Насилството е показател за нееднаквост!

5/22/2006

Оксиморон, во коментарите кај Баждарџијата храбро изјавува: „Ја не се согласувам дека жените немаат доволно права. Имаат и повеќе од мажите. Сал не се свесни за тоа...“
Значи ли тоа дека мажите имаат помалку права, сал не се свесни за тоа, кутрите?
Оксиморон напиша и посебен пост за правата на жените, во кој претпоставува дека жените издејствувале рамноправност, ама дека не се „задоволиле“ па сега сакаат уште. Еве мал извадок од нејзините коментари:
„Сакам, бре, што сум жена! Не се чувствувам обесправено на ниедно поле, нити дискриминирано на некој начин. Ги имам сите права кои ми се потребни. Но, си го сакам правото да си бидам жена. Право на женственост.“
Стварно не разбирам у што е штосот - зарем оние жени што се борат за права не го сакаат тоа што се жени? Зарем тие го негираат правото на женственост?
Што друго вели Оксиморон: „Паметните и вешти жени успеваат секаде. Оние кои ги немаат тие особености - се вадат на полова застапеност.“
Демек, ако се залагаш или „вадиш“ на „полова застапеност“ не си паметна и вешта жена? Дали истото важи и за оние кои се залагаат за правична застапеност?
За поздравување е што некои жени се чувствуваат рамноправни со мажите. За жал, она што ним им недостига е увид во состојбите и аргументите на другите жени (и понекој маж) кои и покрај декларираната „рамноправност“ на хартија, во стварноста не можат да констатираат полова/родова еднаквост. Еве некои официјални бројки од кои боли глава:
Според
МВР, како жртви на семејно насилство најчесто се јавуваат сопруги, а како сторители се најчесто мажи: „Во врска со регистрираните осум кривични дела „тешка телесна повреда“, сите сторители се лица од машки пол. Во четири случаи се извршени над сопруги, во три случаи жртви се родители, а во еден случај оштетена е вонбрачна сопруга.“
Статистиките за семејното насилство (првите три месеци од 2006) се шокантни:
„Во текот на првите три месеци од оваа година, во врска со семејното насилство се регистрирани 76 (46) кривични дела, 232 (295) прекршоци, а постапувано е и по 726 (714) поплаки. Споредено со истиот период од минатата година, кривичните дела бележат зголемување за 65,2%...“
Само во Скопје во првите три месеци од годината се поднесени 232 поплаки од кои 198 против машки сторители (85%) (
Семејно насилство I-во тромесечие 2006 година Скопје).
Од регистрираните жртви на трговија со луѓе заради сексуална експлоатација, 99,73% од жртвите се жени (според статистиката на ИОМ).
Што се однесува до „рамноправноста“ кога станува збор за силувањето, ви го препорачувам следниов пост
Od lijepa nasha.
Може ли да се зборува за полова/родова еднаквост кај нас во случаи кога статистиките за насилство укажуваат дека многу поголем процент од жртвите се жени, а многу поголем процент од сторителите се мажи?
Правото да се биде слободен од секаков вид насилство е човеково право, и право на секој жена. Дали и жените жртви на насилство од страна на мажите не се чувствуваат рамноправни затоа што не биле „паметни и вешти жени“?

6 коментари:

HAEMUS рече...

Секој жена (тука мислам и на секој човек воопшто), тоа што го мисли во себе за самата себе, тоа ќе и се отслика во реалноста.
Кривицата е во самите луѓе и нивните одлуки. Конкретно за насилството.
Ако имаш некоја навика, тогаш запрашај се зошто таа служи? Што се добива со неа? А што ќе се случи ако се ослободи од неа?
Често слушам како луѓето зборат:,,Абе животот би ми бил подобар, ако.."
Епа тоа ако е решение на целиот проблем. Значи проблемот е внатре во менталниот склоп. Ако веруваш дека можеш подобро зошто тоа не го сториш ЖЕНО?
Зошто веруваш дека не заслужуваш подобар живот?

Анонимен рече...

Ух,ѕх...ама си ме подбрал, бре!
Знаев дека тој пост ќе ми се удри од глава као бумеранг :)
Ама, ај....да образложам зошто бев цинична и саркастична во наведениот пост за правата на жените.

Убаво кажуваш ти - има семејно насилство, има силувања и предрасуди за способностите на жените. Но ај да ги погледнеме и од друга страна тие појави.

-Насилство.
Статистиките од МВР кои ги приложуваш се факти, но не говорат за немање на права туку за КРШЕЊЕ НА ТИЕ ПРАВА. Тие статистики се показател за % на психички неоформени луѓе кои во недостаток(и неспособност за) на рационални резони се служат со насилни методи. Биолошки мажот е креиран како физички посилен од жената. Но тоа не му дава за право таа физичка надмоќ да ја демонстрира со насилство врз послабите. Тоа право самите си го земаат луѓето кои имаат насилнички код во себе и е насочено не само кон жената туку кон сите во својата околина. Насилниците се насилници во скоро сите ситуации каде доаѓа до израз нивната интелектуална немоќ. Физичката насилност укажува на психичка слабост. Тоа што оваа појава е најчесто насочена кон жените не значи дека тие немаат права како сите, туку постојат злосторници кои ги кршат истите. Следуваат и законски санкции за прекршителите. Исто како и за сите кои ги прекршуваат сите човекови права. Човекови, не женски права.
Не велам дека некој не може да ме нападне физички. Може. И ќе ме повреди тоа многу. И физички и психички. Но, нема да сметам дека со тоа ми се повредени правата како жена, дека сум полово дискриминирана или обесправена. Ќе сметам дека врз мене е извршен криминален акт. И ќе дејствувам следствено на тоа-ќе ги третирам насилниците како криминалци и истите ќе ги почувствуваат сите правни механизми кои следуваат за таквата повреда на правата на човекот. На човекот, не само на жената. Оти, која е разликата ако физички ме нападне жена, а не маж?! Дали и тогаш сум дискриминирана?!

