СДСМ ги промовираше своите „50 најзначајни остварувања“ од последниот мандат. Мал коментар само за првите десет „остварувања“:
1) Република Македонија стана кандидат за членство во Европската Унија
(Вистина, ама само на хартија, без надеж за скоро започнување преговори)
2) Целосно реализиран рамковeн договор
(Лага. Доволно е да се спомене само дека Рамковниот договор предвидува и мерки враќање на внатрешно раселените и за развој на подрачјата погодени од конфликтот. Нит враќање на сите, нит развој, нит бутур. Ниту пак рамковниот е релевантен правен акт. Плус и законот за полиција не го донесоа, а за правична застапеност уште леб треба да јадеме.)
3) Вратена безбедностa на државата и сигурноста на граѓаните
(Делумно вистина за безбедноста, а сигурноста допрва треба да се враќа. Ебати државата во која „Експлодира бомба во Скопје“ не е никаква вест.)
4) Успешно завршен процес на децентрализација.
(Лага. Процесот на децентрализација е сеуште во тек. За неуспешноста на локалните избори да не зборуваме.)
5) Започната либерализација на визниот режим
(Вистина. Ама какво ли само остварување! Започнале либерализација. Мижи Асан да ти баам. )
6) Воспоставени дипломатски односи со 114 земји под уставното име.
(Не ми се верува дека ова е дело на СДСМ од последниов мандат.)
7) Во Република Македонија нема странски воени мисии и Македонија самостојно ја гарантира својата безбедност
(Делумно вистина, ама затоа хараат агенти на ЦИА и странски војници со оружје в рака слободно си шетаат по пазари и плажи.)
8) Учество на Македонија во успешни мировни мисии во Ирак и Авганистан
(Лага. Какви бе „успешни мировни мисии“ кога таму сме дел од окупациските сили кои се во непрекината војна?)
9) Ефикасна, професионална Армија по НАТО стандарди
(Лага. Да беше ова вистина, ќе бевме веќе членки на НАТО.)
10) За првпат донесен закон за надворешни работи
(Вистина, ама мошне болна вистина за СДСМ кои беа главни кочничари за донесување на таков закон.)
На СДСМ под итно им треба „reality check“!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
4 коментари:
„Вратена безбедностa на државата и сигурноста на граѓаните“
„...кога криминалците ќе дојдат на власт се намалува уличниот криминал“
Пак истото. Всушност тоа најмногу и ме плаши. Кога сме ние на власт државата е безбедна и граѓаните сигурни.
А ако се смени власта-пукаме... (ова повеќе за коалициониот партнер на СДСМ)
Па мислете му ја...
Синдромот „ако не сме ние на власт - потоп“ е остаток од титоистичкиот менталитет. Тоталното поистоветување на избраните носители на одлуки со власта и државата е симптом за недостаток од елементарна демократска култура.
ја денес ја видов книгичкава и особен впечаток ми остави
„ПРИЗНАВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ПОД УСТАВНОТО ИМЕ ОД СТРАНА НА САД“
:)
сеа едвај чекам некое анти книгиче од опозицијата да видам, за 50 „лоши“ точки..
Keep up the good work » »
Објави коментар