По усвојувањето на измените на Законот за одбрана (укинувањето на регрутната обврска и обврската за служење на воениот рок за граѓаните од машкиот пол), граѓаните конечно и законски се изедначија во своите права и обврски со граѓанките. Што ќе прават сега татковците без традиционалното оправдување зошто не земаат подеднакво „породилно отсуство“ како и мајките?
Иако министерот Манасиевски е искрено радосен што целата млада креативна енергија на над 52.000 довчерашни обврзници (а утрешни гласачи) „ќе може да биде ставена во функција на нивниот личен и професионален развој“ (Утрински весник), сепак, во образложението на законот се наведени поинакви причини за неговото донесување:
"Имајќи го во вид фактот дека целосната професионализација на Армијата ќе овозможи оптимална интероперабилност и извршување на задачи при учество во мировни и хуманитарни мисии (докажани со учество во ИСАФ, „Слобода за Ирак“ и активностите на СЕЕБРИГ), се наметна потреба за усогласување и изменување на Законот за одбрана со потребите на процесот на професионализацијата на Армијата. Тоа подразбира изоставување или преформулирање на одредени одредби во Законот за одбрана кои се однесуваат на укинување на регрутната обврска и воведување на институтот доброволно служење на воениот рок."
Да потсетиме уште еднаш дека нашето учество во т.н. мисија „Слобода за Ирак“ е всушност учество во одмаздничка војна против „оските на злото“ која се води на туѓа територија. Војна во која ние се јавуваме во улога на окупатори и соучесници во злосторствата против стотици илјади луѓе во Ирак.
Фактот дека парламентот и партиите се во колективен ескапизам, и дека само една шака интелектуалци јавно реагира против нашето учество во бескрупулозната војна во Ирак, ме фрла во очај и ме потсетува на еден друг колективен молк од минатиот век кога светските политичари и медиуми ги игнорираа најавите за опасност од масовни злосторства и за избувнување нова светска војна.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
Конечно и на присилното служење војска му дојде крај. Мене мозокот не ми ја примаше таа информација кога одев. Толку беше апсурдно моето „војување“.
Ова со нашите трупи во мировни мисии, тоа ние само малку лижеме ѓонови на големиот брат. Само се плашам да не почнат одмазди и кај нас.
Стравот ти е сосема оправдан.
What a great site Laptop carrying zoloft advertisement Hickory kia nc paramount
That's a great story. Waiting for more. double closing real estate toys Acura dealers hampton new hampshire modest children&aposs swimsuits Internet seo database design web tucson microsoft pocket pc software Oregon patent and trademark crime rules keno cristal tip ice machine pilates home studio mitsubishi challenger insurance Lexus motorsports 1982 oldsmobile cutlass supreme http://www.liquid-vitamins-4.info Factory chevrolet wheels order ultram shop picnic backpacks new jersey Fax cover page forms Mitsubishi variable induction system
This is very interesting site... » »
Where did you find it? Interesting read Body building superstore coupon Custom roulette wheel Florida association mortgage brokers http://www.vitamins-1.info pee Ghost in the shellstand alone- lithium flower hiking Best prostate cancer hospitals Headphones sleep Male in bondage Airline mile visa card 300c chrysler Cartridge clip art Geigo auto insurance canada Volvo radiator take phendimetrazine exactly as directed by your doctor buy meridia Lymphedema cellulitis
Објави коментар