-Предрасудите.

Е, кон ова ми беше насочен сарказмот во постот. Потребно е рушење на предрасудите дека жените мораат да бараат права, дека ако не ги бараат - ќе ги немаат. Правата не се определени со полот, туку тоа се човекови права за сите, без оглед на пол, вера или сексуална припадност. Сакајќи да ги рушат бариерите од предрасуди, жените во повеќето случаи се користат со екстремни, дури искарикирани начини. Бараат права дури и таму кај што не им се скратени и со тоа самите се ставаат во подредена позиција. Тоа е она што мене ме иритира. Наместо да се делува како рамноправен во секој поглед и на секој обид за дискриминирање да се реагира како на криминално дејство насочено против човековите права - тие упорно пропагираат полова застапеност, полова припадност. Па фештите околу прославата на 8ми март, па демонстрирањето на машки манири.....признај дека има простор за сарказам и цинизам тука. :)

-Силување.
Е, ова е сосем друга приказна. Го видов постот на Исток(лепа наша) и навистина отсликува една реална ситуација за влијанието на ПРЕДРАСУДИТЕ во секојдневието. Многу добар пример е тоа.
За мене силувачите се сосем друга категорија на луѓе. Нив ги ставам заедно со педофилите и манијакалните убијци. Најлош тип на криминалци. Тоа се изопачени, психички пореметени луѓе кои својата фрустрираност поради немоќ, неспособност и лично незадоволство од самите себа - ја проектираат преку сексуално злоставување и манијакално изживување врз физички послабите од себе. Злосторници.
Знам дека ти се залагаш против смртната казна, но не дај боже, некоја ваква изопачена креатура да ја повреди ќерка ми - мене воопшто нема да ми биде важно дали има или нема смртна казна. Би ја спровела веднаш. Па, ти после пиши дека тоа не е во ред ;)

Фројд. рече...

Доколку навлагаме у дијалектичко - демагошки расправи, оксиморон е у право. Да, жените ги имаат истите права како и мажите (иако мене повеќе ми се допаѓа тезата „Мажите ги имаат истите право како и жените“). Тоа е нели, теоријата 4С (сите, секогаш, секаде и секому).
Но реалноста е многу поинаква. Тука станува збор за почитување, уважување и функционирање на ползувањето од употребата на човекови права (ај сеа некој нека ме разбере).
Поентата е дека семантиката не е мерило за тоа колку во една држава се почитувани човековите права генерално, и правата на жените последователно. За кои права на жените се говори кога се знае дека пред воведувањето на квотите жените беа присутни со 4,2% (1990) 3,3% (1994) и 6,6 (1998) во Собранието? Можно ли е само мажите да ја поседуваат интелигенцијата/способноста да бидат пратеници?

Unknown рече...

Да се надоврзам на прашањето „Можно ли е само мажите да ја поседуваат интелигенцијата/способноста да бидат пратеници?“
Можно ли е само 4% од жените сега да се интелигентни и способни за да бидат градоначалнички? (пред тоа, ако не се лажам, беа 0%)
За да ја согледаме родовата нееднаквост потребна ни е родова анализа, односно согледување на статистичките показатели од родова перспектива.
Сексуалното насилство е дефинитивно родово-чувствителен проблем, и ако гледаме со родово-неутрални очила на домашното насилство, на трговијата со луѓе, на силувањето и сексуалното вознемирување, тогаш ќе видиме дека не станува збор за „психички неоформени луѓе кои во недостаток(и неспособност за) на рационални резони се служат со насилни методи“, туку за насилство кое произлегува од самиот патријархален систем кој се потпира на механизми на дискриминација врз основа на пол/род. Станува збор за процеси на ускратување/оневозможување на нечии права врз основа на пол/род, за процеси на маргинализирање и исклучување на жената од јавниот и политичкиот живот, за традиционални практики на омаловажување на жените и за промовирање на такви традиционални правила на игра со кои се премолчува и маргинализира проблемот на насилството врз жените и другите форми на дискриминација врз жените.
Се извинувам ако малку го тупам, ама не ми е јасно зошто има таков отпор кон квотите и афирмативната акција, особено кога бројките уверливо посочуваат дека „рамноправноста“ (на хартија) не вродува со еднаквост (во практиката).
Ако заборуваме за демократско општество de facto, тогаш треба да воспоставиме и родова еднаквост de facto, и затоа ги подржувам сите форми кои придонесуваат за поголема еднаквост.
Многу човечки суштества се дискриминирани (не можат да ги уживаат своите човекови права) затоа што се жени.
Што има толку чудно во тоа жените бараат елиминација на дискриминацијата и воспоставување еднаквост како жени?
Правата на жените се човекови права, не станува збор за никакви посебни права.

Анонимен рече...

What a great site Mobile phone no credit check milf pov 2 philips coffee maker instructions veronica milf Sex slave suits smallest laptops email only Volkswagen commercial polo bomber 04 body kit mustang milfs in underwear milf milf fucks Fast cash that is approved by bbb infiniti j30

Анонимен рече...

That's a great story. Waiting for more. »

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week