поминале на црвено, штом за пешаци е запалено зелено. Рече дека судовите не признавале фотографии како докази, што апсолутно не е точно.

Ми остана дилемата: дали се виновни само возачите или пак и семафорот е тотално заебан?

Како и да е, внимавајте кога поминувате на зелено.

Празници се множат - луѓето се делат!

1/14/2007

Како што тргнала нашава „воркохоличарска“ Влада, не би ме изненадило ако утре предложат - чисто заради ефикасност - Закон за работни денови, наместо Закон за празници (Власта со три нови празници обезбеди Бадинтерово мнозинство за законот).

Уште поарно, нека издадат едно државно календарче, за да знаат луѓето кој ден не е празник, и кога се работи.

И како сега народот да не ги сака?

Па што мислите, зошто нашиот „работен“ народ толку го сака православното христијанство?

Отворете само некое верско календарче и ќе видите дека секој ден е некаков празник - од кои на многу „не се работи“.

Ете, денеска е Обрезание Господово и Св. Василиј Велики, популарната „Василица“.

А јас неверник, „како што ме дал Господ“, дури три поста објавив на денот кога генитално го сакателе Христоса.

Лапсус на МИА?

Дали и МИА го прави истиот лапсус (според ИДИВИДИ) како и Зомбификација во Кратко паметење?:

„Таквата македонска позиција за надминување на проблемот предизвикан од грчкото оспорување на правото на РМ да се именува со своето уставно име, уште еднаш формално треба да биде потврдена на денешната средба на претседателот Бранко Црвенковски и премиерот Никола Гревски.“

Луѓе, крајно време е да почнеме со психотерапија, за да не помисли случајно г-нот премиер дека грешката е намерна.

И дај веќе еднаш престанете со тоа „РМ“, барем кога известувате за спорот околу името.

Профилот на ФИРОМ-џијата

На „експертот“ за се и сешто - за внатрешни и надворешни работи - „Неделно Време“ му посветува профил на цели три страници како на „борец“ за брендот Македонија.

Се разбира, ништо лошо нема во тоа, освен што по читањето на профилот добив впечаток дека човекот поскоро ги застапува грчките, отколку македонските интереси.

Еве и зошто.

1) На едно место, кога збори за Советот на Европа, Фрчкоски тврди дека во оваа институција „Македонија е примена под референцата ФИРОМ“.

За ваква глупост се паѓа на испит, затоа што нашата земја во Советот на Европа е примена како “The former Yugoslav Republic of Macedonia”, а не како FYROM.

Постојат неколку можности за интерпретација на гафот на Фрчкоски:

а) како елементарно незнаење (за таков вид незнаење треба да си даде оставка како професор по меѓународно право и меѓународни односи);

б) како елементарна неинформираност за Советот на Европа (за што треба да си даде оставка како член на една од комисиите на Советот на Европа - ECRI);

в) како платен ангажман од страна на Грците за да ја дисеминира референцата „ФИРОМ“ и кај што треба и кај што не треба (за што треба да си даде оставка како самопрокламиран борец за уставното име на нашата држава - Република Македонија).

Останувам засега на овие три интерпретации, оти ни на крај памет не ми паѓа да претпоставам дека интелектуалните капацитети на професорот Фрчкоски се толку мали што не прави разлика помеѓу дескрипцијата “The former Yugoslav Republic of Macedonia” и акронимот ФИРОМ.

2) Нашиот „борец“, исто така, тврди дека нашиот судија во Стразбур „дозволува во сите пресуди да ја нарекуваат „Граѓанин на ФИРОМ“.“

Од ова тврдење може да се заклучи дека професорот по меѓународно право и меѓународни односи не прочитал ниту една пресуда на судот во Стразбур, оти ако прочитал, ќе видел дека во пресудите се наведуваат само имињата на судиите, а не и нивната националност.

Навистина, ако го погледнете сегашниот состав на судот, ќе можете да прочитате до името на Mrs Margarita TSATSA-NIKOLOVSKA (citizen of “The former Yugoslav Republic of Macedonia”), а не „Граѓанин на ФИРОМ“ - како што тврди Фрчкоски. За ова веќе имам пишувано во постот Дволичност, „драги мои“.

Не ми е само јасно како медиумите подлегнуваат на олку проѕирни лаги, дозволувајќи на нивните страници да се печати грчка пропаганда - дека не признале како ФИРОМ, а не како “The former Yugoslav Republic of Macedonia”.

Вест за во несвест

1/13/2007

Што е ова, платен оглас, или верен показател за состојбите во Македонската литература?

Расказ од Методи Манев објавен во мостарски „Мост“

Кое достигнување, баааа...

Еднојазичен Чаир?

1/12/2007

Во најновиот извештај, Хелсиншкиот комитет против предложениот закон за лустрација, со прашањето: „дали може да се гради систем во кој се почитуваат човековите права и слободи врз основа на досиеја кои ги водела тајната полиција на претходниот политички систем?“ (Месечен извештај за ноември - декември 2006).

