Градот убав пак ќе никне - ко феникс!
Тоа е кармичката порака на грбот на општина Центар.
А која е пораката на грбот на општина Арачиново, на кој има сонце, пет жолти ѕвездички, два бели гулаба, цвеќе и фудбалска топка во средината на подножјето?
Сонцето, ѕвездичките, гулапчињата, цвеќето - можам некако да разберам. Се се тоа симболи на мирот и просперитетот препознатливи за ова поднебје.
Ама што симболизира фудбалската топка, и тоа на централно место во грбот: нема мир и просперитет без добар фудбал? Или, топката е тркалезна?
Кога сме кај симболите на градот Скопје, имам предлог за рамковно-спортско дополнување и на грбот на општина Центар: наместо едноглав - двоглав феникс, и две вкрстени безбол палки, што ќе ја симболизираат решителноста, непоколебливоста, и спортскиот дух на скопската полиција. (види Полицајци брутално натепале скопјанец)
Којзнае во што ли се реформира нашата полиција? Во јавен сервис на граѓаните или во „спортско“-акционерско друштво со неограничена неодговорност?
Фали уште министерот на полиција свечено дотеран како капитен на безбол-тимот јавно да демантира: „се се тоа шпекулации, а ние не работиме со шпекулации...“
Гледаме фино со што работите господине Џанго!
Се фалите дека сте го намалиле криминалитетот за 30%.
А колку притоа се зголеми криминалитетот на полицијата господине министре?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
Ууу, топката!!! Феноменално!!! Па ова ни во Бразил го нема:)
А за тоа дека е намален криминалот? Па може и така да се каже. Зашто кога криминалците ќе дојдат на власт се намалува уличниот криминал.
Ууу, топката!!! Феноменално!!! Па ова ни во Бразил го нема:)
А за тоа дека е намален криминалот? Па може и така да се каже. Зашто кога криминалците ќе дојдат на власт се намалува уличниот криминал.
„...кога криминалците ќе дојдат на власт се намалува уличниот криминал“
Да не пукнеш, ме насмеа.
Best regards from NY! Casino online apuestas 2000 course microsoft outlook training mcse study materials lamborghini dash backpacks sling Clark's shoes online Culinary schools san sebastian sapin microsoft exchange 2000 training course Fertility software Hl en q rhinoplasty btng google search
Објави коментар