Блогоцентризам

5/24/2006

Ете ти сега - и Хрватите, и Египќаните, и Бугарите, и Црногорците сакаат да бидат споменати во преамбулата на Уставот (Дневник).
А што е со неспомнувањето на Евреите? Не е ли тоа антисемитизам?
Една мојa другарка на пописот се изјасни како Будистка а еден другар како Еским. Зошто и Будистите и Ескимите да не бидат спомнати во преамбулата?
На следните избори кога ќе ме прашаат за „национална припадност“ има да се изјаснам како Блогер.
Уште од сега барам:
1) Блогер(к)ите да бидат споменати во преамбулата на Уставот;
2) Правична застапеност на блогер(к)ите во сите сфери на општеството;
3) Посебни законски одредби за заштита од дискриминација врз основа на блогерска ориентација.
Кога ќе праиме блогерска партија?

8 коментари:

oksimoron рече...

:)))
Еве, ја стаам потпис на иницијативата.
Ни требаат 500. Значи, ја, ти и сеа ни фалат уште 498 ......
Ја мислам дека ќе се зберат ;)

Shepard рече...

јас, и уште 10 од роднини и уше 10 од пријатели.

:))

Бугаротатариште рече...

Аманте бе, што се не влезе во уставот, какви ли не пиздарии направија големите малцински зеадници и ништо. А штом срамежливо нешто изустија бугарите, ете ти фрка.
Иначе имате потпис и од мене, значи уште 496:)

Јас на последниот попис се изјаснив како Џедај, сега сум Самурај-Џедај (комбинирам техники). Едвај чекам нов попис за да се попишам како што сега се чувствувам, а се чувствувам како:

Блогерски Самурај-Џедај

Баждарџијата

Обезбедив 250 потписи, ама под услов блогоПИСАР да бидам у партијата...

;)

HOMO HOMINI BLOGER EST!

Shepard рече...

blogito ergo sum.. стара е таа..

veni, vidi, blogi..

penis bonus pax in blogus..

per blogera ad astra..

blogus unus, blogus nulus..

in blogo veritas..

blogs populi..

и така натаму блог..

Коза лаже, блог не лаже... :)

Анонимен рече...

You have an outstanding good and well structured site. I enjoyed browsing through it Maui invitational baseball tournament Promotion affiliate business online internet marketing web design Information on latin dance music renault master golf resorts Women's hair loss product reviews India singapore pop email webhost gps car navigation moving company Saginaw wrongful death attorneys School backpacks greatland

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Loading...

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week