Сепак, повеќе впечаток ми остави пародизирањето на исчезнувањето на македонскиот јазик од споменикот на Скендербер среде Скопје:

„Имајќи полно разбирање за сложеноста на проблемот – да се налепат над 15 букви на македонска кирилица на споменикот, како и енормните суми потребни за една таква операција – сигурно над 1.500 денари – се надеваме дека Владата при првиот ребаланс на Буџетот за 2007 година ќе направи максимум напори. Доколку тоа не успее – предлагаме едновремено да се распише граѓански самопридонес односно да се аплицира пред ЕУ да го финансираат овој исклучително скап проект. Доколку се постапува ургентно – можно во првиот квартал на 2009 година на споменикот да осамне макар скратената верзија: „Скендер Бег“.

Каква политичка еволуција: младите „лавчиња“ од ВМРО-ДПМНЕ кои се бореа против настава на албански јазик, дозволија изградба на споменик среде Скопје од кој мистериозно исчезнува македонскиот јазик!

Турбо-фолк Грујо

1/11/2007

Денешната колумна на Ивица Антевски во „Шпиц“, ме инспирираше да размислувам на тема:

Која е омилената песна на премиерот на нашата „турбо-фолк влада“?
Се двоумам меѓу неколку кандидати:
1) „После свега, добро сам...“

2) „Боли ме уво за све...“

3) „Нечу, нечу дијаманте, суво злато, брилијанте, нит’ сафире нит’ рубине само ОНА да љуби меее...

„У тунелу усред мрака...“

1/10/2007

Понекогаш, за да смениш некои работи, наместо инает ти треба само малку кликер (Петокраката тешко ќе го загуби сјајот!).

Зошто да се менува ѕвездата петокрака од грбот, кога петокраката е симбол и на ЕУ, а ние сме земја кандидат за ЕУ?

За почеток, додека не се постигне консензус за ново идејно решение (во кое дефинитивно треба да има и ѕвезда-петокрака како симбол за нашиот влез во ЕУ), најлесно е досегашната петокрака да се пребојадиса во жолто, и тоа на сина позадина (како што е кај Грбот на страницата на Претседателот и слично како на знамето на СДСМ - ама без ружа).

Ем СДСМ сит, ем ВМРО-вците на број, ем црвената петокрака ќе замине во историјата.

Повторно поезијата во служба на партијата?

1/09/2007

Читнете само со каков поетски стил Оксиморон го велича Грујо: „Ја урна урбанистичката мафија, ја прекина терапијата на фармацевската, здравствената ја стави во карантин, тутунската попуши....у сред битка со мафиоманијата, не гледа ни лево, ни десно. Сал повремено назад, ама тоа колку да не изгуби правец за напред. И роне трошки леб зад себе...голема е шумава...

Ете кој ќе ја продолжи традицијата на Венко Марковски, кој во далечната 1944 год., во сличен манир го величаше Тито (читни фотка која сведочи за улогата на поетот).

Стара тактика Окси е тоа што ме ставаш у ист тим со фацки со кои ни фудбал не би играл, а камоли политика. Но, фала ти што ме инспирираше да ја направам оваа ретроспектива, од која јасно се гледа дека не припаѓам во друштвото на „ловците“ кои, демек, во концерт започнале ловна сезона „на третиот ден од Божиќ“:

Не, Не, Не!!! (22 Mar 2006) - „У која Европа сака да не води Груевски? Во кој век живее човекот?“

За градењето институции (2 Sep 2006) - „Признавањето на новата влада дека не е способна самата да си го расчисти сопствениот двор е признавање на поразот уште пред да почне натпреварот.“

ВЛАДА-ДПМНЕ? (5 Sep 2006 ) - „Ало, г-не Груевски, од кога почнавме да ја злоупотребуваме официјалната Владина страница за промоција на ВМРО-ДПМНЕ?“

Партизација (7 Oct 2006) - „Зошто воопшто Претседателот на Владата зазема став за прашање кое не е во негова надлежност?“

Револуција или реформи? (31 Oct 2006) - „..на ниту една Влада не треба да и се остава никаков простор за неспроведување на реформите кои не приближуваат кон ЕУ. А Владата на Груевски засега го прави токму тоа - со проектите веронаука, религиозни празници и со смешните изјави на нашите по странски медиуми...“

Премиер на сите граѓани? (20 Nov 2006 )

Сакам кажам, не знам речам? (11 Dec 2006) - „Колку време купи владата со пробниот балон за јавен обвинител странец? Уште колку нашата трагикомична фарса „борба против корупцијата“ ќе биде без главен актер - без јавен обвинител?“

Иконофили (13 Dec 2006) „Кој му дал право на премиерот да прогласува што е убаво? Кој го овластил во наше име да бара прогрес и спасение повикувајќи се на крстот?“

Кратко паметење? (21 Dec 2006) - „Премиеру, свести се што изјавуваш, оти преку глава ни е од политичари што ги користат државните функции за партиски цели, заборавајќи притоа на државните интереси!“

Брука невидена! (9 Jan 2007) - „Ова е невидена злоупотреба на ликот на Томас Џеферсон, кој мора да се превртува во гроб после изјавата на „црни Грујо“.“

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week