Еве што вика „Кодексот на медицинската деонтологија“, на Лекарската комора на Македонија (чл. 21):
„Пред да го почне лекувањето лекарот е должен болниот да го извести за видот на болеста, за моментната здравствена состојба и за предвидувањата за исходот на болеста. За предвидените начини на лекување тој треба да добие свесна и доброволна согласност од болниот.“
Значи, без „свесна и доброволна согласност“ на болниот, лекарот не смее да го почне лекувањето, затоа што ќе го прекрши кодексот.
Но, да видиме што вика новиот Закон за прекршоци:
„Задолжително лекување на алкохоличари и наркомани (лица со болести на зависности) - Член 24:
(1) На сторител на прекршок поради зависност од постојана употреба на алкохолни пијалаци, дроги и други психотропни супстанции кога постои опасност поради оваа зависност и натаму да врши прекршоци, судот може да му изрече задолжително лекување на алкохоличари и наркомани (лица со болести на зависности) амбулантно или во специјализирана установа.
(2) Ако сторителот без оправдана причина не се подложи на
задолжително амбулантно лекување на слобода или лекувањето го напушти самоволно, судот може да определи санкција на задолжително лекување на алкохоличари и наркомани која присилно се извршува во специјализирана установа.
(3) Присилното лекување во специјализирана установа може да трае најдолго две години.“
Значи, во случај „наркоманот“ (термин исфрлен од употреба од Светската здравствена организација) да не сака да се подложи на „задолжително лекување“ или го напушти самоволно лекувањето, тогаш лекувањето ќе биде извршено присилно.
Во случајов, Собранието изгласало законска одредба која ги принудува лекарите да го прекршуваат сопствениот кодекс кој забранува лекување без „свесна и доброволна согласност“ на болниот.
Ова е-mail адресата на Лекарската комора на Македонија (lkm@lkm.org.mk), а ова се адресите на Постојана анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот (panketnak@sobranie.mk) и на Народниот правобранител (skopje@ombudsman.mk).
Што мислите за идејата со една заедничка акција - пишување индивидуални мејлови до споменатите институции - да побараме од Собранието да донесе Закон за изменување на Законот за прекршоци, во кој ќе се избрише Член 24 од Законот за прекршоци, и ќе се исфрли стигматизирачкиот термин „наркоман“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
ништо нема со писма. ова мора преку медиуми.
А што мислиш, дали се лекува ″наркоманот″ или ″сторителот на прекршок″?
Зошто ги одминуваш во заклучоциве оние кои се зависници од алкохол, да речеме?
Зошто го одминуваш условот за судот во законот, кој гласи утврдување дека постои опасност поради зависноста и натаму да се вршат прекршоци?
Зошто ја одминуваш разликата помеѓу ″лекување″ и ″предвидени начини на лекување″?
И на крајот, дали би имал поинаков предлог за санкционирање на лицата кои извршиле било каков прекршок од причини што биле под дејство на алкохол или дрога, а за кои дополнително евентуално ќе се утврди дека систематски ги конзумираат истите, а не се работи за начукување у петок навечер да речеме?
Ги разбирам твоите либерални определби и благородни причини за заложба - затоа и те прашувам.
minative nekolku meseci gledav trojca lugje koi koga pola den bi bile strejt, znachi ni haj ni vo krizi, bi sfatile i samite deka pokraj toa sto sakaat da prestanat, deka treba toa da go napravat. ili nekoj da gi prisili(kako vo trainspotting, da gi zakluchi) ili soodvetstveno so svojata sovest. a za toa kje im treba povekje od pola strejt den, za da se osmelat da go napravat. a so 3/4 pakovki dnevno ne e vozmozhno...
do togash... den za den... a kolku ima, ne mi se veruva... isto kako porano samo shto sega site se krijat!
"zar je vazhno tko je kriv... kad se sve to desi..?"- vazhno e!!
Лекувањето не смее да биде присилно, ниту пак санкција.
И пушачите прават систематски прекршоци - што не им текне нив задолжително и присилно да ги лекуваат?
Доброволноста е основен принцип кога станува збор за здравствени третмани.
И уште нешто: Со сила убавина не бива!
Што се однесува до тоа кој е крив,кој е крив што има дрога на сивиот пазар? (Велам сив, а не црн, оти секој знае кај може да се купи дрога у чаршија). Нормално, крива е државата затоа што не ги спречила производителите и трговците на дрога.
vo eden moment, sostojbata e... nešto kako temporary insanity...
ili ne znam dali ima, a sigurno ima, nekoja patološka sostojba koga ne možeš samostalno da prosuduvaš. što.e.naj.za.tebe.com.mk
sve y svemy ovaka bi ja sumirala situacijata>>>
"Nevidljivi problemi sada znam i koji
Neko vam je stavio drogu u heroin
Zivci su mi kul, za sebe se ne bojim
Neko vam je stavio drogu u heroin "
:) SUPER e!
Пазете да не ви стават никотин у цигарите и алкохол у вотката!
Објави коментар