За хуморот досега пишував неколку пати - за вицовите како форми на отпор и протест, за тоа дека кај нас хуморот е веќе забранет, за „анти-исламистичкиот“ хумор, за навредливиот и сексистички хумор, итн.
Во постот Зошто сум ЗА политичка коректност!, истакнав, меѓу другото, и „Затоа што во земја во која цути расизмот, ксенофобијата и религиозната нетолеранција, нема ништо полицемерно од легитимирањето на навредливиот и омаловажувачки говор како „слобода на изразувањето““.
Во денешно „Неделно Време“ објавени се три вица за „плавуши“ и четири вица за „Цигани“ во рубриката „Вицотека“. Вицовите се крајно навредливи и омаловажувачки. Се почувствував неверојатно навреден од „смислата за хумор“ на уредникот кој со објавувањето на вицовите не само што поттикнува негативни стереотипи и предрасуди, туку и омаловажувачки и дискриминаторски однос кон жените и припадниците на Ромската заедница.
Потсетувам уште еднаш на препораката на HRW околу случајот карикатури: „Општество изградено на слободата на изразување и вредностите на жестока дебата би требало, секогаш кога е можно, да го пресретнува навредливиот говор со повеќе говор - со денунцијации, приговори, објаснувања - наместо со цензура од името на јавната безбедност.“
Главниот уредник на „Неделно време“ во повеќе наврати укажувал и реагирал против ниските стандарди на новинарството во Македонија. Се надевам дека редакцијата на „Неделно време“ ќе придонесе за подигнување на новинарските стандарди со тоа што ќе им се извини на читателите и ќе престане да објавува навредлив и омаловажувачки хумор. Оти слободата на изразување подразбира и почит кон човековото достоинство и заштитата на угледот и правата на другите.
Се надевам дека и блогерите на дело ќе покажат дека манифестирањето на „смисла за хумор“ не мора да подразбира навредлив и омаловажувачки однос кон никого.
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
1 коментари:
Very cool design! Useful information. Go on! »
Објави коментар