Се згазив од смеа читајќи го текстот од Форум - „Охрид како кнежество“, во кој „авторот“ (некојси „top secret“) нуди ѓоамити визија за Охрид како идна црковно-туристичка Мека:
„Во плановите стои и идејата за востановување на годишна награда за ширење на верска толеранција во светот, што би ја врачувал македонскиот архиепископ...“
Е, тука не можев да издржам. Да не пукнеш, ме насмеа!
Искрено ја поздравувам идејата и предлагам наградата за ширење на верска толеранција во светот што ќе ја доделува МПЦ да се вика „Јован Вранишковски“!
Има ли подобар начин да му покажеме на светот колку сме верски толерантни?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
6 коментари:
и да се одликуваат „расколници“
Одликовање - „Расколник од прв неред“ итн. :)
За секој награден и по еден примерок од „Злосторство и казна“.
Предложувам линк кон човекот-редар,
за којшто сметам дека е неопходно
да биде составен дел, барем од Комисијата,
којашто бездруго ќе биде формирана
да одлучува за одликувањата:
http://www.poa-info.org/frameset.php?l=mk&r=vesti
Vo istiot broj go zabelezav tekstot,Amfilohie sikter?Ne znam do koga ke trae frustracijata,a potiknata od ne znaenjeto na najosnovnite slucuvanja vo Pravoslavnata Crkva.Omraza so koja sigurno nema da gi zacvrsti poziciite na MPC,nitu na novinarot mu e griza za pozicijata vo koja se naogja Crkvata vo Makedonija...samo uste edna potvrda za getoto vo koj se sinodalcite.
Наградата може да се казва и "Кодът на да Винчи" ;-)
За среќа наша, поради пословичната неспособност и нечесност (и да има кој да се нафати да финансира такво “кнежевство“, а сигурно има и тоа се некои мутни типои шо се служат со шестари и остали геометриски направи, ’браќата’ ќе ги испокрадат парите, ќе направат нешо ко’бајаги за да замачкаат очи, а и тоа ќе остане недовршено... Така што таа мегаломанска идеја нема да успее, так нормално.
Него замислете си : Саи Баба е номиниран за наградата, а Стево Бојлер (или Стево Zepter, како обичате поише) му ја доделува :)
Објави коментар