одам никаде, од никаде се враќам,
демнат секаде, патишта и беспаќа.
„кај и да одиш, таму си!“ - запамети!
„кој и да си, ќе бидеш ти!“ - заборави!
сегде небо, сонце, иста земја, вода,
сал малку надеж, и желби сами одат,
далеч од дома, јадри сирени пејат,
затињам уши - богови ми се смејат...
„зар битно е до каде ќе стасаш? дали
те познава некој, дома штом ќе стапиш?
и сам знаеш, за спас шансите се мали.
дојди само, немој залудно да патиш.“
од гласот твој нежен, незаситна жено,
токму од него бегам, итра сирено,
или од себе? мами ветрот северен.
јас не сум јас, ако не сум (из)неверен?
Итака - натаму! јас наваму бродам
богови алчни! среќата е на пол пат.
кренете едра, време е да си одам,
другари верни, поверни од Пенелопа!
Чипирање - чипиани идиоти ...
-
Пеоцесот на чипирање е одамна започнат. На чипирање сме осудени кога вадиме
било кој личен документ кој мора да го носиме со себе - лична карта, пасош,
к...
Пред 3 години
7 коментари:
јас не сум јас, ако не сум (из)неверен?
Одлично!
да, да, и одлично и многу точно!
ме претрка со коментаров...
јас не сум јас, ако не сум (из)неверен?
јас не сум јас, ако не сум?
јас не сум јас?
јас не сум?
јас?
(мала его-трип шала :)
задњиве две поезии се убитачни. се разбуди уметничката душа во тебе. мада и ова легислативава и политиката убао ги тераш.
„другари верни, поверни од Пенелопа!“ - ???
Оти биле со него или?
или. :)
Best regards from NY! xtreme catch-all floor mats kitchen back splash designs http://www.mistletoe-as-a-treatment-for-cancer.info/countrykitchenclock.html Volvo v40 repair cd best car gps thirlemere pine + kitchen Southwestern style kitchens Bose stereo nissan altima
Објави коментар