Само што ја пролистав политичката програма на „демохристијанската“ ВМРО-ДПМНЕ - „Преродба во 100 чекори“.
Прво нешто што ми падна в очи е дека во ниту еден наслов и поднаслов од програмата не се споменуваат изразите „демократија“, „човековите права“ и „владеењето на правото“ - клучните Копенхагенски критериуми за интегрирање во ЕУ.
Парадоксално е тоа што партијата ВМРО-ДПМНЕ, од една страна, декларативно изјавува дека најголемиот дел од нејзината агенда е Мислењето на Европската комисија од 9. ноември 2005 година („Тоа е приоритет број еден за Република Македонија“) а, од друга страна, за интеграцијата во ЕУ зборува само во едно потпоглавје. Замислете, на приоритетот број еден му е посветена дури една страничка, во која само површно се наведуваат некакви заложби, и во која се поставува сосем нереална цел - исполнување на потребните услови за да станеме полноправни членки на ЕУ до 2010 год.?!? Во програмата има повеќе простор отстапено за „Проекти во водостопанството“, отколку за „Интеграција во ЕУ“ каде што не се наведени никакви конкретни предлог-проекти.
Каде мислат да не носат новите македонски „преродбеници“ од ВМРО-ДПМНЕ со едната страничка за процесот на интеграција во ЕУ, без никаква потемелна разработка на темите „демократија“, „човекови права“ и „владеење на правото“?
Да не сакаат случајно да не вратат во Европа од 19 век, кога зборот „преродба“ на овие простори бил политички попопуларен од изразите „демократија“, „човекови права“ и „владеење на правото“?
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
Where did you find it? Interesting read Elli saab http://www.running-shoes-6.info/ferrari-635.html Umbau auf facelift scheinwerfer a3 http://www.mazda-truck.info/Ferrari365p2.html where to buy fioricet dodge ram 1500 sst specs calculation mortgage refinancing
Објави коментар