Нешто сосема ново!

5/19/2006

Еве скица на мојот предлог за надминување на постоечките спорови на Република Македонија со Република Грција и со Република Бугарија.
Република Македонија (Republic of Macedonia) прифаќа промена на уставното име во Република Нова Македонија (Republic of New Macedonia) ако и само ако Република Грција (Hellenic Republic) го промени уставното име во Република Нова Грција (New Hellenic Republic), и Република Бугарија (Republic of Bulgaria) го промени уставното име во Република Нова Бугарија (Republic of New Bulgaria).
Симултаната промена на имињата на трите држави ќе овозможи повеќекратни предности кои ќе придонесат како за внатрешно стабилизирање на сите три држави, така и за регионалната стабилност и интеграција:
1) Новите имиња на државите ќе овозможат простор за креирање на нови национални идентитети (Новомакедонци, Новогрци, Новобугари) како решение за долгорочно разрешување на непродуктивните конфликти помеѓу етничките идентитети во рамките на секоја од овие три држави. Имено, секој припадник на национално малцинство во рамките на овие три држави ќе може да го изрази својот „новонационален“ идентитет, кој ќе се разликува од етничкиот идентитет на мнозинството. На пример, етничките Албанци, Турци, Роми, Власи, Срби, Бошњаци итн. во Република Нова Македонија ќе можат да се нарекуваат Новомакедонци со што ќе се разликуваат од етничките Македонци кои исто така ќе добијат простор за изразување на својот национален идентитет кој ќе се разликува од етничкиот идентитет. Етничките Албанци, Турци, Македонци, Бугари, Роми итн. во Република Нова Грција ќе можат да се нарекуваат Новогрци со што ќе се разликуваат од етничките Грци кои исто така ќе добијат простор за изразување на својот национален идентитет кој ќе се разликува од етничкиот идентитет. Етничките Турци, Роми, Македонци итн. во Република Нова Бугарија ќе можат да се нарекуваат Новобугари со што ќе се разликуваат од етничките Бугари кои исто така ќе добијат простор за изразување на својот национален идентитет кој ќе се разликува од етничкиот идентитет.
2) Новите имиња на државите ќе создадат политичка клима за развој на толерантниот граѓански национализам за сметка на исклучивиот етно-национализам кој промовира хегемонистички менталитет и предизвикува регионални конфликти.
3) Новите имиња и новите национални/државни идентитети ќе овозможат развој на нови национални културни политики кои нема да се потпираат на хегемонистичко присвојување на историјата. Република Нова Македонија ќе нема ексклузивно право на присвојување на историјата на Античка Македонија, исто како што Република Нова Грција ќе нема ексклузивно право на присвојување на историјата на Античка Грција, исто како што Република Нова Бугарија ќе нема ексклузивно право на присвојување на историјата на Средновековна Бугарија.
4) Новата политика на идентитети ќе ги поттикне процесите на национална/граѓанска хомогенизација и ќе овозможи негување на нов патриотски дух кој ќе се темели на инклузивниот граѓански идентитет, наместо на исклучивите етнички идентитети кои ја претпочитаат етничката заедница наместо политичката заедница.
5) Новите имиња, новите национални/државни идентитети, и новите национални културни политики ќе овозможат процес на регионално економско и културно интегрирање што ќе овозможи побрз развој на секоја од трите држави и на регионот во целина.

Пред да ме прогласите за „национален предавник“, добро размислете за вашите концепти на „нација“, „национален“, „патриот“. Можете ли да му го одземете правото да биде патриот на некој што се родил, живее и придонесува за оваа земја, а кој го претпочита националниот идентитет наместо етничкиот, и кој размислува за општото добро на политичката заедница, наместо само за колективното добро на сопствената етничка заедница?

9 коментари:

Комитата рече...

Много интересна идея!
Може да се помисли и за следваща стъпка.. Федерация Нови Балкани

Shepard рече...

:)))))))

GoodBytes рече...

Јас не би застанал зад оваа идеја ни на шега. Не верувам дека нешто ќе реши, напротив.

Пред да се размислува кај нас за евентуална промена на нашето име, треба прво да се докаже дека мораме да го промениме името (вага, со тасови „добиваме“ и „губиме“), а потоа АКО има логика да се менува, тоа да оди на референдум. Никој нема право да решава за мене како ќе се нарекувам, најмалку политичар кој сам се ставил на тронот со фалсификувани гласови.

Единствено што би прифатил е билатерално име со Грција. Ќе си се викаме во меѓусебната комуникација „Гнаси“ и „Ѓубриња“.

Unknown рече...

Искрено, и јас не верувам дека оваа идеја е остварлива, барем не во догледен период.
Сакав само да покажам колку се бесмислени споровите со Грција и Бугарија доколку се примени принципот на реципроцитет.
Затоа, мислам дека идејата е интересна како противаргумент и дека би можеле да ја користиме како наш предлог во „преговорите“.

GoodBytes рече...

Затоа, мислам дека идејата е интересна како противаргумент и дека би можеле да ја користиме како наш предлог во „преговорите“.

Секако, интересна поента во логичка дискусија се добива ако ги превртиш тезите на противникот, пласирајќи му ги истите назад. Само, јас се сомневам дека има некој кој НАВИСТИНА не сфаќа што е посреди. Или, со други зборови, ако не беше вистината на наша страна (вистината е 1. дека е наше фундаментално право да се нарекуваме како што сакаме и 2. дека Грција нема ексклузивитет врз дел од светското културно наследство, настрана сите други докажувања и историски „факти“), ние одамна ќе ја изгубевме битката со Грција, имајќи ги во предвид нивните дипломатски тешки артилерии.

GoodBytes рече...

Не знам дали читаш Багра, еве нешто што постирав таму на мојот блог:

Грција, човековите права и Македонија

Анонимен рече...

I have been looking for sites like this for a long time. Thank you!
» »

Анонимен рече...

idejata e prekrasna ,interesna i mnogu e soodvetna na momentalnata sostojba so imeto nase.Tocno odgovara kako protiv udar za Grcite i bugarite vo nivnoto negiranje za naseto postoenje ,ime jazik i se sto e makedonsko.
Dobar protivargument za idni pregovori..
Blaga -makedonija

Анонимен рече...

„мислам дека идејата е интересна како противаргумент и дека ...“
А чуму ни е аргумент во спор во којшто не се користат аргументи?
Значи, идејата најмногу може да ти биде духовите и да се насмее тој кому му е смешна.
:-)

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week