Кафкијански пост

5/11/2006

На некои вести денеска (на Сител ли беше?) го гледам Трифун како дава изјава дека новиот „Кермес“ ќе изгледал ко замок!
Вуна, брате, стануваш неверојатно сомнителен откако напиша дека шибаме накај средновековие:

„Кметови и закрепостени селани.
Една од најважните реформи во структурата на населението во минатиов период беше издвојувањето и
отскокнувањето на неколку богаташи, кои како вешти земјопоседници успеаја да создадат огромни феуди на кои им р'мбаат вазалите. Долго време се мислеше дека тоа е некој навидум капиталистички облик, но властите јасно ни ставија на знаење дека се работи за исклучиво феудално уредување, бидејќи во капитализмот постојат одредени закони и правила што се запазуваат, додека во нашиот систем господарите сами си ги пишуваат и спроведуваат законите и се над државната власт.“
Ај да ги видам сега тие што тврдеа дека нашиот градски кмет е капиталист!
Чоекот си гради замок среде град. И ич закон не го бие!

3 коментари:

Shepard рече...

па така е. оди само малце по илинденска, накај александар палас, да видиш покрај електро и фду, кај авто сервисот, никна цел град..

а и златна „столева ливада“, у младост коа маавме фудбал.. зградетини (и наводно сите без дозвола).

да не збориме со царините и некои други сфери. :)

Анонимен рече...

За аферата Кермес немате доволно информации од аспект на Заштита на спомениците на културата или Заштита на културно добро.Заради тоа и двата поста не ви се издржани, освен ако имате нешто лично...можеби нешто интимно со бившата кафеана, не навлегувам во тоа.
Објективно е следното:на имателот на објектот надлежната институција е обврзана да му достави документ за своиството на објектот,доколку е под заштита(или постапка).Тоа е решение за своиство споменик на културата или по новиот закон културно добро во кое се определува категорија,режим на заштита,услови за користење и тн.На имателот мора да му се достави тој документ заради неговите права и обврски. Купувачот исто така треба да знае за тој документ, инаку би бил доведен во заблуда.
Таков документ не постои во централниот регистер,таков документ не му е доставен на имателот, ниту пак документ за привремена заштита.Вопшто не е релевантно дали надлешната институција отпочнала некои постапки, кои патем речено не се спроведени по законска процедура.
Дали Кермес имаше споменички своиства во моментот на рушење, е дикутабилно прашање.

Само заради споредба ќе ве информирам дека објекти со споменички своиства и со решенија ден денес се рушат и девастираат низ цела Македонија. Во Охрид од 1960г. до 1998г. се срушени толку голем број староградски куќи за да се изградат нови,такашто староградскиот амбиент е променет за повеќе од 70%.Во Кратово останати се само некоку староградски куќи.Во Велес исто така. Во Ресен пред некоја година ја срушија куќата на Татаечев.Скопската чаршија,Маџир маало,Ново Маало,Чаир,Пајкомаало и тн.Да не зборуваме за селската архитектура која е целосно уништена.
Примерите е невозможно овде да се изнесат.Но морам да ви кажам уште еден пример кој најдобро илустрира.Еден мој пријател купи куќа близу градскиот парк која беше споменик на кутурата со уредно решение заведено во централниот регистер.Ја сруши и изгради нова пред пет години.И што се случи.Ништо,никој не поставил прашање.Значи многу е симптоматично зошто се прави разлика помеѓу едниот и другиот граѓанин.Аферата е подигната од некои други причини и има некоја непријатна миризба.
А Кермес прво е колонијална архитектура и неможе да се спореди со автохтоната изворна архитектура,со охридска куќа,со кратовска,со крушевска и тн.Тие претрпеа најголемо девастирање,а целата колонијална архитектура стои нечепната, освен кермес и Зебрњак ми се чини.
PS.Целта ми беше само да информирам,а ако сте заинтересирани за проблематиката - Заштита,ви стојам на располагање.
http://korab.wordpress.com

Анонимен рече...

This is very interesting site... » »

Мојот список со блогови

>> <<

Text

Archive

Recent Post

Архива на блогот

Footer Widget 1

Footer Widget 3

Blogger Tricks

Blogger Themes

Catwidget4

Букефалистички парадокси: Филип („љубител на коњи“) стана воин без коњ.

Comments

topads

Footer Widget 2

Популарни објави

Популарни објави

Popular Posts this month

Popular Posts this week