Уставни права за почетници!

5/03/2006

Во многу прилики сум си го поставувал прашањето зошто правниците кои имаат дипломирано на Правниот факултет во Скопје немаат елементарни познавања за човековите права. Доволно е да се прелистаат неколку учебници од „експертите“ на Правниот факултет, за да се насети одговорот.
Погледнете го само овој антологиски пример за конфузност и логичка недоследност:

„Основните слободи и права Уставот на Република Македонија ги врзува за поимот човек и граѓанин. Иако во односот помеѓу поимот на граѓанин и човек, и со тоа помеѓу поимот на граѓанските и човечките слободи, нема само терминолошко и техничко значење, сепак теориски е недвосмислено дека граѓанинот е човек во буквална смисла, така што, во тој поглед, сите граѓански права се и – права на човекот.“ (Саво Климовски, Уставен и политички систем, Просветно дело, Скопје, 1997, стр. 248-249.)
Секое мало дете знае дека не само теориски, туку и практично, граѓанинот е човек. Но, мошне провидна манипулација е оттаму да се извлекува заклучокот дека „сите граѓански права се и – права на човекот“, со цел да се легитимира арбитрарното читање на конфузниот уставен израз „Основни слободи и права на човекот и граѓанинот“.
Граѓанските права се права што ги имаме како граѓани (државјани).
Човековите права се права што ги имаме како луѓе.
Носител на граѓанските права е граѓанинот.
Носител на човековите права е човекот.
Сите граѓани (државјани) се луѓе, ама не се сите луѓе граѓани (државјани) на Република Македонија.
Токму затоа, иако сите граѓани се луѓе, граѓанските права (citizen's rights) не се човекови права (human rights)!

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week