Изборите се ближат. Легендарната тема „Пато“ се повеќе добива на популарност. По објавувањето на програмата на ВМРО-ДПМНЕ, во која се ветува изградба на неколку регионални патишта, и другите партии почнаа да мобилизираат граѓани на тема „пато“: „Демократска обнова на Македонија го поддржува барањето на граѓаните од Порече патот Скопје-Кула-Порече повторно да се отвори за јавен сообраќај.“ (Дневник)
Бидејќи и самиот потекнувам од тој крај, знам каква политичка реакција кај луѓето предизвикува самото споменување на „пато“. Поради пресекувањето на врските со полнењето на езерото „Козјак“, Порече е денес најодалечено место во Македонија од Скопје иако е географски блиску до Скопје колку и Велес.
Речиси целиот крај е иселен и повеќето села се испустени поради отсекувањето од Скопје. Ако им спомнеш „пато“, луѓето од Порече нема да почнат „трендовски“ да се кинат од смеа, туку во надеж ќе ги начулат ушите.
Парадоксално е тоа што со патот до Скопје поречани биле предизборно манипулирани уште од времето на Кралството на СХС. Некој кандидат за „посланик“ не само што ветил пат до Скопје, туку и ангажирал работници да го клесаат во карпите. Откако не го избрале, градењето на патот престанало, а делницата од неколку стотини метри перфектно исклесан пат сеуште стои како историски споменик на предизборната лековерност.
Минатата недела галопирав со моето бицикло по левата страна од Треска се до Матка. Едно од прашањата што ми се мотаа низ глава, додека минував низ ужасот од последната „делница“, е зошто нашите „покровители“ наместо уште еден крст на Водно, или уште една црква или џамија (малку ли ги има?), не спонзорираат, на пример, изградба на нов мост на Вардар или Треска, или велосипедска патека по левата страна на Вардар и Треска се до Езерце и бисерот Матка?
Замислете, од центарот на Скопје сте на Езерце или Матка за половина час со брз велосипед или ролерки - без ич да помирисате бензин!!!
Ете за кого ќе гласам!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
2 коментари:
да не глеаше чуму? имаше за порече.. брр.. језиво. скроз.
За жал, не сум гледал „Чуму“.
социјален хорор
Објави коментар