о
о...
о, да...
одамна...
одамна не сум...
одамна не сум летал...
одамна не сум летал в сон...
одамна не сум се качил на врв...
одамна не сум викал на сиот глас...
одамна не сме се сретнале случајно...
одамна не сме пиеле ракија со мерак...
одамна пијани не сме броеле ѕвезди...
одамна не сум бил сам со месечко...
одамна не сум бил и сам со тебе...
одамна не сум бил сам со себе...
одамна не сум бил сам со сè...
одамна не сум бил сам...
одамна не сум бил...
одамна не сум...
одамна...
о, да...
о...
о
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
14 коментари:
прекрасно
навистина прекрасно.
зошто почесто не постираш поезија?
и само да ти кажам дека дотолку ми се допадна, што ќе земев да се регистрирам како блогер да ти кажам, иако не сум, мислејќи дека сеуште ти стои опцијата само блогери да коментираат.
добро е што си ја вратил.
да, да , повеќе поезија, ако може ... :)
Одамна не сум коментирал....
Преубаво!
Одамна не сум прочитала нешто толку убаво по блоговиве :)
И мило ми е да пробам кај тебе нешто без прмногу горчлив вкус.
Туку тамам, како во темно чоколадо.
Да се приклучам и јас кон пофалбите....
Навистина преобава композиција. И литературно, и емотивно, и естетски, и....ма, прекрасна е! :)
Благодарам, ќе има повеќе поезија ако има „среќни“ моменти...
Оти, „еден несреќен човек не може да биде поет“ (Миљковиќ, ако не се лажам).
Ja па сосема обратно го копчам Миљковиќ. Она:
"додека сум несфатен, ќе пеам непопречен..."
Еј заборавив. Формата на песната што претставува? Цицка? :)
И уште нешто. Не се сложувам со Миљкович или кој и да е:), баш мислам обратно, дека среќен човек не може да пишува поезија.
Ех...
БИ,Жаре...
не се согласувам со вас.
Шо има врска среќата или несреќата со пишување на поезија?!
Поезија се пишува во специфично, поетично расположение. Треба малку повеќе имагинација, емоционални бранувања, немир во душата и желба сето тоа да се стави на хартија. Поезијата се емоции преточени во зборови. А емоции има секакви. И позитивни и негативни, и тажни и весели, и страствени и летаргични.... ;) :)
i couldnt resist this
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I don't have to make the choice, I like girls and I like boys
I, you, he together, come on, baby let's go
I, you, she together, come on, baby let's go
Whips, crops, canes, whatever, come on, baby let's go
Cuffs, chains, shorts of leather, come on, baby let's go
"Формата на песната што претставува? Цицка? :)"
Фала ти Би - таман кога се уплашив дека ќе останам несфатен.
Enjoyed a lot!
» »
Објави коментар