Деновиве уживав во Охрид, без грижа на совест. Бев со бицикло до Пештани, шетав по плажи, пиев сокчиња по летни тераси, и навечер висев по интернет-кафеа (поштено да си признаам).
Во постот З'ш да не? наведов три нешта што ептен му фалат на Скопје:
1. Место-смирение како Канео.
2. Чист воздух што лоши мисли ветрее.
3. Бурек во 3 по полноќ.
Листата ја дополнувам со уште неколку работи за мерак:
4. Ѕвездено небо, очи да изгубиш.
5. Ѓомлезе, прсти да излижеш.
6. Разиграни деца со црвени обравчиња, со милина да ги гледаш.
7. Кеј, покрај езеро, за утрински и вечерни прошетки душа дава.
8. Луѓе што никаде не брзаат – полека, уживај малце!
9. Цреши, останав без думи.
10. Сончевина и блесок, зениците да ги исплакнеш.
Ај, доста е за сега, оти ако одма не прекинам, пак мисла ќе ме фркне за преселба.
Палам бициклото за Канео, ѕвезди да гледам!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Е признај сега дека на манастириве има некој посебен мир, кој не можеш да го доживееш на ниту едно друго место. :)
А ѓомлезето....остај, ептен ми недостига, треба да го има и тука во СК.
Леле морам да искоментирам за тоа под 8.
Јас сум охриѓанец, и после толку години сега пак се скрасив во Охрид. Како знаев дека сум стигнал дома? По тоа што морав да ја намалам брзината на 20 km/h низ град, бидејќи сите толку возат. Никој не брза во Охрид, луѓето се максимум опуштени, а ако малкуцка сонце се појави на небото, сите ставаат темни цвикери и одат да се попечат на плоштад, додека пијат кафенце 100 сати.
Ногу љубам да веслам.
Very cool design! Useful information. Go on!
search engine positioning secrets what is the best working weight loss pill baldness hair loss hair loss product baldness howt cpu processor on line ashly furniture house insurance home title insurance windjammer bare foot cruises puerto vallarta hotel
Very cool design! Useful information. Go on!
»
Објави коментар